- ќе отворев блог под псевдоним и ќе ги изнесував сите шпекулативни или со факти поткрепени сознанија, за матните зделки на актуелната или било која претходна власт;
- ќе престанев јавно да се омаловажувам, барајќи од човек, партија или маса да ми даде право да си ја работам работата;
- ќе зборував помалку, ќе читав и ќе размислував повеќе и ќе го планирав секој свој јавен настап, не дозволувајќи да заврши без да ја поттикне публика на размислување;
- ќе се борев за вистината по секоја цена, но не на ранлив начин;
- ќе ѝ станев клевета, на клеветата;
- ќе имав личен интегритет и ќе ги правев ситните души на политичарите да треперат од страв, секој пат кога ќе имав нешто да ги прашам;
- ќе престанев да се занимавам со поединци и ќе размислував за движења, за глобални поместувања, за големи промени;
- ќе заборавев на ситни профити, поткуп и пишување спонзорирани написи;
- сè почесто ќе кажував не;
Да бев новинар во Македонија…
- 25 јануари 2012 год.
- 2 Коментари
- Македонија, политика
Административни сцени во МВР, 11.1.2012 г.
Еден обичен ден во МВР. Гужва, нетрпение, некултура и нервоза.
Во ходниот пред собата за забрани - собата 28 - стои шеесет и неколку годишен маж и се плетка во нозете. Дали да тргне и да замине или да му се обрати некому и да постави прашање. Очигледно нешто не му е јасно и не знае што да прави. Има некоја борба во него, што му се чита од лицето. Шета напред. Шета назад. Шета во круг. Шета секако.
И додека расте тензијата во него и ходникот полека се полни со гласовите на административците што надоаѓаат, брзајќи доаѓа еден административец.
Човекот нерешително, дури уплашено - речиси како да треба да го моли - му пристапува велејќи:
– Извинете, може едно прашање?
Административецот не подзастанувајќи, не оставајќи време да му се насети мирисот, дрско и отсечно вели:
– Не може! - и ја треснува вратата пред ликот на чичкото.
***
На влезот пред собата 28 е гужва и нема простор да се помине. Тоа го забележува една административка од постарата генерација и решително им се обраќа на „странките“.
– Каде сте застанале? Да не може човек да влезе! Да не може да помине! Ајде, излезете во ходникот. Застанете тука! - и покажува со прстот кон просторот пред влезот во ходникот.
Едно храбро момче, видно револтирано ѝ се обраќа:
– Како да не! Каде сакаме ќе стоиме. Вие ќе ни кажете каде да стоиме. Наше право си е каде ќе стоиме и Вие ништо не можете во врска со тоа. Плус, влезот за собата 28 е овде, а не во ходникот!
Административката, чудејќи се, со празен филчан в раце заминува, велејќи:
– Бог да чува!!!
Поминуваат извесно време. Административката поминува уште неколку пати, упатувајќи чудни погледи и конечно се враќа со цела редица „странки“ зад неа. Па, во возбуда, обраќајќи ѝ се на една од странките вели:
– Еее... ние, знаеш, колку странки вака си примаме од позади. О, хо, хооо...
***
Пред собата 28, сè уште е гужва. Пред само неколку моменти, преку ред, бесрамно, влегоа неколку лица со еден административец во сина блуза. Како никој пред нив да не чека! Како да се тие на ред!
Луѓето што повеќе од еден час чекаа пред вратата, на неколку пати имаа можност да ѕирнат во внатрешноста на фамозната соба за забрани. Целата е облепена со гигантски постери од Тоше Проески - на кои пишува „Тоше, те сакаме!“ - како соба на средношколка, а по големината на просторот e мала. Собата 28 има врата со расипана дршка и тешко се отвора.
***
По извесно време, излегува административката од 28 и за момент може да се види дека, сега, административецот во сина блуза работи на нејзиниот компјутер, а на столчето за сликање седи господин во црн капут. Од десната страна стои, веројатно, неговата придружничка, облечена во зелен костум.
Во ходникот, во разговор со некое лице што не се гледа, службеничката слободно вели:
– Имам некои VIP луѓе, па чекам да завршат. - притоа, воопшто не внимавајќи на тоа дека *обичните* луѓе ја слушаат.
***
Во ходникот пред собата 28, разговараат луѓето што чекаат и еден од присутните ја објаснува процедурата за запишување на забрана на новите (пластични) возачки дозволи.
– Нема врска дали си добил покана да ја предадеш возачката или не. За да ти ја земат, мораш да поднесеш барање за нова возачка дозвола. Исто ти е, како да си вадиш нова возачка дозвола, само што не се сликаш во 6А/6Б. Си ги плаќаш трите уплатници со суми од 280, 110 и 100 денари, си пополнуваш барање за возачка дозвола и пријава за возачка книшка. Плус, ти требаат две слики за возачката книшка, а треба да ја предадеш и старата возачка книшка. Демек, не можеле да ја пишат забраната на пластичната возачка и затоа морале да прават нова. И све на мој трошок. Лопови!
Друг, се надоврзува:
– Да! Ако имаш од старите возачки процедурата не е таква. Само печат ти ставаат и толку. И ти ја пишува забраната.
***
Од некаде, во ходникот доаѓа млада административка со своето дете. Мислиш, градинка.
Детето се движи несмасно. Мајка му го припазува. Тоа, оди од врата на врата, посегнува по дршките. А мајка му, така, површно загрижена, само вели:
– Не, мама, таму. Не, мама, таму. Ајде ќе одиме кај тетка... - и влегуваат во една од просториите.
- 13 јануари 2012 год.
- Нема коментари
- Македонија, политика
Забрзајте го WordPress со неколку константи
Анализирајќи ги достапните константи во WordPress открив неколку, што значително влијаат на брзината со која WordPress работи. Па, да споделам...
COMPRESS_CSS
„COMPRESS_CSS“ го овозможува (true) или го оневозможува (false) компресирањето на каскадните стилови (CSS) пред да бидат испратени до клиентот.
COMPRESS_SCRIPTS
„COMPRESS_SCRIPTS“ го овозможува (true) или го оневозможува (false) компресирањето на скриптите (JS) пред да бидат испратени до клиентот.
CONCATENATE_SCRIPTS
„CONCATENATE_SCRIPTS“ го овозможува (true) или го оневозможува (false) спојувањето на каскадните стилови (CSS) и скриптите (JS), во еден пакет, пред да бидат компресирани.
ENFORCE_GZIP
„ENFORCE_GZIP“ овозможува (true) или оневозможува (false) GZIP-компресија на датотеките што се кешираат.
SAVEQUERIES
„SAVEQUERIES“ овозможува (true) или оневозможува (false) чување на кверињата од базата во $wpdb->queries, со цел поедноставно поправање на потенцијални грешки - читај дебагирање. Корисно за веб-сајтови на кои се работи во развојна околина, но непотребно на јавни.
За да ги поставите овие константи, отворете го „wp-config.php“ - сместен во коренот на директориумот на WordPress - и вметнете ги следните вредности.
- 12 јануари 2012 год.
- Нема коментари
- MK GNU/Linux планета, WordPress
Промена на RSS на MK GNU/Linux планета
Отсега па натаму, на Планетава, нема да се појавуваат сите записи од мојот блог, туку единствено оние од категоријата „MK GNU/Linux планета“.
Ако ме следите преку македонската GNU/Linux планета, отсега всушност ќе следите само дел од содржините на блогот или само оние што се собрани во каналот:
http://pablisher.nicer2.com/category/mk-gnu-linux-планета/feed/
Ако сакате да ги следите сите содржини, тие остануваат достапни преку каналот:
http://pablisher.nicer2.com/feed/
Фала, Глиша!
- 10 јануари 2012 год.
- Нема коментари
- MK GNU/Linux планета, настани







