Просто неверојатно! Истите медиуми што деноноќно чекаат сензации и скандали за да ги филуваат за свои потреби, одеднаш решаваат да молчат и да не известуваат за потенцијално убиство?!

Алфи, Даниел, убиство, избори, полиција, медиуми...

Фото: Радио Слободна Европа

Курир, МТВ, Сител, Канал 5… заспавте?!

Дејствувањето на политичките партии не завршува ден после изборите. Каде е сега борбата за слобода, соборувањето на режимот, „уривањето“ на диктаторот? Или одеднаш сите се ослободени од одговорност додека да се формира новата македонска влада?!

СДСМ, ЛДП, Нова Демократија, ДУИ, ДОМ, ПДП, OM… што не викате сега?

Ако и ова се заборави за три дена и се потисне со спектакуларни апсења, ќе биде сосема јасно дека некој, некого сака да заштити. А причините за насилство, од ден на ден, стануваат сѐ побесмислени.