После многубројните предлог-дизајни и консултации, најголем дел од членовите на хаклабот КИКА одлучија предлогот 3-2, да биде официјално лого на хаклабот. Па, еве го официјалното лого на КИКА – во SVG-формат – достапно под лиценцата Creative Commons НаведиИзвор-СподелиПодИстиУслови 3.0 Unported (CC BY-SA 3.0). Преземањето е достапно преку мојот профил на Dropbox, но добро би било, [...]
написи : дизајн : RSS
Приказ на написи по хронолошки редослед.
Предлог-симбол за скопскиот хаклаб КИКА
Првин твитнав, па подоцна се сетив дека можеби посоодветно ќе беше да пишам напис… Денес во „Песната стопан нема“, Игор и Арангел спомнаа дека ќе правеле некои стикери за КИКА и дека е потребно да се изработи официјално лого за хаклабот. Подолу е симболот што го предлагам јас, инаку инспириран од симболот на Helsinki Hacklab. [...]
- 26 февруари 2012 год.
- 15 Коментари
- MK GNU/Linux планета, дизајн
Гласам за балонче: постер за конкурсот „Зошто гласам?“
„Гласам за балонче“ е мојот постер за конкурсот „Зошто гласам?“. Ако ви се допаѓа, би ви бил многу благодарен доколку гласате за него со „лајк“ на Facebook. Задолжително погледнете ги и другите дизајни, зашто има навистина интересни идеи. Но, има и такви што се заникаде. Вообичаено за гласање спроведено преку Facebook, некои од тие дизајни [...]
- 22 мај 2011 год.
- Нема коментари
- дизајн, Македонија
Unity, Ubuntu, GNOME 3, Fedora
Мислам дека Canonical многу ја зафркна работата со Unity. Кога се работи за промени на корисничкиот интерфејс, мора да се избегнуваат радикални чекори и мора да се овозможи што е можно помазно преминување кон нова околина. Сметам дека Unity го оддалечува Ubuntu од „мејнстримот“. Доколку планирате да ја надградите вашата дистрибуција на 11.04, имајте го [...]
- 13 мај 2011 год.
- Нема коментари
- GNU/Linux, дизајн
Бизнис на македонски начин со „Message“
Работењето со маркетинг-агенции има свои предности и маани. Една од предностите е дека, како самостоен дизајнер, вие нема да треба да се грижите за комуникацијата со крајниот клиент и дека тоа ќе ѝ биде препуштено на самата агенција. Таа ќе се јави во улога на посредувач помеѓу вас, како извршител на сегмент од проектот или [...]
- 6 мај 2011 год.
- 1 Коментар
- mkfail, бизнис, дизајн, настани
Натпревар за официјална маичка за Firefox 4
Во еден претходен запис, спомнав дека, натпреварот за дизајн на официјална маичка за Mozilla Firefox 4 e сè уште во тек, а вчера успеав и да го изработам мојот предлог дизајн, наречен „Simply Four“. Доколку ви се допаѓа, за него можете и да гласате. Би ви бил многу благодарен доколку помогнете во споделувањето на овој [...]
- 6 март 2011 год.
- Нема коментари
- Firefox, Mozilla, дизајн
Реконструкција на лого: Стопанска Банка
Подолго време се подготвувам да напишам нешто за логото на Стопанска Банка. Прво затоа што ми се допаѓа и второ затоа што сметам дека е навистина креативно. Но, да бидам попрецизен… Тоа што всушност ми се допаѓа е симболот што е создаден за ова лого и начинот на којшто е дојдено до него. На сликата [...]
- 7 октомври 2010 год.
- Нема коментари
- дизајн, Македонија