написи : настани : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Промена на RSS на MK GNU/Linux планета

Отсега па натаму, на Планетава, нема да се појавуваат сите записи од мојот блог, туку единствено оние од категоријата „MK GNU/Linux планета“. Ако ме следите преку македонската GNU/Linux планета, отсега всушност ќе следите само дел од содржините на блогот или само оние што се собрани во каналот: http://pablisher.nicer2.com/category/mk-gnu-linux-планета/feed/ Ако сакате да ги следите сите содржини, [...]

ЈП Водовод и канализација за Радишани

Неколку пати досега имам пишувано за тоа дека во лето, имаме проблеми со водоснабдувањето во Радишани. До пред неколку години, проблеми немавме, а тие се појавија откако почнаа да ги поставуваат т.н. „нови“ броила за потрошена вода. Оттогаш, континуирано сме засегнати од тоа колку соседите на пониските улици трошат вода или барем така сакаме да [...]

Веб-банери за протестот против полициска бруталност

Изработив четири банери за поддршка на протестот против полициската бруталност. Два од банерите се со димензии 125×125 px и се поприменливи за блогови. Третиот банер е поголем и посоодветен за портали. Од него изработив и продолжена верзија за големиот протест в сабота (25.06.2011 год.). Сите банери, освен последниот, носат на http://protestira.me/. Последниот носи на страницата [...]

Површен одговор од МВР за Мартин Нешковски

Каков треба да биде граѓанскиот активизам, за власта (ВМРО-ДПМНЕ) да го види како непартиски? И како тоа партијата над партиите, умее да разликува непартиски од партиски активизам, кога и таа самата во изминативе години, додека ја носи земјата во сè поголема неизвесност, нема направено ниту еден непартиски потег и нема донесено ниту една безусловно корисна [...]

Не постои добро влијание

„Зашто да влијаеш врз човек значи да му ја дадеш својата душа. Тој не ги мисли своите природни мисли, ниту гори со своите природни страсти. Неговите доблести за него не се вистински. Неговите гревови, ако постои такво нешто како грев, се позајмени. Тој станува ехо на нечија туѓа музика, актер во улога која не е [...]

Првите писма за Мартин Нешковски се испратени

Нè имаше во мал број, но нè имаше! Повеќе информации за ова, очекувајте наскоро кај Новица.

Алфи, Даниел, убиство, избори, полиција, медиуми…

Просто неверојатно! Истите медиуми што деноноќно чекаат сензации и скандали за да ги филуваат за свои потреби, одеднаш решаваат да молчат и да не известуваат за потенцијално убиство?! Курир, МТВ, Сител, Канал 5… заспавте?! Дејствувањето на политичките партии не завршува ден после изборите. Каде е сега борбата за слобода, соборувањето на режимот, „уривањето“ на диктаторот? [...]