Да не остане некажано… „Скопје Дише“ нема повеќе да биде финансиран од градските власти. Многу сум револтиран што ниеден / ниедна од тие неранимајковци / неранимајковки што се клацкаат во советничките фотељи, не се потресе што веќе со месеци не може да се види нивото на загадување на главниот град – претходно видливо преку индикаторите [...]
написи : политика : RSS
Приказ на написи по хронолошки редослед.
Проектот „Скопје дише“ повеќе нема да биде финансиран
- 8 февруари 2012 год.
- 1 Коментар
- Македонија, политика
Е-даноци за граѓани – УЈП, реформа, токен, трошоци и др.
Кога денес дознав дека УЈП ќе овозможи поднесување на даночни пријави по електронски пат и за физички лица, многу се израдував. Но, подоцна подобро се информирав и ништо не остана од радоста. Не ми требаше многу време да заклучам дека ова е уште една, како што „новинарите“ би сакале да кажат, т.н. популистичка мерка. Зошто? [...]
- 6 февруари 2012 год.
- Нема коментари
- Македонија, политика
Да бев новинар во Македонија…
ќе отворев блог под псевдоним и ќе ги изнесував сите шпекулативни или со факти поткрепени сознанија, за матните зделки на актуелната или било која претходна власт; ќе престанев јавно да се омаловажувам, барајќи од човек, партија или маса да ми даде право да си ја работам работата; ќе зборував помалку, ќе читав и ќе размислував [...]
- 25 јануари 2012 год.
- 2 Коментари
- Македонија, политика
Административни сцени во МВР, 11.1.2012 г.
Еден обичен ден во МВР. Гужва, нетрпение, некултура и нервоза. Во ходниот пред собата за забрани – собата 28 – стои шеесет и неколку годишен маж и се плетка во нозете. Дали да тргне и да замине или да му се обрати некому и да постави прашање. Очигледно нешто не му е јасно и не [...]
- 13 јануари 2012 год.
- Нема коментари
- Македонија, политика
Коментар: Операторите и ЗАМП не се договорија
„Операторите и ЗАМП не постигнаа договор за реемитување на неколку ТВ канали“ – ова соопштение го сфаќам како бегање од одговорност на операторите и обид за префрлување на вината на ЗАМП. Како ќе беше оправдано себеиземањето на операторите? Почитувани корисници Ве известуваме дека операторите и ЗАМП не постигнаа договор за реемитување на … Бидејќи нема [...]
- 1 јануари 2012 год.
- Нема коментари
- Македонија, политика
Попис 2011: Прашања без одговори
За времетраењето на измачувањето со т.н. Попис 2011, бев наведен на размислување околу некои осетливи теми, што верувам дека би можеле да предизвикаат радикални промени во општественото уредување на Република Македонија и нови проблеми. Имам неколку прашања, на коишто сум речиси сигурен дека има минимални шанси да добијам одговори, но сепак ќе ги поставам. Дали [...]
- 11 октомври 2011 год.
- 4 Коментари
- Македонија, политика
Скопје не е на ВМРО-ДПМНЕ
Секогаш кога СДСМ ќе биде обвинета дека попречува некаков развој, знајте дека тоа е само добро покритие за нечистите зделки на власта и оправдување, за во случај некои од тие зделки да бидат јавно откриени. Ако операцијата се заврши успешно, ВМРО-ДПМНЕ e спасителот, заштитникот од злите сили на СДСМ. Ако нешто тргне наопаку, ВМРО-ДПМНЕ е [...]
- 2 октомври 2011 год.
- Нема коментари
- Македонија, политика