Време за Gutsy Gibbon
20 јуни 2007

Следното Ubuntu следува во октомври годинава и од информациите до кои стигнав, ќе има многу новини. Како една од најглавните е интегрирањето на „Compiz Fusion“ во дистрибуцијата (ова е од вчера), и неговото назначување за основен генератор на работната околина, за системите што располагаат со соодветен хардвер. За послабите конфигурации сѐ уште ќе си постои Metacity.
Меѓу другите новини:
- 2.6.22 Linux kernel
- Xorg 7.3
- Upstart 0.5
- Ubuntu 7.10 Mobile
- Ubuntu 7.10 Embedded
Патем, си ја најдов позадината за Убунту што ја имам направено одамна.
3 коментари досега...
Их ама добро си го средил блогов…
Патем, супер се позадините што си ги направил. Особено таа со Марс хихи
Поздрав
gemidjy на 21 јуни 2007 во 10:18 часот напиша:
Ти благодарам
monsteer на 21 јуни 2007 во 10:34 часот напиша:
а да си апдејтуваше оперативен систем во профилот на девиантарт
Миша Поповиќ на 1 јули 2007 во 9:41 часот напиша:
Кажи си...