Против EVN
07 февруари 2010
Денес, во дел од Радишани немаше струја од околу 8 часот наутро, до 23 часот. Остварив 4 повици кон EVN. Првиот пат ми најавија дека се работи за сериозен проблем. Вториот пат ме излажаа дека до 18 часот проблемот ќе биде решен. На третото јавување ми рекоа дека само што им јавиле дека проблемот ќе биде решен до 22 часот. И конечно, кога се jавив после 22 часот, ми рекоа дека немаат информација кога ќе биде решен проблемот, но се очекува тоа да се случи во текот на вечерта (јас би рекол ноќта).
Објаснувањето инаку беше дека изгорела трафостаница, дека станува збор за сериозен проблем и голем дефект и дека активно се работи на решавање на проблемот.
Компанија што 15 часа не може да реши проблем, не треба да постои, не треба да си го губи времето и не треба да ги искористува граѓаните. Таквата компанија има неквалификуван кадар, работи нетемелно и проблемите не ги решава систематски. Таквата компанија не анализира и не претпоставува. Таквата компанија работи на памет.
Да живеев во нормална земја каде што нема правна несигурност, со сигурност ќе поднесев приватна тужба против компанијата EVN. За нивна среќа, а и заради нашите ценети, неписмени и ненаситни власти, денес единствено што можам да правам е да се жалам на беспомошната ситуација во која ми беше наложено да се најдам.
Дополнување: Во 00:45 (07.02.2010) повторно снема струја и немаше сè до пред малку т.е. до 14 часот (07.02.2010). Значи, приближно 29 часа без електрична енергија!
4 коментари досега...
епа сега, кога има квар има квар .. магично не се поправа во еден момент…
енивеј, во хаклаб имаше струја и интернет, можеше да дојдеш
дамјан на 7 февруари 2010 во 3:40 часот напиша:
Одличен коментар за EVN. Колку што разбрав, ни денес нема струја во Радишани. Недозволиво е компанија со таков капацитет да поправа кварови цели 2 дена. Инаку вчера снема струја и во Бутел, па заминав во Хаклаб.
дАЛИБОР на 7 февруари 2010 во 14:15 часот напиша:
@дајман e како може да речеш дека 29 часа се еден момент? А ова за хаклабов, има смисла.
Гоце Митевски на 7 февруари 2010 во 15:19 часот напиша:
@дАЛИБОР да, ни денес немаше. Го дополнив оригиналниот запис со свежи информации од теренот.
Гоце Митевски на 7 февруари 2010 во 15:21 часот напиша:
Кажи си...