Категорија: политика

Приказ на записи од избраната категорија по хронолошки редослед.

Колкав ти е хонорарот за Скопје 2014?

Една работа никако да им стане јасна на сите „уметници“, инволвирани во проектот Скопје 2014. „Уметниците“ се навредени и крајно изненадени, секогаш, кога некој новинар ќе се осуди да биде доволно дрзок и да го постави прашањето за хонорарот што го зеле, за да го произведат сопственото дело, за целите на проектот Скопје 2014. Се [...]

Стечаен сообраќај

Вчерашната драматична изјава на овој господин и општото однесување на „граѓаните“ на протестот на стечајците се за секаков прекор. Како не разбирате дека со тоа што денес попречувате нечие право, одобрувате во иднина истото право да ви биде вам попречено? Кога човеков вели: „Јас за тоа господине не сум крив што вие немате пари!“ покажува [...]

Модерни системи за поскапи услуги

Модернизацијата на системот на услуги на компанијата EVN Македонија е последната голема глупост што помина премолчена од заспаните македонски новинари. Досега не сретнав некои посериозни реакции на оваа тема на блогосферава, па во продолжение ќе се обидам да објаснам зошто модернизацијата на EVN Македонија е државно одобрен грабеж. Да почнам од најочигледните работи. EVN Македонија: [...]

He’s Alive

“He’s Alive” е една од најсилните епизоди на ТВ серијата The Twilight Zone. Како дел од четвртата сезона на The Twilight Zone, емитувана за првпат на 24 Јануари 1963, „He’s Alive“ ја раскажува приказната за американски нео-нацист инспириран од духот на Адолф Хитлер. Еве еден видео сегмент, за да ви го земам вниманието. А, еве [...]

Стечајни денови

Денес на вести се изнагледав возрасни луѓе што имаат изгубено многу во животот, од истата држава за која го дале животот. Некој дал повеќе, некој помалку. Важно е што сите на свој начин учествувале во градењето на ова вечно настинато општество. И сигурен сум дека да знаеле како да го оздрават, одамна ќе го направеле [...]

Скопје 2014

Политичарите се бават со политика затоа што ние така сме одлучиле. Тие се избрани од нас – народот, за да работат во име на народот. Во истиот момент кога ќе почнат да работат за лични интереси мора да се интервенира. Нема утре, нема еднаш му е, нема оправдувања! Човек што лаже еднаш, ќе излаже и [...]

Гостивар, 1997

Гостивар, 1997 – 1 дел Гостивар, 1997 – 2 дел Гостивар, 1997 – 3 дел Сите остаревте (мислам на политичарите) и уште памет не ви дојде. Уште потрагично е што денес сè помалку се разбирате едните со другите. Кога би им дале шанса на обичните луѓе да се едуцираат квалитетно, тие никогаш не би дошле [...]

TOSMI ’09

Се вратив од Софија, каде престојував осум дена и земав активно учество на TOSMI (Training in Open Source Multimedia Tools) ’09. Оваа обука за мене е од особено значење, бидејќи конечно имав прилика сериозно да му пристапам на Blender и да го запознаам темелно. Учестував на последниот курс од овогодинешната програма – „Blender for Game [...]

Бугарска виза

Доколку сакате да аплицирате за добивање на бугарска виза во Скопје, потребно е да закажете термин на специјалниот телефонски број 058 058 555. Аплицирањето за виза трае до 12:30 часот во текот на работниот ден. Закажувањето термин не е бесплатно и ќе ве чини 50 ден. +18% ддв, по минута разговор. Еден повик е невозможно [...]

Microsoft рече Macedonia

Интересно. На новиот веб-сајт за надградби на Windows 7, во листата на наведени земји стои Macedonia. Не знам дали ова ќе остане вака и во иднина, но интересно е да се види дека и од Microsoft може да се очекуваат промени на тема FYROM.