Категорија: политика

Приказ на написи од избраната категорија по хронолошки редослед.

Да бев новинар во Македонија…

ќе отворев блог под псевдоним и ќе ги изнесував сите шпекулативни или со факти поткрепени сознанија, за матните зделки на актуелната или било која претходна власт; ќе престанев јавно да се омаловажувам, барајќи од човек, партија или маса да ми даде право да си ја работам работата; ќе зборував помалку, ќе читав и ќе размислував [...]

Административни сцени во МВР, 11.1.2012 г.

Еден обичен ден во МВР. Гужва, нетрпение, некултура и нервоза. Во ходниот пред собата за забрани – собата 28 – стои шеесет и неколку годишен маж и се плетка во нозете. Дали да тргне и да замине или да му се обрати некому и да постави прашање. Очигледно нешто не му е јасно и не [...]

Коментар: Операторите и ЗАМП не се договорија

„Операторите и ЗАМП не постигнаа договор за реемитување на неколку ТВ канали“ – ова соопштение го сфаќам како бегање од одговорност на операторите и обид за префрлување на вината на ЗАМП. Како ќе беше оправдано себеиземањето на операторите? Почитувани корисници Ве известуваме дека операторите и ЗАМП не постигнаа договор за реемитување на … Бидејќи нема [...]

Попис 2011: Прашања без одговори

За времетраењето на измачувањето со т.н. Попис 2011, бев наведен на размислување околу некои осетливи теми, што верувам дека би можеле да предизвикаат радикални промени во општественото уредување на Република Македонија и нови проблеми. Имам неколку прашања, на коишто сум речиси сигурен дека има минимални шанси да добијам одговори, но сепак ќе ги поставам. Дали [...]

Скопје не е на ВМРО-ДПМНЕ

Секогаш кога СДСМ ќе биде обвинета дека попречува некаков развој, знајте дека тоа е само добро покритие за нечистите зделки на власта и оправдување, за во случај некои од тие зделки да бидат јавно откриени. Ако операцијата се заврши успешно, ВМРО-ДПМНЕ e спасителот, заштитникот од злите сили на СДСМ. Ако нешто тргне наопаку, ВМРО-ДПМНЕ е [...]

КПУ Водовод и канализација за Скопје

Не знам дали постои некоја друга земја на светов, освен Република Македонија, кадешто проблеми се решаваат со казни за оние што не ги предизвикале. Се надевам дека оваа налудничава идеја за рестрикции во водоснабдувањето низ Скопје, ќе згасне исто толку брзо колку што успеа да ме вознемири. Не ми е јасно, како е изведен заклучокот [...]

Веб-банери за протестот против полициска бруталност

Изработив четири банери за поддршка на протестот против полициската бруталност. Два од банерите се со димензии 125×125 px и се поприменливи за блогови. Третиот банер е поголем и посоодветен за портали. Од него изработив и продолжена верзија за големиот протест в сабота (25.06.2011 год.). Сите банери, освен последниот, носат на http://protestira.me/. Последниот носи на страницата [...]