Категорија: настани

Приказ на записи од избраната категорија по хронолошки редослед.

10 години Баланс

Вчерашната роденденска прослава на Баланс, за мене беше тешко изводење. Слават роденден, а ставиле влез 200/250 денари и цена на пиво од 130 денари за лименка!!? Абе, колку сакате години славете, ништо од тоа што (наводно) сте го сработиле не ви вреди, зашто недвосмислено покажувате дека воопшто не ви е гајле за публиката, на која [...]

The Graphs 2

По речиси двонеделен интензивен ангажман ја завршив втората верзија од „The Graphs” и изработив посебна страница на која отсега па натаму ќе бидат достапни сите наредни верзии од оваа бесплатна колекција на графици. На почетокот… Уште кога почнав да ја работам првата верзија од „The Graphs“, идејата ми беше да направам што е можно повеќе, [...]

RMS во Скопје – 3 јуни 2010

Еве неколку од моите фотографии од настапот на Richard Stallman. Штета што на панорамата (на крајот) има неколку грешки. Сепак, воопшто не очекував дека ќе биде можно фотографиите да се спојат, од причина што публиката (нормално) постојано се движеше додека фотографирав. Ама, ги спои, верувале или не, Microsoft ICE (Hugin и Adobe Photoshop CS5 даваа [...]

Arve Henriksen и Jon Hassell на SJF 2009

На четвртата вечер од Skopje Jazz Festival 2009 поминав одлично! Arve Henriksen (и Jan Bang) и Jon Hassell се навистина врвни уметници. Нивните настапи беа во секој поглед уникатни доживувања, за кои вреди да се плати. Задоволен сум што не ги пропуштив. На крајот од вечерта, појдов и на настапот на Chico Pinheiro e Banda [...]

Moneybookers.com and money moves – in Macedonia

Ова го забележав денеска… Мислам дека конечно после многу долго време, сите имаме вистинска причина да се радуваме. Да се надеваме дека по Moneybookers и PayPal ќе го прошири својот бизнис наваму. Доколку ве интересира, погледнете колкави се трошоците за трансфер на средства со помош на Moneybookers. Ако има некој во Македонија што веќе го [...]

Неорганизација

Кога ќе се побара од мене да направам нешто за слободното општество во Македонија, обично им давам приоритет на тие задачи и ги завршувам во најкус можен рок. Ги работам волонтерски и не очекувам ништо за возврат. Сепак, изминатава недела се случија работи што ми создаваат сомнеж дека тоа што било побарано од мене, навистина [...]

Летна треска

Периодов некако ми се изнасобраа филмови што не можам да дочекам да ги гледам, па паѓам во сè поголемо искушение да почнам да преземам кино снимки. Сепак, откако ја видов наводно најдобрата кино снимка од новиот Бетмен, решив да си почекам на официјалните DVD изданија. За себе, а и за сите што ги интересира, направив [...]

  • Објавено на 24 јули 2008 год.
  • Исклучени коментари
  • настани, филм

Фолтин @ МНТ Летна сцена 10.07.2008

Одличен настап! Одлична забава! Фолтин се сè подобри во тоа што го прават. Еве ја и мојата скромна галерија…

Blues & Soul Festival (Скопско Лето ’08)

Со оглед на тоа што претходно немам посетувано вакви настани, не можам да ја направам разликата помеѓу годинешното и изданијата на Blues & Soul Festival од изминатите години, но затоа пак можам да ги разликувам двете одделни вечери во кои се одржаа планираните настапи од Blues & Soul Festival 2008. Втората вечер беше во целина [...]

Firefox 3 забава @ Точка 18.06.2008

Во рамките на објавувањето на Firefox 3, Слободен софтвер Македонија и македонскиот тим за локализација на Mozilla, на 18ти јуни со почеток од 20:00 часот организираат забава во културниот центар Точка. Ден порано, истиот настан се оддржува низ илјадници градови во целиот свет. Преземете го Firefox 3 утре и учествувајте во поставувањето на гинисов светски [...]