Би сакал да искажам јавна критика на последната надградба на македонскиот превод за WordPress. Не знам од кои причини, авторот на последниот превод внесува радикални измени во локалето и во целост ја занемарува работата на претходните преведувачки тимови, што со години придонесувале за локализацијата на WordPress. WordPress Македонија е проект започнат на 15. Јануари, 2010 [...]
Категорија: отворен код
Приказ на записи од избраната категорија по хронолошки редослед.WordPress 3.0 на македонски јазик
- Објавено на 9 август 2010 год.
- 7 Коментари
- WordPress, Македонија, отворен код
How fast does your PC boot?
Направив едно кратко промотивно видео за Ubuntu. Идејата ја добив експериментирајќи со новото лого на Ubuntu. How fast does your PC boot? – Ubuntu from Goce Mitevski on Vimeo. Анимацијата на логото е изработенa во 3ds max, а рендериранa со V-ray, па потоа сè е споено и доисполирано во Adobe After Effects и Adobe Premiere. [...]
- Објавено на 5 јули 2010 год.
- 2 Коментари
- Ubuntu, анимација, отворен код, три де
Едубунту
Само што имав прилика да ја погледнам првата емисија од проектот „Едубунту“ на ФОН Универзитет (МТВ1 – 10:30 и 14:30 | МТВ2 – 9:30 и 13:00). Не ми е јасно, зошто проектот е толку евтино продукциски изведен? Не ми е јасно ни, како Министерството за информатичко општество воопшто исплатило средства за олку несериозен проект? Емисиите [...]
- Објавено на 22 септември 2009 год.
- 4 Коментари
- Ubuntu, Македонија, едукација, отворен код
TOSMI ’09
Се вратив од Софија, каде престојував осум дена и земав активно учество на TOSMI (Training in Open Source Multimedia Tools) ’09. Оваа обука за мене е од особено значење, бидејќи конечно имав прилика сериозно да му пристапам на Blender и да го запознаам темелно. Учестував на последниот курс од овогодинешната програма – „Blender for Game [...]
- Објавено на 31 август 2009 год.
- 1 Коментар
- GNU/Linux, Ubuntu, визуелизација, отворен код, политика, три де
SumatraPDF
SumatraPDF е мал, брз и отворен читач на PDF документи и еден од „најлесните“ со коишто досега сум се сретнал. Апликацијата е сè уште во развојна фаза – „beta“, но со секое наредно издание е сè подобра и поприменлива. Ја користам веќе подолго време и активно учествувам во нејзината локализација на македонски јазик. Повод за [...]
- Објавено на 26 јули 2009 год.
- Исклучени коментари
- Windows, отворен код
Theora компресија
Theora е бесплатен и отворен формат на видео компресија од фондацијата Xiph.org – дел од нивниот проект Ogg (проект што има за цел да овозможи интеграција на кодекот VP3 на On2 Technologies, аудио кодекот Ogg Vorbis и мултимедијалните формати Ogg во комплетно мултимедијално решение, што би било конкурентно на форматот MPEG-4). Ogg Theora припаѓа на [...]
- Објавено на 30 јуни 2009 год.
- 1 Коментар
- GNU/Linux, видео, отворен код
За Windows 7
Деновиве постојано се појавуваат разни рецензии за успешноста на првата бета верзија од идниот оперативен систем на Microsoft – Windows 7, па читајќи голем дел од нив почувствував дека треба да се истакнат неколку факти.
- Објавено на 12 јануари 2009 год.
- Исклучени коментари
- GNU/Linux, Microsoft, Ubuntu, Windows, отворен код
bimilk го користи „Ubuntu фонт“
Не знам како во пракса е изводливо да се испочитува лиценцата под која е објавен овој фонт, но мислам дека најдов најмалку 3 услови, што со објавувањето на оваа реклама се прекршени.
- Објавено на 31 декември 2008 год.
- 5 Коментари
- Македонија, визуелизација, отворен код
CAS за џабе
Content-aware scaling е една од новините во Photoshop CS4 со кои Adobe особено се гордее. Зад технологијата се крие мошне корисна можност за интелигентно менување на димензиите на дигитални фотографии без растегнување т.е. без дисторзирање на нивната содржина. Не велам дека технологијата е преценета, ама многу се радувам што веќе има бесплатно решение за проблемот [...]
- Објавено на 28 октомври 2008 год.
- 2 Коментари
- Macintosh, Ubuntu, Windows, визуелизација, отворен код
Pidgin 2.5 FTW
Денес е објавена нова верзија од Pidgin. Pidgin 2.5 е едно од најзначајните изданија досега. Доаѓа со долга листа на подобрувања и неколку долго очекувани карактеристики. Со Pidgin 2.5 добивме: поддршка за офлајн пораки во MSN менаџер за смешковци (а со тоа и можност за додавање и употребување смешковци по избор) автоматско намалување на огромни [...]
- Објавено на 19 август 2008 год.
- 1 Коментар
- Firefox, GNU/Linux, Windows, Македонија, интернет, музика, отворен код