Категорија: оперативен систем

Приказ на записи од избраната категорија по хронолошки редослед.

How fast does your PC boot?

Направив едно кратко промотивно видео за Ubuntu. Идејата ја добив експериментирајќи со новото лого на Ubuntu. How fast does your PC boot? – Ubuntu from Goce Mitevski on Vimeo. Анимацијата на логото е изработенa во 3ds max, а рендериранa со V-ray, па потоа сè е споено и доисполирано во Adobe After Effects и Adobe Premiere. [...]

RMS во Скопје – 3 јуни 2010

Еве неколку од моите фотографии од настапот на Richard Stallman. Штета што на панорамата (на крајот) има неколку грешки. Сепак, воопшто не очекував дека ќе биде можно фотографиите да се спојат, од причина што публиката (нормално) постојано се движеше додека фотографирав. Ама, ги спои, верувале или не, Microsoft ICE (Hugin и Adobe Photoshop CS5 даваа [...]

Mac OS X Snow Leopard во VMWare

После неколку-дневно експериментирање успеав да го проработам Mac OS X Snow Leopard во VMWare. Се служев со овој прирачник, а чиста верзија на Snow Leopard преземав преку овој торент. Инсталацијата се одвиваше речиси праволиниски. По завршувањето добив целосно функционална верзија на Snow Leopard што може да се ажурира со најновите надградби. Snow Leopard во VMWare [...]

Што е супер во новото Ubuntu?

Супер е што конечно е среден звукот. Досега, секогаш кога ќе инсталирав Ubuntu одново, имав проблеми со звукот (имав звук, но тој беше претивок или пак немав звук). Супер е што се додадени контроли за одделни звучници; Супер е што е изменет е ефектот на анимирано затворање на прозорци од 9.04 и сега прозорците се [...]

  • Објавено на 1 ноември 2009 год.
  • Исклучени коментари
  • GNU/Linux, Ubuntu

Windows 7 е илузија

И покрај тоа што сум голем поддржувач на слободниот софтвер и слободната култура воопшто, за да завршам одредени работи сè уште користам Windows. Слободниот софтвер сè уште бавно напредува на одредени полиња од својот развој, но што е тука е. За сè треба време. Слободниот софтвер безброј пати го има закрпено Windows и го има [...]

Едубунту

Само што имав прилика да ја погледнам првата емисија од проектот „Едубунту“ на ФОН Универзитет (МТВ1 – 10:30 и 14:30 | МТВ2 – 9:30 и 13:00). Не ми е јасно, зошто проектот е толку евтино продукциски изведен? Не ми е јасно ни, како Министерството за информатичко општество воопшто исплатило средства за олку несериозен проект? Емисиите [...]

TOSMI ’09

Се вратив од Софија, каде престојував осум дена и земав активно учество на TOSMI (Training in Open Source Multimedia Tools) ’09. Оваа обука за мене е од особено значење, бидејќи конечно имав прилика сериозно да му пристапам на Blender и да го запознаам темелно. Учестував на последниот курс од овогодинешната програма – „Blender for Game [...]

SumatraPDF

SumatraPDF е мал, брз и отворен читач на PDF документи и еден од „најлесните“ со коишто досега сум се сретнал. Апликацијата е сè уште во развојна фаза – „beta“, но со секое наредно издание е сè подобра и поприменлива. Ја користам веќе подолго време и активно учествувам во нејзината локализација на македонски јазик. Повод за [...]

Theora компресија

Theora е бесплатен и отворен формат на видео компресија од фондацијата Xiph.org – дел од нивниот проект Ogg (проект што има за цел да овозможи интеграција на кодекот VP3 на On2 Technologies, аудио кодекот Ogg Vorbis и мултимедијалните формати Ogg во комплетно мултимедијално решение, што би било конкурентно на форматот MPEG-4). Ogg Theora припаѓа на [...]

Microsoft рече Macedonia

Интересно. На новиот веб-сајт за надградби на Windows 7, во листата на наведени земји стои Macedonia. Не знам дали ова ќе остане вака и во иднина, но интересно е да се види дека и од Microsoft може да се очекуваат промени на тема FYROM.