Слободен софтвер Македонија на тапет

По неколку-неделно експериментирање, со задоволство ви го претставувам мојот најнов проект, поврзан со одбележувањето на десетгодишнината од основањето на Слободен софтвер Македонија. Откако успешно ја завршивме работата со логото за хаклабот КИКА, време е за освежување на нашите работни површини! :)

Ви ја претставувам „Слободен софтвер Македонија на тапет“ – позадина за Слободен софтвер Македонија, достапна во пет бои и две јазични варијанти. Позадината вклучува приказ на логото на Слободен софтвер Македонија во вид на тродимензионален објект и два текстуални елементи – еден, со името на организација и друг, со адресата на нејзиниот веб-сајт.

Следува приказ на позадината на македонски јазик, во сите пет бои.

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во виолетова варијанта на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во виолетова варијанта на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.1 на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.1 на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.2 на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.2 на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.1 на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.1 на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.2 на македонски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.2 на македонски јазик

А, еве и приказ на позадината на англиски јазик, исто така, во сите пет бои. Разликата е во тоа што името на организацијата е испишано на англиски јазик.

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во виолетова варијанта на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во виолетова варијанта на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.1 на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.1 на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.2 на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сина варијанта бр.2 на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.1 на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.1 на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.2 на англиски јазик

„Слободен софтвер Македонија на тапет“ во сива варијанта бр.2 на англиски јазик

Позадината ви ја нудам за преземање во формат за широки екрани (16:9 и 16:10), во неколку различни димензии и тоа:

  • 1920×1200 px
  • 1920×1080 px
  • 1680×1050 px
  • 1600×900 px
  • 1440×900 px
  • 1366×780 px
  • 1280×800 px
  • 1280×720 px

Лиценцата на делото е: Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 3.0 Unported (CC BY-NC-SA 3.0).

Инаку, позадината е изработена во 3ds max, а рендерирана во слоеви, со V-ray, па, потоа доработена во Photoshop. Го користев оригиналното лого на Слободен софтвер Македонија, но најпрвин морав да го измазнам и да ги прецртам бројките – тоа го правев комбинирано, во Inkscape и во Illustrator. Таа верзија од логото, можете да ја преземете преку врската, доколку ви треба.

Во план ми е, целиот проект да го префрлам во Blender, за да го отворам дизајнот и да овозможам непречено рендерирање и користење во зависност од потребите. Никогаш досега немам правено такво префрлување, па ако има некој, што има искуство со тоа, би му бил благодарен доколку ми помогне. Во меѓувреме, ќе се обидеме да направиме нешто со Арангел, во КИКА.

Доколку има интерес, дополнително би можел да изработам уште варијанти со различни димензии.

#10години не се зафрканција…

Free Software Macedonia на Share 2 во Србија

Слободен софтвер Македонија и хаклабот КИКА имаа успешна презентација на конференцијата Share 2. Еве некои од фотографиите што успеав да ги направам пред или за време на презентацијата на Игор Стаматовски и Тамара Атанасоска.

Инаку, на конференцијата поминавме супер. Имаше одлични презентации, но и такви што беа речиси зборување во празно. Тамара и Игор зборуваа за активностите на македонската заедница, за успешните и неуспешните проекти, за КИКА, за НСНД и сл.

И Тамара пишала напис на блогот Сподели знаење.

Официјално лого на скопскиот хаклаб КИКА

После многубројните предлог-дизајни и консултации, најголем дел од членовите на хаклабот КИКА одлучија предлогот 3-2, да биде официјално лого на хаклабот.

Па, еве го официјалното лого на КИКА – во SVG-формат – достапно под лиценцата Creative Commons НаведиИзвор-СподелиПодИстиУслови 3.0 Unported (CC BY-SA 3.0).

Преземањето е достапно преку мојот профил на Dropbox, но добро би било, изданието да се стави некаде на spodeli.org.

Предлог-симбол #3-2 за скопскиот хаклаб КИКА од Гоце Митевски

Предлог-симбол #3-2 за скопскиот хаклаб КИКА

Инаку, во изданието се вклучени црно-бели варијанти од логото, варијанти со речиси сите комбинации на бои од предлозите 3-1 и 3-2 како и една нова или, тоа се вкупно 32 различни SVG-илустрации. Според мене, супер е што не беше направен избор на лого со една комбинација на бои, што значи, сега, сите варијации ќе може да се употребуваат во различни пригоди, а ќе може да се доработуваат и нови.

Епа, КИКА, честитам ново лого и нека е за многу години! :)

Hardware Acceleration in Firefox on Windows is No Good

Hardware acceleration in Firefox on Windows is not working properly. At least not for me. It’s causing all kinds of problems and it’s slowing down the browser very much.

firefox-hardware-acceleration-off-windows

Hardware acceleration turned off in Firefox 11 on Windows

With hardware acceleration turned on, I get:

  • blurry text
  • decrease in performance
  • increase in non-responsiveness
  • lagging user experience for almost any part of the user interface
  • the “memory hog” experience

With hardware acceleration turned off, I get:

  • clear and sharp text
  • faster browsing experience
  • non-lagging user interface
  • a sense of lightness while using Firefox

I have no idea why hardware acceleration is having the opposite effects on my PC. I just thought you should know. I’m keeping it off – in Firefox 11 – on Windows. At least for now.

By the way, a WordPress bug made me explore.