Не можам да останам рамнодушен на еуфоријата Crysis, иако е веќе ужасно доцна повторно да се крева прашина за нешто од кое сите се загушиле. Во продолжение нема да зборувам како за софтвер со отворен или со затворен код, за неговата цена, за неговата комерцијалност итн... Сакам на Crysis да гледам како на нова реалност или поточно нов тип на реалност, на која е премногу тешко да се одолее. Среќна околност за мене е што конечно поседувам доволно моќна конфигурација што може да се носи со „проблемите“ кои Crysis ги задава, иако морам да напоменам дека кога си го купив новиот компјутер ни најмалку не помислив да играм игри на него...
Немам цел никого да убедувам во ништо, уште помалку да предизвикам серија коментари од типот... и јас можам да ја играм Crysis... кај мене Crysis изгледа поубаво... итн. Сакам само да наведам неколку точки што ги сметам за вредни и да ви понудам една обемна галерија од 70-тина слики, како основа на која ќе ги темелам моите заклучоци. Ја играв Crysis верзија 1.2 (DirectX 10).
Денес Паблишер беше „Веб-сајт на денот“ во дневниот весник Време. Интересно е кога некој го наоѓа за вредно тоа што го правите... Голема благодарност за оваа промоција.
Чујте у почујте!!! Третиот студиски албум на Portishead (Third) се појавува на 28 април 2008. Ако некогаш се прашував дали воопшто можат да бидат помрачни, денес сум сигурен дека можат. На прво слушање звучи ветувачки.
Слушнете го и вие. (тизинг копија со прифатлив квалитет) Неофицијално, од вчера (07.03.2008) албумот може да се најде по најпознатите веб-сајтови за торенти.
Паблишер е блог на Гоце Митевски. Овде може да се најдат информации за слободен софтвер, веб дизајн, графички дизајн, музичка продукција и за сите други работи за кои се интересирам.