WordPress 2.8.3 проблем
04 август 2009
При надградба со најновата верзија на WordPress – верзијата 2.8.3 – ми се појави следниов проблем.
На сите целобројни вредности, поголеми од нула, им беше додадена вредноста „,000“ (без наводници). На пример: тоа што досега било 5, по надградбата се претворило во 5,000.
Претпоставувам дека во прашање е некоја глобална променлива и на неа ѝ е „залепен“ непотребен додаток, но сè уште не сум успеал да го потврдам тоа. Доколку и некој друг го има истиов проблем или пак го решил, би бил благодарен ако своето искуство го сподели, во облик на коментар, на овој запис.
ИЗМЕНА: Ок. Проблемот е дефинитивно во преводот. Штом го вратам WordPress на англиски јазик, т.е. штом ја исклучам македонската локализација сè си е во ред. Впрочем, мислам дека проблемот настанува откако ќе го активирам преводот за верзијата 2.8.3. Со преводот за верзијата 2.8.2 сè е во ред. Претпоставувам, оваа грешка настанала во брзање и се надевам дека наскоро ќе биде поправена.
5 коментари досега...
а каде тоа? ..
мене ми личи како да целите броеви ги третира како реални (floating) .. е сега, ако ги вади тие бројки од база, да не се сменила структурата на базата?
дамјан на 4 август 2009 во 19:32 часот напиша:
Да. Децимални се со точка, а овие имаат запирка. Ама нема промени на типот на променливата, само што проверив во структурата на базата. На пример:
comment_countеbigint(20)вредност, а се прикажува со запирка и три нули потоа. Исто така, проверив дали промените се запишани врз соодветните вредности во базата… но, не се.Проблемот е најзабележлив ако излисташ повеќе записи на насловната и го погледнеш бројот на коментари за прикажаните записи. Записите што немаат коментари или пак имаат само еден се во ред. Проблемот настанува кога вредноста е поголема од 1.
Ме буни тоа што и во администрацискиот дел, вкупните вредности на објавени записи, коментари по записи итн. исто така се со запирка и три нули потоа.
Гоце Митевски на 4 август 2009 во 19:51 часот напиша:
Го ѕирнав преводот и знам што е проблемот.
Има 3 промелниви кои го дефинираат изгледот на децималните броеви кои се поставени на следниот начин:
number_format_decimals = 3
number_format_decimal_point = ,
number_format_thousands_sep = .
Што значи дека децимален број со македонски превод би бил претставен како: 1.234,567
Според правописот децинмалните броеви во македонскиот јазик се пишуваат со запирка, точката се користи за илијадарки
Копав малце и по кодот на вордпрес и видов дека во функцијата кде што го форматираат бројот не проверуваат дали е децимален број (float) и од тука излегува проблемот.
Пишав на листата за преведување на вордпрес и добив одговор дека оваа функција се користи само за форматирање на цели броеви, така што до утре ќе го ажурирам преводот.
ПОЗДРАВ
Чомбе на 5 август 2009 во 19:42 часот напиша:
ги ажурирав преводите. можеш да го преземеш преводот од http://0.mk/398
Чомбе на 5 август 2009 во 21:27 часот напиша:
Супер. Сега е во ред. Ти благодарам, Чомбе.
Според правописот децинмалните броеви во македонскиот јазик се пишуваат со запирка, точката се користи за илијадарки
За ова си во право. Јас сум бил грешка.
Гоце Митевски на 5 август 2009 во 22:39 часот напиша:
Кажи си...