написи : политика : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Без наслов, но со повод

Што всушност заштитуваат симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и луѓето што се нивни поддржувачи во т.н. политичка криза во Република Македонија? Дали е тоа некаква си зона на комфорот во којашто се чувствуваат сигурни или пак, можеби, скриена желба, еден ден и ним да им се укаже приликата да бидат, моќни како нивниот лидер? Секако, ова второто […]

За паушалните сметки за електрична енергија на ЕВН Македонија (EVN Macedonia)

Сметката за електрична енергија што ЕВН Македонија (EVN Macedonia) ни ја испорача за февруари-март, 2015 е околу 6.300 денари. Во сметката нема ништо спорно, освен што е за околу 12.000 денари пониска од претходната. На што се должи оваа огромна разлика? Не знам. Сепак, за мене огромната разлика е јасен показател дека сметките за електрична […]

Мини рецензија: Нераскажаната историја на Америка

Гледајќи ја серијата „Oliver Stone’s Untold History of the United States“, човек лесно може да заклучи дека САД се најголемиот воен агресор на светот. Не дека тоа на многумина од нас не им беше веќе познато, но сепак корисно е што постои ваков видео-документ, за да се откријат лагите што секојдневно му се сервираат на […]

Никола Груевски, за хакерите…

На 18 јануари 2013 г., во текот на гостувањето во шоуто на Миленко Неделковски, на телевизијата Канал 5, Мирка Велиновска го прашува Премиерот, Никола Груевски, за хакерите и потоа, тој ѝ одговара. Ниеден од присутните баш и не знае што е хакер, па, дискусијата станува бесмислена.

За наплатувањето на пластични кеси по маркетите…

Се прашувате зошто во некои маркети во Скопје, се наплатува издавањето на пластични кеси? Еве, едноставна математика… Да речеме дека во маркетот во текот на денот влегуваат 600 потрошувачи. Од нив 100 си носат торбички или кеси и не треба да си набават нови. Остануваат 500 потрошувачи, што би купиле по најмалку една кеса. Ако […]

M-Проспект ДОО испитува кој како би гласал во Бутел

Вечерва во 18 часот и 42 минути на домашниот телефонски број, татко ми, примил повик од бројот 02 3095-948 и бил директно и недвосмислено прашуван за кој градоначалник во општина Бутел би гласал – претпоставувам на локалните избори догодина. После првото следувало и второ прашање, кое татко ми побарал да му го повторат, по што […]

Пропуст во Рамковниот договор

Цитат од „Пропуст во Рамковниот договор“ на Џејсон Мико: Сега, сите знаеме дека ДУИ го форсира веењето на албанското знаме пред локалните избори за да му покаже на своето гласачко тело дека тие се „поголеми Албанци“ од другите албански етнички партии. И, според медиумските извештаи, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во еден говор изјавил: „Ова […]