написи : mkfail : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Никој не ја чисти од снег улицата 1558 во Радишани

Документирам, за да остане забележано колку локалната власт во општина Бутел на чело со градоначалникот Петре Латиновски, се однесува неодговорно, кога на граѓаните им е најпотребна. Денес решив да се јавам и да пријавам дека откако наврна последниов снег и температурите се спуштија мноoогу под нулата, на улицата 1558 во Радишани ниеднаш не е фрлено […]

Упад во радиото Канал 103 на 13.03.2015 во МТВ

На 13.03.2015 бил извршен упад во радиото „Канал 103“ и била прекината емисијата „Кај Докторот“ од страна на обезбедувањето на МТВ/полиција. Според предлог-годишниот финансиски план на ЈРПМРТ за 2015 година, оваа година ќе бидат издвоени 24.280.000 денари (речиси 395 илјади евра) за обезбедување на објектот на Македонската Радио Телевизија. Услуги за одржување и заштита – […]

Што треба да знаете за TOTAL, а во One нема да ви кажат

Да ми кажеше некој за овие работи, веројатно немаше да склучам договор со One на 24 месеци. #BadLuckМакедонец за мене, информации за сите останати: Ако склучите договор на крајот од месецот, во сметката за следниот месец ќе ви биде наплатена претплатата за првиот месец од TOTAL. Да, претплатата се наплатува однапред и кога прашав во […]

Колку пари е билет за „Огнени јазици“?

Направив резервација и одам да ги подигнам билетите за „Огнени јазици“ во НУ Драмски Театар – Скопје. Продавачот ми вели 560 денари. Му давам пари и чекам кусур. Ми враќа кусур и не ми дава фискална сметка. Му барам фискална сметка и прво ми дава изговори од типот: сега, само да не ми се смешаат […]

Замрзнати пилешки копанчиња во захевтана кеса

Вчера купив замрзнати пилешки копанчиња во Гиго-Трејд, во Радишани и сабајлево моите ми велат, оди врати ги, проверивме, поминат им е рокот. Проверувам, вистина. Чудно ми падна што пакувањето со копанчиња беше захевтано, а не трајно затворено. Тоа не го забележав претходниот ден. Одам да ги вратам и ѝ се обраќам на една од вработените. Ѝ […]

Скопската населба Радишани и ова лето е без вода

Како и многу претходни лета, така и ова што во моментов го живееме, во скопската населба Радишани има рестрикции во снабдувањето со вода. Изминативе два-три дена, рестрикциите траат и по 8 часа дневно. Официјалното објаснување од ЈП Водовод и канализација е дека се испразнети резервите на вода. Не се знае, ни зошто, ни како дошло […]

За ноќните автобуски линии на ЈСП

Ноќните линии на ЈСП се поскапи за 5 денари. Не знам дали знаете, но во автобусите „е потопло, услугата е на повисоко ниво и за секој патник следува по еден француски сендвич со Газоoза“. Многумина од вас сигурно се прашуваат, како ЈСП се сетиле на Газоoза, во овие зимски услови, а ние имавме шанса да […]