Ја користам оваа прилика да Ве известам дека и по 16 часа без електрична енергија, ние граѓаните од населба Радишани сме живи и здрави.
Би сакал да упатам голема благодарност до EVN Macedonia што сè почесто нè уверува и преку реални примери ни покажува дека упорноста во животот се исплати. За возврат, би сакал да ѝ подарам неколку бесплатни слогани, што би ѝ препорачал да ги употреби во идните телевизиски реклами за компанијата.
- EVN Macedonia: „Запали си свеќа!“
- EVN Macedonia: „Иде зима. Исцепени дрва да има!“
- EVN Macedonia: „Системски прекин на сите ваши задоволства.“
- EVN Macedonia: „Сметката иде, без разлика дали во ноќта се виде.“
- EVN Macedonia: „Купете си батерии!“
- EVN Macedonia: „Силно светнал ден, на периоди.“
- EVN Macedonia: „Греј си душа, само не на струја!“
- EVN Macedonia: „Тетово“
- EVN Macedonia: „Легнете си порано, за да не морате подоцна!“
- EVN Macedonia: „Зимски сон на дрва“
- EVN Macedonia: „Ноќта е за спиење!“
- EVN Macedonia: „Кој вели дека сè тече?“
- EVN Macedonia: „Проблем во ноќта!“
- EVN Macedonia: „Зимски сон со пречки“
- EVN Macedonia: „Живот на батерии“
Дискусија
imam problem so drvo koe grankite mu dopiraat vo zicite drvoto e na komsijata a zicite od struja pominuvaat nad mojata kuka preti golema opasnos da dojde do golemi posledici so zapaluvanje i zrtvi ve molam da dojdete nalice mesto da se uverite darko mitrevski ul 519. br.20. nas.keramidnica