Кога во 2010 година, EVN Македонија го промени системот за наплата на потрошена електрична енергија, пишав напис. Во него објаснив дека всушност државата е таа што има поголем интерес од зголемувањето на цената на електрична енергија за крајните потрошувачи, а не EVN Македонија. Кај ЕЛЕМ и МЕПСО одат повеќе од 60% од вкупната вредност на секој продаден киловат час електрична енергија. При формулирањето на цената за крајните потрошувачи, 55,75% од вредноста ја определува ЕЛЕМ, 6,51% МЕСПО, а за 37,44% од вредноста одлучува EVN Македонија.

АД „Електрани на Македонија“ или скратено ЕЛЕМ е компанија во државна сопственост, па Владата на Република Македонија е всушност надлежна за нејзината работа. Истата приказна важи и за АД „Македонски електропреносен систем оператор“, односно МЕПСО.

Денешното поскапување на цената на електрична енергија го доживувам како особено проблематично, заради тоа што повеќе нема да постои можност за користење на струја по поевтина цена во периодот од 13 до 16 часот, од понеделник до сабота. Колку за информација, цената на еден киловат час е 1,90 ден. во евтината, а 3,80 ден. во скапата тарифа.

Не знам каква игра е во прашање, но Владата на Република Македонија никако не смеела да прифати вакво барање од страна на EVN Македонија. Напротив, требала да се избори за зголемување на бројот на часовите со евтина електрична енергија.

Поскапувањето на струјата ќе предизвика цела серија на други поскапувања и ќе го направи секојдневниот живот поскап, а со тоа и граѓаните, посиромашни.

Економски раст? #манемојдамејебеш