Веќе навистина ми досади да го правам муабетов ама имаше денес неколку ситници, па да поделам. Риверсофт дефинитивно не продава компјутери со ваучери легално… или барем не оние конфигурации за кои се доплаќа. А во моментов такви се сите, бидејќи нели нема конфигурација со монитор, за помалку од или еднакво на 12.300 денари. Што се случува? Сакаш да купиш компјутер со доплата и како составен дел на истиот да вклучиш и да речеме LCD монитор, на ваучерот т.е. на посебниот формулар се внесува сумата на конфигурацијата без таа да ја вклучува и цената на мониторот. Значи, за ваучер и доплата ти продаваат конфигурација без монитор, што е нели нелегално. Мониторот ти го наплатуваат во вкупната сума, но како посебен дел, на посебен документ, за кој соодветните институции немаат увид или пак имаат увид и се толерантни. Патем општиот впечаток што го имав додека се наоѓав во просториите на компанијава, беше дека јас сум дошол таму да земам нешто гратис или да се ценкам, а сигурен сум дека таков впечаток немаше да добијам ако атмосферата не беше како на пазарче. Јас разговарам со еден од вработените (Персонал-ниов), кога во даден момент, на сред дијалог, влетува познаник на Персонал-ниов, ни го ебе муабетот и јас добивам игнор. Култура алооооооо..!!!
Друга работа… компјутерот го плаќаш на едно место, а го подигаш во магацин што е 15 километри далеку од продажново место. Тоа е дополнителен трошок! Да, така можеби се спречуваат дополнителни гужви и се прави подобра организација за вработените, но потрошувачот е оштетен. Нема секој да даде 200 и кусур денари за такси до Сингелиќ и да се врати дома за уште 200 и кусур. Ај што нема, туку и не треба има. Од кога бе поранешните простории на Европски Универзитет се магацин на РиверСофт?!
Трета работа, ако сè уште има некој што не чул, компјутери купени со ваучери се препродаваат за 120€. Таа цена континуирано паѓа…
Поделбата на ваучери и морално и интелектуално го осакати овој и онака неписмен народ.
Дискусија
хаха, јеби га. :)
Ама си ја одбрал и фирмата, еднаш додека го имав MacBook-от отидов да си купам pcmcia wireless картичка за него и пошто имав Ubuntu на него се напраив луд и го прашав дечкото таму дали ќе ми работи, баравме по кутијата читавме и на неа само Windows. :) Ја вади дечково картичката ја врти од позади и вика “АХА!.. еве бе ќе ти работи гарант еве тука пишува MAC“ (покажува кон MAC адресата на картичката). Веќе не влагам таму.
Не дека ќе најдеш во некоја фирма некој повеќе што се разбира, тоа е… :D
Инаку секој гледа што е можно повеќе да закачи сега, ако правеле нешто нелегално ја би ги пријавил без око да ми трепне.
Кај Гемиџи на блог пишував дека, и покрај се, ваучериве на некои луѓе навистина им се наоѓаат за работата за која се наменети. Сега ми текна уште еден детаљ.
Со оваа акција на Владата некои валкани и работи од животот за прв пат се доближени до млади луѓе. Одамна пишува во весници за проблеми со лекови на пример, ама тоа било прашање за пензионерите и ретко кој студент не се замара со тоа кога секогаш родителите одат во аптека. Ова некако дојде од прва рака на нивен грб. Може и корисно да биде.
Незнам како идат работиве сега во Риверсофт. Јас пред некој ден земав компјутер од таму. Морав да земам конфигурација со монитор – тогаш сеуште мораа тие две работи да одат заедно. Од вкупната цена одбија 12300 и остатокот го платив во кеш. Чиста работа.
Сега нешто е сменето. Немора да купиш и монитор. Или, можеш да купиш само монитор. Нешто такво прочитав. Незнам… Мислам дека ни Владата незнае. Особено поради фактот што имав преписка со Генералниот секретаријат на Владата да ми објаснат како мониторот е дел од компјутерот и како да набавиш компјутер со монитор за 12300 денари, кога само еден монитор чини колку ваучерот. Дента кога ми одговорија дека МОРА да се набави компјутер со монитор и дека нема да има било какви измени сега, Ивица Боцевски излезе на прес-конференција во која соопшти, меѓу другото, дека терминот компјутер ќе се толкува полиберално и ваучерот ќе може да се искористи за компјутер или за монитор или за комплетна конфигурација, без ограничување. Нејсе, јас веќе набавив комплетна конфигурација. Подоцна го продадов мониторот. Барем за другите излегле во пресрет, што е сосема ОК.
А, РиверСофт и нивниот магацин (фабрика?!) во просториите на поранешен ФОН/ЕУРМ… Тоа е супер идеја. Огромен простор кој инаку седи празен е искористен за склопување на компјутери. Дечките таму работата турбо, затоа што менаџментот на РиверСофт направил одлична кампања. Далеку е – тоа е јасно. Можеле да најдат начин да ги префрлат до центар готовите компјутери, ама прашањето е: каде во центар? Толкава гужва има во канцелариите на РиверСофт што е невозможно стотици компјутери да бидат издадени таму.
Леле… MAC еј… хахаха :)
A чудна работа конфигурацијата што ја земав е екстра. Дури мислам дека од компанијава не се ни свесни што даваат за тие пари… иста таква конфигурација по други, нешто покултурни компании кои продаваат бренд чини и до 30,000 денари. Ми се насмевнала среќата овој пат или можеби не?
Како кому, можеби доцнам со коментаров, но мене ми се насмевна. Секако доплатив разлика на ДДВ-то околу 300 ден. за Оптички уред (ДВД рекордер 1700) и повторно по една недела чекање уште 300 денари, заради тоа што немале на лагер тоа што го платив и дури ми рекоа дека втората доплата во поголем дел оди на нивна штета???
Конфигурацијата стана CPU-3.06 MHz, RAM-OT 512 DDRII, HD 160 Gb и се друго онборд (лан, саоунд, графика итн)
сСе беше сушер, додека не се вратив и не констастирав дека немам оперативен систем. Во ред е и да нема, но ТРЕБА ДА КАЖАТ за таа работа…
поз