ubuntu
Следното Ubuntu следува во октомври годинава и од информациите до кои стигнав, ќе има многу новини. Како една од најглавните е интегрирањето на „Compiz Fusion“ во дистрибуцијата (ова е од вчера), и неговото назначување за основен генератор на работната околина, за системите што располагаат со соодветен хардвер. За послабите конфигурации сѐ уште ќе си постои Metacity.

Меѓу другите новини:

  • 2.6.22 Linux kernel
  • Xorg 7.3
  • Upstart 0.5
  • Ubuntu 7.10 Mobile
  • Ubuntu 7.10 Embedded

Официјално: 1, 2, 3.

Патем, си ја најдов позадината за Убунту што ја имам направено одамна. :)