Он.нет ги има хостирано сите епизоди од серијата „Досие Скопје“ и тие се достапни за гледање, но нивниот видео плеер е нетипичен, па доколку сакате да преземете било која од епизодите, со помош на некој додатокот за Firefox – на пример: DownloadHelper, нема да можете. Сепак, со помош на Firebug можете да ги дознаете сите потребни информации и самите да ги составите директните врски до видеата што Он.нет ви овозможува да ги гледате преку нивниот плеер.
Во продолжение ги наведувам трајните врски (се надевам, такви и ќе останат) до епизодите. Со клик на било која врска, веднаш започнувате со преземање.
- Епизода прва: Идат Турци (со големи штурци) (1901 – 1910)
- Епизода втора: Падна бомба од небеса, па удари баба меца период (1911 – 1920)
- Епизода трета: Циција, циција, српска полиција (1921 – 1930)
- Епизода четврта: Шири, шири, весели пешкири! (1931 – 1940)
- Епизода петта: Кукавица кука, Хитлер да испука! (1941 – 1950)
- Епизода шестта: Славејчето пее – Тито да живее! (1951 – 1960)
- Епизода седма: Градот убав, пак ќе никне… (1961 – 1970)
- Епизода осма: Чаталигу – паталигу – урнам – бутнам колку се… (1971 – 1980)
- Епизода деветта: Кој искочи – тој е прв! (1981 – 1990)
- Епизода десетта: Македонија, компанија, месо-боранија (1990 – 2000)
Врска до оригиналната XML датотека.
Претпоставувам дека врскиве веќе одамна ги има по други блогови/форуми/портали… сепак, еве ги и на Паблишер. Пријатно гледање. :)
Дискусија
Не работи.
Линковите очигледно се генерираат динамички. Најверојатно, некој од тоа хакерчињата во он.нет се правел паметен, за да не се преземаат видеата.
Ма, тие не работеа ни 2 дена откако го објавив записов. Сепак, постојат торенти. За тие што се заинтересирани, еве торент со сите епизоди од „Досие Скопје“.
http://rapidshare.com/files/266876560/__1044___1086___1089___1080___1077____1057___1082___1086___1087___1112___1077_.torrent.html
не постои повеќе торентот.. Друго место од каде можам да ги симнам епизодиве или каде можам да најдам торент?
@Мартин
На Google Video ги има првите 4 епизоди. Веројатно и другите ќе бидат додадени во иднина.
8, 9 и 10 епизода ги има на Tracker-MK (треба да се регистрираш – бесплатно).
Сигурен сум дека 6 и 7 ги има некаде, но во моментов не знам каде.