Само што имав прилика да ја погледнам првата емисија од проектот „Едубунту“ на ФОН Универзитет (МТВ1 – 10:30 и 14:30 | МТВ2 – 9:30 и 13:00). Не ми е јасно, зошто проектот е толку евтино продукциски изведен? Не ми е јасно ни, како Министерството за информатичко општество воопшто исплатило средства за олку несериозен проект?
Емисиите се изработени според книгата Edubuntu Linux & Open Office од С. Арсеновски и Ѓ. Какашевски, и упатствата за Едубунту апликациите изработени од ФОН Универзитет. Тие се наменети за учениците од основното и средното образование, студентите, наставниците, но и за целата јавност и сите оние кои ќе се сретнат со оперативниот систем Едубунту (Убунту) или некој друг Linux систем. Станува збор за 40 краткометражни емисии со времетраење од 15 минути, изработени во најсовремена техника и според најсовремени стандарди за е-учење. Со ова, емисиите освен што ќе бидат прикажувани на ТВ, ќе бидат искористени за дистрибуција и учење и на други медиуми како ДВД дискови и системи за е-учење.
Вие, ни техника сте виделе, ни стандарди. И немојте да се лажете дека македонските граѓани се наивни или пак дека не заслужуваат подобро.
Навистина ми е жал, што на врвен едукативен софтвер како што е Edubuntu, му е даден толку примитивен третман.
Емисиите се уште еден допринос во користењето и развојот на слободниот софтвер во Р. Македонија, а за ФОН Универзитет доказ дека е лидер во оваа област и активен учесник во современите образовни процеси во државата.
И не е, единствено важно нешто да се направи. И тоа како е важно, како тоа ќе се направи.
Дискусија
Газдата на ФОН – коалиционен партнер во власта… Па види ти сега… :) Премногу политика, врски, shit
А сигурно го снимаат со опрема на А1 телевизија …
Едубунтуто кое што е поставено во училиштата е далеку од „врвен едукативен софтвер.“ Пристапот до речиси сите понапредни опции е оневозможен, Firefox-от не секогаш работи, а кога работи најверојатно нешто друго не работи и сл. Понекогаш се прашувам зошто воопшто тие сеуште се трудат на ова поле. Ми делува како непоправлива грешка, па мора да се почне одново.
Искрено не сум ги гледал овие „образовни програми,“ но можам да замислам за каков врвен квалитет станува збор: тој, типичниот за МТВ. Под „современа технологија“ најверојатно мислеле на 3-години старата верзија на Istanbul. =)
Сепак, оваа драма е трагедија. Жално е што компјутерите се уништуваат поради нивната бескорисност, понекогаш и сметаат во наставата па бидуваат и бутнати.
Во кратко, проектот е пропаднат, па и нека сме ние најкомпјутеризираната земја после Јужна Кореа.
Да не вреѓам, ама целата екипа изгледа непрофесионално, од продукцијата, се до книгата на Симе Арсеновски (сепак поштовање, малце книги има за Linux на Македонски).
Наместо да направат некоја профи емисија, прават нешто што ги одвлекува и оттуѓува луѓето од користење на Linux.
Но, сите рипнаа на Linux возот, видоа шема дека е, па и ФОН мораа.