Со последната сметка за електрична енергија стигна и едно соопштение, во кое EVN го најавува последното поскапување на електричната енергија и меѓу другото, појаснува колкав дел од заработувачката од наплатата на сметките за електрична енергија останува во рацете на компанијата.
Ако овие информации се точни, тогаш јасно е дека државната компанија ЕЛЕМ има најголема корист од секое поскапување на електричната енергија и некако логично е, за да ја зголеми заработувачката, да бара поскапување на електричната енергија по разни основи.
На веб-страницата за годишни извештаи на ЕЛЕМ времето застанало во 2008 година. Нема годишен извештај за 2009 година.
Дискусија
Барањата за зголемување на цената редовно ги поднесува ЕВН, месец-два пред нова година, погледни на http://www.erc.org.mk. Високи партиски интерeси и приватни финансирања влијаат на одлуката на регулаторната комисија иако самата работи по “методологија”.
На ЕВН му останува да ни се оплакува т.е. да го оправда поскапувањето со вакви летоци, правејќи манипулации со проценти и погачи. Еве за споредба, соопштението од дек-2008: http://i50.tinypic.com/2lupb0k.jpg
@Gorco Не се работите црно-бели. ЕВН е приватна компанија и има право да бара начини да си го зголеми профитот. Проблемот е тоа што најголем дел од заработувачката оди кај ЕЛЕМ – државна компанија, а EVN е таа што треба да инвестира во инфраструктурата. Во што ЕЛЕМ ја инвестира заработувачката? Какви (видливи) придобивки имаат граѓаните од тоа?
Доколку на EVN, како на приватна компанија, ѝ бидат определени соодветни услови и ѝ биде дозволено да си ја работи работата без да биде зависна од ЕЛЕМ, мислам дека работите ќе бидат многу поедноставни.
Како ти се чувствуваш кога го гледаш Влатко Чинговски на прес-конференција како вели дека ќе вложат €600.000 во рекламни кампањи?
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=17900
Ако ЕЛЕМ произведува електрична енергија, зошто тогаш таа енергија не ја пренамени во државата наместо да ја продава? Нели така може да се намали цената на електричната енергија? ЕЛЕМ и онака работи со народни пари. Зошто буџетот не го искористи за добро на граѓаните?
Се разбира дека работите не се црно-бели, повеќе се црни! Одговорот на твоите прашања, на наша жалост, официјално може да се сведе само во два збора: Акционерско Друштво. ЕЛЕМ е АД во сопственост на државата (со закон од 2004-та, донесен од СДСМ), и како секое АД, главна цел им е профитит.
Од профитот државата (моменталната власт) го полни буџетот, што свој, што на ЕЛЕМ, а од двете места преку тендер-набавка-перење, народните пари одат во приватни џепови. ЕВН е исто така АД, но во приватна сопственост. Ако вперуваме прст кон кривецот за поскапата струја, тогаш тоа е владеачката гарнитура! Пред секое покачување, два месеци пред тоа пуштаат балони и спинови по медиуми како еден вид на подготовка.
Како што напишав претходно, “Високи партиски интерeси и приватни финансирања влијаат на одлуката на регулаторната комисија”. Многу истражување и читање треба да се направи за да се чепне дилот на ЕВН со СДСМ. Самите СДСМовци за се имаат кометар, освен за енергетските и телекомуникациските потези на ВМРО. ВМРО си ја бара својата “донација”, дури идејќи преку Законот за Енергетика, а ЕВН мислеше дека доволно донирал, и затоа до сега се натезаа по судови и медиуми. Но изгледа дека потклекнал, и оп, покачување.
Сега во летокот нема погача како во летокот од 2008-а. Затоа за мене се плачипичковци! Им требаше скоро 3 години да стават дигитални броила, надвор од своите вработени, а за струја на претплата, можеби 2014-та само во Скопје. За намалување на работната сила од 2006-та наваму и да не коментирам.
Како еден вид на мини хронологија на настаните, погледни на http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BED718B68CDB7345AF96904D212A8371
P.S. Како наровоучение, следи изјавата на Колин Џефри, регионалениот директор на „Џонсон Мети“:
“Она што го кажувам на администрацијата и Владата во Македонија е дека ние, „Џонсон Мети“, не сме политичка организација, така што во секој случај даваме донации на сите политички партии“, 14.05.2008, http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=92898