Здружението за заштита на авторски музички права – ЗАМП има нова телевизиска кампања за промоција на почитувањето на авторските права.
Зад слоганот „Музиката не е бесплатна“, ред се редат „реномирани“ музичари од Република Македонија, што би требало на обичниот човек да му појаснат, зошто тој би требало да плаќа, за да ја слуша нивната музика (за да ги почитува нивните авторски права).
И додека во светот музичарите издаваат албуми бесплатно и ги дистрибуираат сосема слободно, кај нас, некој очигледно има премногу слободно време, штом се сетил да нè потсети дека музиката има парична вредност и дека само под услов таа вредност да биде исплаќана, е можно нејзиното создавање… и сето тоа фино да го обвие под превезот на авторските права.
Тој што навистина сака да создава музика [фала Бојан], во ниеден момент не се грижи дали ќе биде исплатен за своите дела. Музиката ја создава безусловно, под наплив на емоции и речиси нагонски. Тој што сака да продава музика, не е истиот човек.
Штетата што ќе биде нанесена со оваа кампања е голема. Луѓето што не се информирани и немаат став по прашањата што ги третира ЗАМП, многу лесно ќе бидат наведени на погрешен заклучок – дека музика може да се создава, единствено ако се има финансиски средства, односно ако се почитуваат извесни авторски права. Ни едното, ни другото не е точно.
Преземете некоја бесплатна апликација за правење музика и отсвирете нешто. Ќе видите дека, за тоа, нема да ви треба ни денар. Потоа објавете ја музиката на некој бесплатен сервис како што е Jamendo, па ако сте навистина добри, можете да постигнете и планетарен успех. Каде е ЗАМП во примеров? Го нема.
Приказната за авторските права е во функција на изнудувањето финансиски средства во името на уметноста. За тоа, кај Новица, секогаш има нешто повеќе да се прочита.
Дискусија
Тешко на другите кога има морони со такво размислување како твоево !
Секој си има право да одлучи дали ќе создава нешто бесплатно или за да заработи од тоа. Не зборам само за музика, туку баш за се што може човек да направи. Ако не сакаш да платиш за музиката, тогаш немој !
И наместо да тресеш вакви глупости, земи ти во една апликација за правење музика направи го следниот хит што ќе сакам да го чујам кога следен пат ќе пуштам радио !
Фала Мете! Се надевам дека еден ден и ти ќе имаш моронско размислување како моево.
Ако сакаат да компонираат и да пејат за пари, нека одат во кафана или во ресторан.
Како бе ова не им текна на Јонче Христовски, авторот на Македонско девојче, или на Гоце Николовски, кој се прослави со Бисер Балканаки, иако песната не е негова оригинална композиција ?
Цели концерти се емитуваат на YouTube и можат директно да се симнуваат додека траат, бендови ги објавуваат своите најнови албуми на Интернет за да истите бидат бесплатно симнати, а на нашинциве им текнало дека “музиката не е бесплатна”.
Последен пат кога слушнав, инструментите ја создаваат музиката, а свирачите ја свират.
И човекот создава звук со гласните жици, но јазикот е средство за меѓусебно разбирање.
Не сум слушнал досега некој да си ги присвоил азбуката и јазикот на некоја нација како своја, па нацијата да треба да му плаќа за да чита и пишува на истата таа нација и за да говори на истиот тој јазик.
Очигледно и кај нас стигнала радијацијата од Фукушима, Јапонија, па овие ЗАМП – овциве се меѓу првите озрачени.
Треба да им помогнеме.
Не сум слушнал досега некој да си ги присвоил азбуката и јазикот на некоја нација како своја, па нацијата да треба да му плаќа за да чита и пишува на истата таа АЗБУКА(а не нација, моја печатна грешка) и за да говори на истиот тој јазик.