Сметката за електрична енергија што ЕВН Македонија (EVN Macedonia) ни ја испорача за февруари-март, 2015 е околу 6.300 денари. Во сметката нема ништо спорно, освен што е за околу 12.000 денари пониска од претходната. На што се должи оваа огромна разлика? Не знам.
Сепак, за мене огромната разлика е јасен показател дека сметките за електрична енергија во Република Македонија се паушални и по потреба се зголемуваат или намалуваат.
Кога се јавив да прашам на што се должи високата сметка за струја што ја добивме за минатиот месец т.е. јануари-февруари, 2015, операторката со која што разговарав телефонски, не беше многу јасна во искажувањата. Сепак, наведе дека ЕВН Македонија (EVN Macedonia) има законска обврска најмалку еднаш во годината да изврши прецизно читање на мерилата за потрошена електрична енергија, како поткрепа на нејзиното тврдење дека пресметаната сума во сметката за февруари, 2015 г. е точна. Инсистирав на тоа дека имаат направено пропуст и дека сакам да поднесам приговор, но ми рече дека тоа не е можно телефонски и дека морам да појдам во некој од нивните пунктови.
Не знам зошто операторката спомна дека имаат обврска каква што имаат, но ако претпоставиме дека ЕВН Македонија (EVN Macedonia) само еднаш и ќе изврши читање на мерилата, тогаш се поставува прашањето, како одредува колку електрична енергија е потрошена во останатите единаесет (11) месеци?! Уште едно многу важно прашање е како се случило ЕВН Македонија (EVN Macedonia) да се ослободи од обврската редовно да врши читање на мерилата? Како потрошувач, многу ме интересира и би сакал да знам дали плаќам нереално високи сметки за електрична енергија и дали паушалните сметки на ЕВН (EVN) се резултат на некаков таен договор со македонските власти.
Наидов на писмо што стигнало до редакцијата на Infomax.mk, во кое што се наведува дека ЕВН Македонија (EVN Macedonia) во ноември, 2014 година го има драстично намалено бројот на отчитувачи на мерилата за потрошена електрична енергија.
Последната измена на цената на електричната енергија во Република Македонија била направена на 1-ви јули 2014 година и оттогаш цената на kWh електрична енергија што ја испорачува ЕВН Македонија (EVN Macedonia) е 2,80 денари, односно 5,59 денари.
Еве како се менувала цената на електричната енергија на ЕВН (EVN) низ годините:
Не, не дека има поскапено нешто струјата: 2011: 1,67/3,34 2012: 2,09/4,18 2013: 2,03/4,05 2014: 2,03/4,05 2015: 2,80/5,59
— Goce Mitevski (@GoceMitevski) February 27, 2015
За проблемот со паушалните сметки на ЕВН (EVN), годинава имаат известено/објавено/пишувано многу малку медиуми (24 Вести, KumanovoNews и уште два-три други). Можам да претпоставам зошто.
Ги поканувам пишаните и електронските медиуми во Република Македонија да истражуваат повеќе на оваа тема и да откријат зошто ЕВН Македонија (EVN Macedonia) повеќе нема обврска секој месец да ги чита мерилата, односно кои се последниците од тоа.
Дискусија
Можеби е така , но мене лично ми мириса на несто друго…
Имено – ЕВН Македонија нели ги смени броилата , па се појавија луге(нивни вработени ) кои им најдоа слаба точка , па за кратко време се збогатија , нашата ЕВН со помош на државата , ги испоказни лугето кои дадоа по стотина , или повеке евра , а прекршителите , односно оние кои се збогатија на брзина , демек ги фатиле и ги казниле.
Нема врска – тие сто ги расчепкаа новите броила…си се некаде…убаво нафатирани…останаа само оние кои си ги дадоа можеби последните пари , за на крајот да бидат уште и казнети.
А пак јас претпоставувам нешто друго- ако овие броила се најсофистицирани , и ако се читаат со апарат кој се лепи некаде на броилото , замислете колку им е тешко на стручните лица на ЕВН да направат програма да истиот тој апарат ја менува состојбата на потрошената енергија , имено вие реално имате потрошено на пример 1500 кв , и доаѓа дечкото со апаратчето за читање , го наслонува на броилото , и следниот момент вие имате веќе 3000 кв , кои одма влегуваат во системот за наплата.
Како ке докажете било каде дека ЕВН ве краде – Н И К А К О …
Размислете МАКЕДОНЦИ , зошто не можете да преживеете во сопствената држава…
Vo Avstrija chitaat ednash godishno pa nikoj ne se buni. Ako sakate sami chitajte si i prakjajteja sostojbata do EVN tie kje vi fakturiraat vrz baza na vashata prijava ama ne zaboravajte deka 2 pati godishno tie sami chitaat.
Во Бугарија луѓе се палеа живи на улица нашата најголема жртва е статус на фејсбук јаката нација сме !
Дали господата од ЕВН Македонија ќе се согласат со ова:
Господин од ЕВН оди на пазар и сака да купи јаболка.
Господинот од ЕВН: Која цена ви се јаболката?
Продавчката на тезгата: 30 денари за килограм.
Господинот од ЕВН: Тогаш, дај измерете ми 9 кг.
Продавчката на тезгата: Во кесата става јаболка, а потоа на вага. Му мери 6 кг.
Господинот од ЕВН: Ама јас ви реков 9 кг.
Продавчката на тезгата: Да Господине, така ми рековте.
Господинот од ЕВН: Е па, зошто ми измеривте само 6 кг.
Продавчката на тезгата: Е па, поради тоа што имате моќност да купите 6 кг.
Господинот од ЕВН: Од каде вие ја знаете мојата моќност?
Продавчката на тезгата: Па, од таму што сите купуваат по 1-2 кг.
Господинот од ЕВН: Добро, тогаш ајде да наплатам.
Продавчката на тезгата: Рачуна (6х30)+(3х30)+(3х30)+(1х30)=390 денари.
Господинот од ЕВН: Како е тоа можно, 6 кг. по 30 ден. е 180 денари, а вие ми рачунате дупло?
Продавачката на тезгата: Не Господине, се е точно израчунато.
Господинот од ЕВН: Како е точно, тоа никако не може да биде!
Продавачката на тезгата: Нели ми рековте дека сакате да купите 9 кг. јаболка.
Господинот од ЕВН: Да, ама вие ми измеривте 6 кг.
Продавачката на тезгата: Не, ја измерив 9 кг., ама тие 3 кг. ги одбив поради Вашата моќност.
Господинот од ЕВН: Значи мене ми продавате 6, а не 9 кг.
Продавачката на тезгата: А тие, 33,33% поради Вашата моќност?
Господинот од ЕВН: (Ајде да речеме дека се согласил со ова, што никако не ми е верно), па ја продолжува дискусијата со продавачката. А од каде пак уште овие 4 кг. јаболка што сакате да ми ги наплатите?
Продавачката на тезгата: А извинете, тоа заборавив да Ви го кажам. Тоа се 3 кг. јаболка, плус 33,33% или вкупно 4 кг., како аконтација за наредниот месец.
ЈАС: Бидејќи не бев присутен при пазарот, што мислите каква била реакцијата на Господинот од ЕВН и што се случило после сето ова?
Само информативно да споделам…во текот на минатата година два пати ни го сменаа саатот за ел. енергија ..сегашниов саат не го читаат дома туку имал гпрс и го читале од таму …нашата сметка за минатиот месец изнесуваше неверојатни 25 000 ден. Да напоменам дека претходните сметки со иста потрошувачка како и пред тоа изнесуваа најмногу до 7000 ден во зима . кога се пожаливме во евн ни рекоа да си го прочитаме саатот сами и дека сигурно толку сме потрошиле . Нема каде да се жалиме и кој да не заштити од евентуални неправилности од страна на евн .
Шемите на крадење им се истите (копирани) од Американците пред неколку децении. Најдобро се објаснети во документарецот „Enron: The Smartest Guys in the Room“
Точно, доста работи копираат од Америка. Само што во Америка сметката за струја не е цела плата или пола плата. Чак и третина е ногу. Просечна домашна сметката за струја со регуларни домашни апарати (шпоре, тв, фрижидер, светла) е $60-70, vs минимална просешна плата од $2000.
ЕВН ќе работи матно, се додека власта и го дозволува тоа, а народот нема кој легално да го застапи и да го заштити. По нивото на корупција во државата се поблиску сме до Мексико и Колумбија. Страшно.
@Blagoja
Чисто информативно не постои повеќе ангажирана моќност од 33%.
Како што може да се примети има вештачко зголемување на цената во 2015 година за да се анулира анг. моќност.
Presmetajte ja narednata smetka za struja
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.embarcadero.ElCal&hl=en
Почитувани од ЕВН,
Поради прекин на електрична енергија ,веќе трета недела во овој месец Јули им го одзедовте денот четврток како ден од работната недела на фирмите од Тетово према Јажинце. Овој месец ние наместо 21 ден работен имавме 17 работни денови. Кој ќе ни ја надокнати направената загуба од 3 дена ? ( до овој ден 27.07.2016 г. можеби ќе имаме уште некој ден недостаток на ел, енергија)
Често пати читам Ваши одговори па го спомнувате запад во врска со читање на броилата дека и тамо се читаат еднаш годишно па дури и граѓанинот е должен два пати годишно да го прочита броилото и сл. ( за мене ова е непознато) ама доста добро сум запознат дека на запад да им одземеш три работни дена на фирмите јас мислам не би ве имало на список на фирми во Државата. Така да не го спомнувајте многу запад пошто далеку сте од него и Вие и ние. Него сакам да се вратам на муабетов мој, свеснетесе веќе еднаш дека неможе да ни ги одземате работните денови, доколку имате некои планирани исклучувања правете ги во Недела пошто претеравте секоја граница. Или пак треба да ви доставиме фактури за надокнада на штета??? Поздрав