Но вие, уморени од светот! Вие светски мрзловци! Вас треба човек да ве фрасне со прачка! Со прачка треба пак да ви ги оживи нозете!
Зашто: ако не сте болни и преживеани бедници, од кои земјата е преситена, тогаш сте итри мрзловци или сладострасни мачки-гурмани. И ако не сакате веќе да трчате весело, треба – да исчезнете!
Човек не треба да сака да биде лекар за оние што не можат да се излекуваат: така учи Заратустра – исчезнете!
стр.199 – „Така зборуваше Заратустра“ – Фридрих Ниче [EN] [МК]