Листа на опции за кои можеби не сте биле свесни дека постојат во Mozilla Firefox:
Брзи преземања
Додавајќи ја иконата за преземања во горниот лев дел на прозорецот ви овозможува инстантно преземање на датотеки. Со влечење на било која врска врз неа, веднаш започнувате со преземање на надворешната датотека.
Врска во ново јазиче без користење scroll-click
Со Ctrl
+ клик на било која врска, ја отворате врската во ново јазиче. Ова важи за сите врски, вклучувајќи ги и оние што сте ги зачувале во листата на омилени (обележувачи). Оваа комбинација е еквивалентна со опцијата „Re-use current tab“ во интернет прелистувачот Opera.
Врска во ново јазиче (без фокус/во позадина)
Со Ctrl
+ Shift
+ клик отворате врска во ново јазиче пришто новоотвореното јазиче не се стекнува со фокус т.е. се отвора во позадина. Со Ctrl
+ B
ги прикажувате омилените веб-сајтови (обележувачите) во страничната лента од лева страна.
Зачувување на favicon
Во Firefox можете да зачувате favicon за било кој веб-сајт. Со десен клик на било кој дел од веб-сајтот се избира „Види ги информациите на страницата“, па од јазичето „Медиум“ во листата се наоѓа адресата на иконата, се означува, по што иконата се прикажува во подолниот дел од прозорецот. Со клик на копчето „Сними како…“ овозможенo е зачувување на иконата на било која локација на хард дискот.
Означување на целосната адреса во адресната линија
…со единечен клик на иконата што се наоѓа на самиот почеток на адресната линија (истата икона може да се користи за создавање нов обележувач со влечење – кога ќе застанете со покажувачот над неа, од стрелка покажувачот се претвора во рака)
Влечење врски
Со повлекување на било која врска во адресната линија се повикува дадената адреса. Нема потреба од потврдување на командата од тастатурата или пак со дополнителен клик со глувчето.
За дел од овие опции имам прочитано на Mozilla Links. Патем, погледнете до каде е работата со менувањето на изгледот на Firefox 3. Firefox сè уште најдобро изгледа под ГНУ/Линукс.
Дискусија
Извини, ама ја си мислев кујзнае шо ќе видам (првпат на македонски) како на пример дали е подобро во about:config да има network.pipelining.maxrequests 128 или 256, а не ова бледило
Извини, ама јас не пишувам за ничии очекувања :) А за тоа што те интересира можеш и самиот да истражиш па да напишеш кај тебе на блог, на пример…