Има еден релативно глупав веб-сајт кој често го посетувам кога ми е здодевно и обично успева да ми потроши најмногу 5-10 минути од досадата, но денес за прв пат се фатив себеси како всушност читам нешто на Inethouse.
Некој корисник решил по 4 години да го надгради компјутерот, па бара мислење од останатите корисници дали да остане со Windows XP, да се одлучи за Vista или пак да се преориентира на MacOS. Многумина коментирале… еден според мене е реален:
Never go for a mac my friend! If you wanna buy a mac but install windows that will be fine (having both os). But don’t believe what they say in their ads. They say “Think Different”. Thinking different is NOT enough! Mac is for people who don’t know any thing about PC or trouble shooting. They just want something that works that they can check their email, chat, use iBlah to make pretty stuff to show off for their friends. But the truth is there is yea it just works, But there is not much to work with! You can’t make a website with .mac and sell it. Cuz it’s SO DAMN ugly and it’s SO limited in designing. For video/Music editing/compositing people use mac in the industry. But I don’t get WHY? There are A BUNCH of programs that are WAY better than the ones are used in mac. In Animation industry people use Windows mainly. For programming, .NET, ASP and PHP people use mostly Windows. For hosting is 40% Win and 60% Linux and I prefer linux in this case (not mac). And finally in HARD CORE realtime editing people use windows but mostly Unix systems like IRIX. врска
Никогаш не сум користел Mac, но по сите нивни глупави реклами, презентации, мислења и заблуди, некако сè ме тера на мислење дека, штом некој толку многу посветува внимание на шминкање на својот производ, сигурно има многу добри причини и премногу слободно време за да ги прикрие неговите слабости. Со други зборови има лоши задни намери. Ако се симне шминката, тогаш MacOS X нема да биде ништо подобар од било која современа ГНУ/Линукс дистрибуција. Денес за ГНУ/Линукс има прекрасни апликации (Blender, OpenOffice.org, Firefox, Thunderbird, Amarok, Miro, Gimp, Pidgin, Compiz Fusion…), што се исклучително пријателски ориентирани и многу, многу стабилни. Доколку MacOS X „го користат професионалци“, зошто истите тие професионалци не би можеле да цртаат, дизајнираат, обработуваат во Inkscape, Blender, Gimp?! И кој вели дека во Windows Vista е полесно да се снајде човек отколку во Ubuntu, на пример? Тој што мисли така веројатно има погрешно мислење за сопствените квалитети и капацитети, па не му е ни важно дали постои план Б кој е подобар од неговиот. Кога таквите луѓе ќе почнат да користат ГНУ/Линукс, човештвото ќе може навистина да се гордее… не заради отворениот код… не заради лиценците… туку заради патот по кој ќе почне да се движи. Тогаш веројатно ќе се слуша само џез и блуз. (I wish :))
Во овој релативно краток период откога го истражувам ГНУ/Линукс (главно Ubuntu/Kubuntu/Xbuntu/Knoppix/Mandriva/Fedora) постојано ми се провлекува една иста мисла: луѓето што успеале целосно да преминат на ГНУ/Линукс меѓу другото, се слободни од предрасуди, речиси секогаш знаат точно што бараат и што сакаат, умеат да направат разлика помеѓу добро и лошо и за среќа или не, се надвор од „толпата“.
Во оној момент кога Adobe ќе реши да објави ГНУ/Линукс верзии од Creative Suite, Apple ќе почне да пропаѓа и конечно ќе остане да се добие потешката битка со Microsoft. Ако тоа не се случи до 2010 тогаш веројатно нешто погрешно сум разбрал и сум преценил. :)
Дискусија
Mac сакам MacBook со 2 гига рам и да му стаам Debian или Ubuntu на него.. да пршти.. мераци, ради хардверот и дизајнот, ништо друго..
Иначе иам користено Mac и во споредба со се друго интерфејсот е мадрфакр, ко дрога е, се навлекуеш од што е добар.. среќа што GNOME го развиваат ептен во таа насока и имам кај да си се кријам од Mac OS-от.. :)
Иначе друг проблем е софтверот, или иди купи си го или чекај торент со 1 сидер 20 дена да ти симне едно просто програмче, катастрофа е тоа ептен со софтвер на интернет за него.
нема везе, јас сум среќен мек корисник, лудница е.
мислам највише мрзам коа некој шо не користел (а па и да користел, голема работа), ќе ме убедува шо ми е боље. ја викам, препороден сум на мекчево, ем ради графика, миљон features, ем ради тие програмчиња кој што авторот вика дека се за show off и све.
Со новиве мекови веќе не е важно дали имаш Mac OS, скоро истата функционалност ја имаш на сите оперативни системи, сепак јас би му ставил Debian, да не се троши хардверот за џабе.
Иначе имав PPC Mac G4 и единствен OS што ми работеше потполно како што треба беше Mac OS X, и покрај тоа не го користев поради истата причина зашто не користам и Windows, пошто е пропрајтери говно со шлаг од DRM.
У реду е бе Вуна.. си го сменил едниот газда со другиот – живела револуција.
Не мора да рипаш одма кога некој ќе го спомне mac os X :)
каква револуција бре, збориме за комоција :)
1. Добро е што има понуда на оперативни системи и програми за нив. Можеби од прво создава конфузија, но мајсторите со тек на време ќе си ги најдат нивните клучеви и шрафцигери и ќе завршат работа. Благодарение на можноста на еден компјутер да се работи истовремено со повеќе оперативни системи, тоа само ги збогатува опциите на корисниците и ја подгрева нивната креативност. Исто, не заборавајте дека мнозинството корисници употребуваат само 2-3 програми и многу ограничено множество операции. Ним им е практично сеедно кој ОС го користат.
2. Аирлија преселбата, супер темплејт. :-)
@Вуна:
Не мора да чекаш да догори оганот за да знаеш дека после него има жар :)
Значи не мора да си користел Mac OS за да можеш да го критикуваш. Ти си се ставил самиот себе во рацете на компанија која со тебе може да си игра како сака. Да, според мене Microsoft е најглупиот бизнис модел од аспект на оштетување на општеството (поради нивниот краен производ – неслободен софтвер), но со Mac OS ти си ограничен и од хардверска и од софтверска гледна точка, и сепак зависиш од желбата на Apple да ја разгледа твојата идеја и примени ако НИВ им се допадне. Мене не ми е јасно како младиве кои ми се допаѓаат и се дел од нашата т.н. е-револуција или баш дигитална револуција преку нивните блогови и активистички дејанија ТОЛКУ лесно потпаѓаат под убавиот интерфејс, џиџавите фичри и скокачките џамови на Apple и Microsoft.. :/ I dont get it. Впрочем ни Lessig не ме убеди дека слободна култура може да се развива со користење на неслободна платформа. Затоа што денес таа платформа има алтернатива.
поздрав и блогов (изгледот а и содржините…) е екстра!
Благодарам за честитките :)
Microsoft и скокачки прозори? Ааа… мислиш на тоа Вис-something. На тоа нема скокачки прозорци, AFAIK има само Monstrosities of Windows. Vista интерфејсот е толку одвратен! Пластичен е!
Пишав коментар на старата адреса, ама еве ќе го додадам и тука истиот.
Супер ти е постов и скоро потполно се сложувам со сè што си пишал.
Тоа „скоро“ е зашто јас уште би додала.
Одамна сакав да пишам и јас сличен пост, ама не стигнав :/
Инаку Mac-от е симбол на капитализмот и секој што на некој начин поддржува слободна култура треба да е свесен за тоа. Mac-от е брендот на капитализмот со сиот свој сјај, гламур, празнина и декаденција.
И не е толку важно дали те служи или не, туку и тука многу поважна е идеологијата, која исто така е и основата за GNU движењето.
Мислев да го спомнам некако и новиот Macbook Air, ама сега се потсетив. Што е тоа што тој преносен компјутер има, а не е фалично?
1 USB порта?!?!?!
Нема оптички читач!!!
Хард диск од 80GB…?!
…по цена од 1800$ – 1$ ?!!!
Кој е тој нормален човек што го смислил ова (парче) и кои се фактите што биле двигател при реализацијата на „идејата“? Едно време мислев дека iPhone е најлошото што може да им се случи… ама види им текнало и полошо. :)
Да зборуваме и за Safari…
Патем видете го и ова… хихихи
Мекот е библија за сите рекламџии. Кампањите на епл се толку многу моќни и стварно направија промена ама во умовите на луѓето.
Луѓето обично паѓаат на површни работи, ретки се тие кои секогаш влегуваат во суштината и на се. Епл, или тие што им работат маркетинг, многу добро го знаеле тоа и многу добро го прочитале денешниот потрошувач.
Мекот е мода, стил, имиџ, статусен симбол. Можеш да си имаш неколку мекчиња во различна боја да ти одат со различни чевли, ташна или кравата.
Мекот е кул, тренди, стајлиш и дури ин чарџ. Младешки, иновативен, весел, позитивен… Тешко е да се одолее на сите атрибути кои се имаат изградено околу неговиот бренд. Скоро да не постои човек кој останал рамнодушен.
Но ние, кои се залагаме за слободна култура и слободен софтвер, треба да се трудиме да не потпаѓаме под магијата на адвертајзинг волшебниците. Треба постојано да ни е пред очи идејата кон која се стремиме и кои се вистинските, а особено скриените, непријатели на нејзиното остварување.
мек = крек
Јас сум презадоволен со Ubuntu и немам намера да го менувам за ништо. =)
Гоце Митевски: „Никогаш не сум користел Mac, но по сите нивни глупави реклами….“
Билјана: „Но ние, кои се залагаме за слободна култура и слободен софтвер, треба да се трудиме да не потпаѓаме под магијата на адвертајзинг волшебниците. “
Дечки одлично ви оди ова идеологијава.
Мислев дека како долгогодишни поборници на слободниот софтвер ќе имате позрели и поаргументирани points of view.
Јас сеуште не сум инсталирал Убунту, на пример. Дали тоа значи, по аналогијата на Гоце и според квалитетот на постовиве, дека мора да е катастрофа?
Томе ти си извадил два многу важни цитати, но не ти се сосем јасни. Никој овде никому не му суди. Дискутираме со цел да разгледаме што е можно повеќе аспекти на проблемот. Аналогијата што ја правиш не е моја, туку е резултат на твоите сфаќања за работите. И повторно ќе речам, тоа е твое право. Сепак мислам дека твојата аналогија е во целост надвор од границите на оваа дискусија.
Добро, сте користеле вие Mac OS X?
Или само од г`с зборите?
Сум пробал миљон Линукси и сите се НОЌНА МОРА.
Прво, мора да се намачиш како ѓаол за основни работи да ти работат, како мрежна картица, графичка, mp3, DVD, divx. Никој нема музика у .ogg, ОК?
Сите линукс „опен соурс“ гну или не гну програми се fucking ugly! Ало, најдете некој дизајнер што знае што е естетика, типографија за више да не ги гледам тие ружни дифолт фонтови од кои ме боли глава.
А да, не би било лошо да има и малце координација и конзистенција меѓу програмите.
Adobe за Линукс и други комерцијални програми? Dream on. Кога ќе бидете малце поспремни за декстопот.
Целиот впечаток што го дава Линукс е лоша ефтина копија од Битпазар.
Мај гад, БЕСПЛАТЕН Е, би мислеле дека повеќе луѓе ќе го користат. Убунту чак и ти праќа дискови дома! Фор фри!
Сега малце запрашајте се, зашто повеќе луѓе користат Mac кој треба дебело да го платиш отколку geeky Linuxot? ММммммм?
Не е само заради рекламите, реклами има одамна, ама Mac-от расне сега.
Главни кривци се iPod-от и iPhone-от, како и iTunes на Windows.
Луѓе ги користеле, виделе дека се ептен океј и отишле во Apple Store или кај нивни пријатели што имаат Mac, седнале малце пред компјутерот и кажале WOW!
Најголемата реклама за Епл се нивните корисници.
Кога ГНУ/Линукс партизаните ќе слезат од шумата и ќе направат нешто релевантно, кое ќе направи јас и други „прости“ корисници, на кои не им е важно да чачкаат по терминал, да се ебаваат со конфигурациски датотеки, туку ДА СРАБОТАТ нешто БЕЗ главоболка, тогаш и јас со цело срце ќе се пребацам во Линукс. Кога ќе направите некоја иновација без која нема да можам да живеам. Сега сте само лоши копирачи, т.е. фалшери од Турска.
Гики поздравче
Гоце, Macbook Air-от не е за секој. Има многу добро дефинирана ниша. Луѓе кои нонстоп патуваат и мора да имаат лаптоп со себе цело време и на кои им тежат тие 3 кила. И нормално фенсери.
Луѓе кои имаат кеш за уште еден Mac или PC, за поозбилна работа.
Јас сега за сега не би купил Air, би дал уште 200 евра и улалала Macbook Pro.
FYI, другите subnotebooks се поскапи, а со многу послаби перформанси.
Абе вие од Linux глупи сте, а мене и онака Windows безпари ми е. :D
Инаку Епл ако не знаевте користи доста опен соурс во својот систем. Тоа што ВРЕДИ. Kernel-от е mach/BSD хибрид(тотално open source како darwin), јузерспејсот е BSD, Apache server, Safari користи работи од Konqueror, итн.
Open source не се клучните технологии што нив ги диференцираат како Quicktime, Cocoa и самото GUI.
И скоро секој „линукс“ програм направен за X11 без проблеми работи на OS X.
Само што ретко кој ги користи :P :)
@Vrgood
Сеа не ми е јасно. Од една страна MacOs користи open source софтвер, а од друга страна истиот софтвер бил ефтина копија од Битпазар. Па како тогаш да тврдам дека MacOs e добар?
Да олеснам, не мислам дека MacOs е некаква катастрофа. Мојата лична критика е стандардна и се однесува чисто на тоа што не е слободен софтвер и тоа што неможе да се максимизираат прозори :-).
Патем, луѓе што се често на пат им треба и поголем капацитет на батерија, што не гледам дека Apple го нудат за ниту еден производ од класа лаптопи. Да, Air ќе има некои значајни подобрувања во трошење енергија со екранот, но ако треба да е ептен мобилен – ќе треба многу повеќе да изцицаат од Епл. Ова ќе е проблем бидејќи одлучиле да не користат енергетски поефикасни процесори. Засега, мојата лична пресуда за Air e срање.
@ дискусијата
Да бидеме реални – на повеќето луѓе не им требаат 100% од капацитетите кои хардверот и софтверот им ги даваат. За повеќето луѓе Windows и MacOS бркаат работа се додека не им треба нешто повеќе. Но интересно е што тие не се соочуваат со лесен излез од таквата ситуација, па тоа „повеќе“ што им треба неможе ни да се плати. Enter the free software…
Котле, зборам за ГУИ-то, хјуман интерфејсот на програмите, фонтовите и разни други финеси кои го прават системот јузабилен за end-user-от. Тоа се некои работи кои сега за сега Линукс мајсторите не можат некако да ги сватат и докучат. И што го диференцира OS X од другите Јуникси (нормално и други технологии како Quicktime, Cocoa и сл).
Опен сорс епл користи углавном испод хауба, каде што е важно да се користи и каде што блескаат. Секоја чест за тоа.
Ако те интересира што користат, изволи линк:
http://developer.apple.com/opensource/index.html
За брзината ич да не се расправаме. Епл не продава чкарт компјутери, така да сите се speed demons. Луѓето работат нормално на 5, 6 години стари Мекови со најновиот софтвер и OS (моментално леопард). OS X станува побрз со секоја нова верзија, што е реткост, затоа што цело време се оптимизира и затоа што имаат малку хардвер за кој треба да оптимизираат.
Тоа е главното кај ЕПЛ, интеграцијата на хардверот со софтверот, така да ит џаст вркс.
Значи главните проблеми кои што ги имам со Linux:
скоро ништо не работи out of the box и морам да потрошам саати и саати за да го доведам в ред. Е кога ќе го доведеш в ред тогаш работи добро. Ама јас, нити никој обичен корисник тоа нејќе да го прави.
Иц факинг агли. Иц нат јузер френдли. Да не зборам за немање никаков озбилен професионален/комерцијален софтвер во десктоп спејсот. Неможеш да споредуваш Photoshop со Gimp, Final Cut со што и да е на Линукс (има нешто такво? ), iPhoto и Aperture со смешните алатки таму, iTunes со XSAN и сл.
Кога ќе се оправи тоа, јавете се.
А да, и Фајрфокс сакс ес! Јаде меморија ко нездрав и му треба 10 години да се подигне. Да не зборам колку е спор.
Опера (на Win) и Сафари (на Маc) се 230423948 пати бољи. Оправете го и тоа ако не ви е тешко :)
Поздрав.
Поздрав.
П.С.
За Macbook Air кажав, лично не би го купил освен ако не би имал пари да тропнам на уште еден добар Mac кој ќе ми биде примарна машина. А со Air-от да се правам фраер. :)
Тоа е за луѓе на кои им прави разлика тежината, или пак се тешки фенсери.
За батериите, дјуд незнам у кој свет живееш, ама Macbooks се фејмос за батери лајф. А ако ти треба нешто поише од 4, 5 саати си носиш резерва.
Macbook Air нема резерва, ама тој не е за луѓе што се возат у автобуси (во авионите подобри има штекери за лаптоп).
Афтер ол, секој со своето, ама ако сакате Линукс да се рашири (а би можел зашто да на целиот не-Мек пазар му е „конкуренција“) поработете малце на него. Нели е опен сорс :)
Нема аир од идеали, малце резултати да видам.
Vrgood абе од татко ти фирмата да не е Apple случајно? Кого убедуваш и во што?! Дискутирај! НЕ НАМЕТНУВАЈ МИСЛЕЊЕ!
Културата на слободно живеење е многу поширока од отворање на кодот. Не треба да си програмер за да сакаш да бидеш слободен. Ти со сите твои изводења на блогов, мислиш и верувам се чувствуваш подобро за себе, но со тоа многу се ограничуваш. Не е кул да се напраиш фраер со тресење зелени, кул е да ти текне дека можеш да допринесеш за општото добро. Не е кул да го промовираш Епл, зашто тоа не е општо добро. Тоа е добро за луѓето кои имаат пари да го платат. И немој да ми кажеш дека не ти е гајле што за сметка на парите што ти ќе ги дадеш за наметната естетика (сè од Епл), некој нема леб да јаде… Секој човек е апсолутно одговорен за сè што се случува во околината. Сите сме виновни што има неписмени луѓе на светов. Најбрзиот начин да се подигне степенот на образование е да се створи база на знаење која ќе биде достапна за секој. А патот кон тоа сигурно не вклучува создавање гигантски бирократски гнезда на поединци, како што се Епл, Мајкрософт итн. Зошто мислиш дека ти се потребни убавините на Епл, за да учиш од Википедија? Кога читаш текст, очите со фејд-ин-фејд-аут да не ти поминуваат од збор на збор? Или можеби полесно би ти било да видиш анимација од инка во твојата глава, во која се слева целиот текст што го читаш?
УБУНТУ работи out of the box и тоа е факт!
Патем, од каде си сфатил дека Фајрфокс е мој или на Би или на било кој човек што го промовира и уште дека ние треба да го оправиме? Колку е мој, толку е и твој. Ако пропадне и ти има удел во тоа. Додека јас сум го поддржувал и користел, ти си го омаловажувал. Си го помогнал неговото уништување. Си ги осакатил идните поколенија. Си го збогатил Епл.
И те молам, ако имаш одговори на прашањата, напиши ги… ако не roxy под рака и направете си блог за поддршка на Епл и промовирање на МекОуЕс. Не ми го валкај просторот! Баш сум естет!
Ах, ова е разговор на слеп и глув така да ќе си идам :)
Од кога па линукс се сврзува со слободно живеење и било каква култура освен програмерската? Сакале вие тоа да го признаете или не.
Целото фри софтвер движење станува опасно комунистички и еднопартиско (линукс ис д уан ен онли, фајрфокс ис д уан ен онли). Епа жалам, јас преферирам да живеам во пазарно општество, кај што владее дарвинизмот и каде најдобриот победува, а не најпросекот. И каде што можам да трубам ако нешто е труба без да ме затворат :) Во интерес на подобрување на трубата, нели. :)
Значи секоја чест, ве бива за gnuplot, копирање на kernel и userspace (риврс инжинеринг соу ту сеј), куцање во терминал, но ако сакате да мрднете од таму кај што беа компјутерите во 80ти години, ќе треба малце да се потрудите.
Можеби најдобро би го споредил Линукс со старите комуњарски фабрики и нивниот квалитет на опен сорс Југа. Линукс е Југо, Виндоус Голф, а Мек Порше. Ко воли нек изволи. Поздрав.
И не, УБУНТУ не е добар аут оф д бокс, затоа што во секоја негова верзија некој клучен драјвер ми фали, или пак не сака воопшто да се инсталира (како на еден НОВ Fujitsu Siemens лаптоп), затоа што гаддем инсталерот си ебал матер и се прецепил на пола и некој вирд шит.
Поздравче :)
Гоце, гледам дека границите на твојава самонаречена дискусија отидоа до кај неписмените во светот, така да, имаш право, не ми е баш се’ јасно :).
Пусти сфаќања за работите…