После неколку-месечно малтретирање со предниот приклучок за слушалки, поради тоа што не ми работеше во Ubuntu (знае Дамјан), конечно имам добри вести! :)
Проблемот го решив со една линија код во /etc/modprobe.d/alsa-base.conf:
options snd-hda-intel model=ref-no-jd
За да успеам да разберам во што би можел да се состои проблемот, се послужив со официјалното упатство од Ubuntu. Потоа ги тестирав една по една опциите за мојата звучна картичка:
STAC9227/9228/9229/927x ======================= ref Reference board ref-no-jd Reference board without HP/Mic jack detection 3stack D965 3stack 5stack D965 5stack + SPDIF 5stack-no-fp D965 5stack without front panel dell-3stack Dell Dimension E520 dell-bios Fixes with Dell BIOS setup volknob Fixes with volume-knob widget 0x24 auto BIOS setup (default)
За тие што можеби сѐ уште имаат проблеми од овој тип, еве еден совет за поефикасно тестирање.
За да ја освежите конфигурацијата на драјверите за звучната картичка, нема потреба да го рестартирате компјутерот. Сѐ што треба да направите, е да ја превчитате ALSA, со помош на следнава команда:
sudo alsa force-reload
И тоа е сѐ! Ќе го постигнете истиот ефект од рестартирањето на компјутерот.
Ако некој има прашања на оваа тема, слободно нека ги постави. Можеби ќе можам да ги одговорам, иако имам релативно скромни познавања на темава.
Дискусија
Здраво Гоце,
Ме занима само која верзија на Ubuntu ја имаш инсталирано + која звучна картичка … ме чуди што имаш проблеми со предниот приклучок за слушалки. Моето искуство е скроз спротивно: на Ubuntu работи, на Windows 7 – не :)
Поздрав,
Миле
П.С. Ти го следам RSS feed-от и сум ти редовен читател на постовите (посебно оние “општествените”).
Keep it up!
Од мене имаш поддршка :)
Фала Миле!
Моментално имам инсталирано Ubuntu 10.10, иако проблемите со предниот приклучок за слушалки, почнаа неколку верзии пред да надградам на оваа, но не се сеќавам, кога точно… можеби од 9.04?
Имам матична плоча DP35DP од Intel со вградена звучна картичка (претпоставувам) произведена од Realtek, а која Windows 7 ја препознава како „IDT High Definition Audio CODEC“. Додека барав решение за проблем во Ubuntu, речиси ниеднаш не наидов на написи за слични проблеми во Windows 7, па да ти кажам и јас сум зачуден. :)