Извор: http://alfa.mk/
Извадок од економските вести на Алфа ТВ на 9.6.2011 год. Актуелниот Министер за финансии, Зоран Ставревски, навредува новинарка нарекувајќи ја „економски неписмена“.
Зоран Ставревски: Средствата од ММФ се користат согласно, договорот со ММФ за сите буџетски потреби, а пред сè за подобрување на ликвидноста на стопанството. Основно неразбирање е прашањето како што го поставувате бидејќи, парите можат да се користат само за она што, за што е одобрен буџетот од страна на собранието.
новинарка: Значи не се потрошени…
Зоран Ставревски: Значи, не разбирате ако повторно прашате исто, значи не го разбирате буџетскиот процес. Ве советувам да си го прочитате законот за буџет.
новинарка: Значи, треба да кажете можеби со чии… пари…
Зоран Ставревски: Госпоѓо вие сте економски неписмена! Не можам да ви одговарам. Тотално сте економски неписмена!
Овoј прилог не е достапен на веб-сајтот на Алфа ТВ или пак јас не успеав да го најдам. Како и да е, сега го има на YouTube.
Дискусија
Не е само овој случај, неколку пати го имам фатено на вести како на новинарите им вели да учат економија, дека не го разбираат, а тој со неговиот сувопарен ПР економски речник лета во облаци полн со себе! Тој како “врвен економист”, треба да одговори на едно прашање на ниво од 10-годишник: Како тоа за денарски плаќања, земаме кредит во странска валута, како тоа НБРМ го брани денарот и од што приход се исплаќа денарска камата на благајнички записи?
На тема ММФ, http://www9.georgetown.edu/faculty/jrv24/case.html