Денеска бев доведен во ситуација да се расправам со ценетата госпоѓица рецепционерка во сервисот на Anhoch, затоа што очигледно го погодив денот кога нејзината суета расте како квасец. Го погодив денот кога таа пали и гасне!
Спорно за мене беше тоа што, телефонски ми беше кажано дека можно е компјутерот да го донесам на сервис и итно да ми биде поправен, но кога дојдов на рецепција рецепционерката ми соопшти дека тоа не е можно и започна да ми противречи, да ми кажува како сум бил арогантен, да го повишува тонот, да ме навредува, да ме запрашува што си замислувам јас и да констатира дека не е ова моја фирма па како сакам да се однесувам, да ми се заканува дека како резултат на моето итно барање, ќе ми наплателе по тарифникот за услуги по итна постака…
Нормално дека не се воздржав и не останав инертен на навредите. Кавгите продолжија, па потоа ни се приклучи и нејзин колега, за и тој да вика заедно со нас. Наместо да ја смири неговата колешка, за колегата спорно беше тоа што јас го повишувам тонот… По некое време, видов дека воопшто не е важно што јас имам да кажам, па замолчев.
После 40 минутни консултации со сервисерот, си заминав. Тој инсистираше да го оставам компјутерот и по 3 часа да дојдам да го земам, но јас едноставно немав толку време. Проблемот не ми беше решен.
Спорно во консултациите со сервисерот беше следново:
- мојата графичка била позната како проблематична – се прашувам зошто тогаш ми ја продале и зошто воопшто ја продаваат?
- ако сум го оставел компјутерот, ќе ми ставеле уште еден кулер – зошто не ми ставиле уште еден кулер досега, ако од тоа имало потреба?
- со ситна доплата ќе сум можел да си купам подобра графичка картичка – кога прашав колку треба да доплатам, сервисерот се нечкаше, па потоа се врати со објаснувањето дека за 1 час ќе добиел одговор за сумата…
Во Anhoch купувам речиси 10 години, но повеќе нема да го правам тоа. Никогаш!
Дискусија
Е.. фино вака што си решил да наипшеш на Нет некои работи.
Ама добро е што можеме и ние да ја кажеме нашата страна на приказната…
Многу сакам да отидеш во било која фирма за комјутери во градов и да однесеш компјутер на сервис и да бараш да го сервисираат веднаш. Исто така да бараше да чекаш и седиш во нивните простории додека работат. Секоја ИТНА интервенција се наплаќа секаде во светот.
А овде да се однесуваше со почит и разбирање ќе го средевме комјутерот за еден работен ден без никаква надокнада што е нешто многу брзо по ISO стандарди за сервисирање на IT опрема кои налагаат:
Прво да се открие дефектот, второ да се отстрани и трето и најважно да се истестира решението за да не се повтори проблемот.
Ние не сервисираме со импровизации. А сега го доби компјутерот затоа што јас решив да ги прекршам сите процедури на сервисирање и за тоа да сносам последици пред одоговорните само за колку-толку да ти помогнам и за да не продолжиш со расправање со моите колеги. Но сега гледам дека не требаше воопшто да почнам да го средувам компјутерот.
Сакам вака да отидеш во некоја банка или најдобро во Телеком и да побараш нешто ВЕДНАШ да се напарави ќе видиш што ќе добиеш за одговор. Исто така кога ќе однесеш кола на сервис клучот дома со тебе си го земаш? Така и ти не сакаше да оставиш Password администраторски за да инсталираме апликација за тест??? Па после 10 минути молење попушти па остаи да работам на твојот акаунт. Од прв поглед на системот се гледаше дека корисникот немаше инсталирано драјвери за Intel Management Engine, кој покрај другото ја регулура и работата на coolerite во системот.
А за трите точки може сеа да ти обајаснам:
– Не ти реков дека графичката е позната како проблематична, туку реков дека сите графички кои бараат преку 16 ампери дополнително напојување и се изработени со 80 или 90 nm процес генерираат топлина и треба да се отворат, сите водови за ладење да се исчистат, да се смени термичка паста и да се подмачка cooler-от после подолга употреба односно кога ќе се појават знаци на прегревање. Исто така доколку се забележи некој оштетен (подуен) електролитси кондензатор истиот ќе биде сменет.
– Дополнителен case fan од 12 цм не бил потребен до сега и нема да биде потребен, но би ставиле за секој случај за да ја спуштиме малку температурата доколку компјуерот седи во неклиматизирана просторија или пак работи 24/7 на 100% оптеретување.
– За нова графичка со минимална доплата ќе станеше збор само доколку оваа беше расипана без можност да се поправи. По правило ќе требаше да чекаш иста за замена, но повторно ти излеговме во пресрет за нова графичка со минимална доплата. Јас не се нечкав туку бев да прашам за доплата, бидејќи јас немам овласутвање да пресметувам.
За крај не знам во која фирма работиш или си работел но доколку не се запазат процедурите за работа и доколку фирмата исполнува секакви желби на сите корисници тогаш ќе се створи хаос.
Затоа друг пат почитувај ги другите фирми од каде што ќе купуваш за да ги немаш истите проблеми.
Корисникот е секогаш во право кога има реални барања, а не индивидуални желби.
Поздрав ,
Игор Добрески, Анхоч
Јас сум презадоволна од сервисот и од услугата
Во Македонија нема подобри, од дома го испратив по пошта и за еден ден ми го сервисираа назад дури ни поштарина не платив.
На други места , вкучувајки ги и нептун сум имала случаи каде носам лаптоп на сервис низ прилеп , скопје , ме заборавале сум ги чекала барем две недели до 6 месеци, забораваат делови па мораш да ги потсетуваш барем десет пати . ми вратија лаптоп во кеса за леб на делови извадено буквално се и штрафови и рам меморија ми фалеше
Anhoch одлични се, ќе купувам дефинитивно од кај нив, професионалци и купувачите ги ставаат на прво место
Hahaha dobar si! A toj uste povekje.Pa koga ne ti rece deka realna zelba mu e da te vidi da vozis vo JSP teraj bato so oratorstvo I repliki.
Bravo za Anhich…lugeto ne razbiraat deka e potrebno vreme za popravka,i nesekogas e toa problem kako so si mislime deka e,…..sejakvi kugje ima i musterii i vraboteni,no spired kazuvanjeto i prikaznata na navredeniot gospodin,Anhoch se vo pravo i se najdobri
Јас пред 2 и пол месеци купив универзален полнач за лаптоп (пошто мојот ми се расипа) и сè си беше добро. По 10 дена користење, го оставив лаптопот вклучен и изглегов. Кога се вратив, осветленоста (brightness) на екранот се намалуваше и се зголемуваше исто како да го вадам и ставам полначот од лаптопот секоја секунда, а од полначот се слушаа звуци како чукање на рачен часовник. Го однесов во продавницата од каде што го купив, ми рекоја да одам до сервисот кој се наоѓа на Водњанска. Поради тоа што немав време, си отидов дома без поправен полнач. И другите денови не најдов време да одам до сервисот па пак отидов до продавницата. Откако му искоментирав на тоа колку лоша фирма се што додека не купиш нешто ќе ти го излижат газот, а во случај на дефект ќе ти речат „*би си матер сега, носи го до Водњанска“, девојчето што беше таму ме свати на некој начин па го зеде полначот да го предаде на сервисерите кога ќе дојдат, наместо јас да одам до таму. По 3-4 дена ми се јавија да ми кажат дека полначот е готов. Отидов да го земам, го уклучив таму на лице место, пак истото… Беше очигледно дека полначот воопшто не е ни отворен а камоли па сервисиран. Му кажав дека не е сервисиран. Ми го зедоа пак и ми рекоа ќе ми се јават. Ден денес ми се јавуваат за еден полнач. Бев во меѓувреме еднаш, но дечкото таму ми рече дека сеуште нема никаква информација. Најмногу што ме изнервира беа следните работи:
Додека да купиш нешто ќе ти се скапат лижење, а во случај на дефект те тераат ти да го носиш на сервис. Корисниците не се виновни доколку тие продаваат фалични компоненти па да го сносат товарот да одат до сервисот на Анхоч за еден полнач
Како воопшто би сервисирале полнач? За такви работи се знае: само нов полнач
Еве да речеме дека се сервисира. На гаранцијата пишуваше доколку не се во можност во рок од 20 дена по примањето да го сервисираат, треба да ми дадат нов
Безобразна, неквалитетна, трчај-лажи фирма
Dobro e sto ima diversity.Nekoj pisuva za pozitivni iskustva, nekoj za negativni.Za Anhoch ne znam sto da recam no so Setec ubavo im e samo na tie koi sakaat da se okozat. Dodusa ako odi preku firma mozebi I vredi cekanjeto ama barem da e navistina servisiran delot.Na onolku muftedzii vo Telekom, A1 I nivnite kooperanti, jasno deka ke se naogja sekogas po nekoj koj ili “ne znae” ili “e bolen” odnosno “samopovreduvac” zosto ne
im go tresnal kompjuterot/lap-top od glava na lice n
mesto.
@Игор
Моите барања не беа нереални. Самото тоа што ги опишувате како нереални говори за вашиот капацитет за почитување на туѓо мислење.
Сè што имам наведено во записот навистина и се случи. Немојте да ги релативизирате работите.
Ме навредивте и не излеговте во пресрет на моите барања.
“…После 40 минутни консултации со сервисерот, си заминав. Тој инсистираше да го оставам компјутерот и по 3 часа да дојдам да го земам, но јас едноставно немав толку време. Проблемот не ми беше решен…”
1. Да се разбереме сеа, дали имаш потпишано посебен договор со кој е договорен response-time помал од 40 минути при сервисирање на компјутерска опрема? Има фирми во Македонија кои ја нудат и таа услуга, нормално со посебен договор и паушално си плаќаш на годишна/две годишна или три годишна основа. Со тие пари, фирмата држи луѓе кои се спремни на готовос при евентуален проблем одма да рипнат на решавање.
2. Таа финтата со “ејјј оваа картица ти е рокната, неаме више такви на лагер, ова е веќе стар модел АМА со СИТНА доплата добиваш нова и боља” која ја практикуваат повеќето фирми кај нас во Македонија е ПРОТИВЗАКОНСКА. Законот за заштита на потрошувачи вика (парафразирам сеа): Во рок на толку и толку денови должен си да му ја поправиш опремата (во гарантен рок), доколку не успееш тогаш треба да ја замениш со опрема со исти карактеристики, доколку немаш таква тогаш без надокнада треба да му инсталираш опрема со приближно исти (но подобри) карактеристики. Инаку КОЈА е целта воопшто да даваш гаранција (ДА ГАРАНТИРАШ) кога неможеш да ја спроведеш истата, знаеме сите дека на една графичка картица просечен продажен век е 6-8 месеци, после една година нема шанси ИСТИОТ модел да го најдеш на рафтови по продавници а тешко дека продавниците ќе чуваат специјални залихи на картици само за да ја оддржат гаранцијата.
3. Тоа со викањето и отвореното прикажување нервоза кај вработените (на прием, рецепција, сервис и сл.) само укажува на нивото на професионализам кај вработените и фирмата. Сериозна фирма (која патем имплементирала ИСО стандарди во организација на работењето како што беше погоре кажано) треба да ИНВЕСТИРА во обука на своите вработени за работа со странки. Има агенции во Македонија (како “Мотива” на пример) кои ги нудат тие услуги (обука на вработени за работа со странки). Секогаш ќе има нервозни и раздразливи корисници, меѓутоа во никој случај вработениот НЕ СМЕЕ да го прави корисникот уште по нервозен и побесен. Во иднина погоре спомнатата фирма треба многу повеќе да обрне внимание при избор на соодветен кадар за тие работни места како и да инвестира во обука на кадрите за работа со клиенти.
Васко
Сте ја начекале Тања кога има ПМС, затоа и се накострешила. Инаку, и во „нормални“ денови знае да биде к’не….
Prosto i ednostavno ne mozat da svatat deka musterijata e sekogas vo pravo.
Dali ova go prijavi kaj nekoj od menadzerite nivni?
Apsolutno si vo pravo Cvetan, zashto vednash ne si pobarash nov polnac koga veke garancijata toa ti go dozvoluva? Za toa kolku shto znam ne mora da odish u servis, mozesh pak kaj devojceto vo prodavnica. I ushte neshto me maci: kako znaesh deka polnacot bil falicen? Jas ne sum ekspert ama imam slushnato deka momentalen prenapon (napon povisok od 220V) vo elektricnata mreza moze da ti go izgori polnacot, a ako si pomalku sreken, i baterijata na laptopot.
Pred izvesno vreme si kupiv novo PC od Anoch, na komponenti. Lugeto se soglasija da ispovrzat se besplatno i do sega se e vo red, fala bogu.
Jas imav slicno losho iskustvo pred 5 godini so druga firma. Nema da ja imenuvam sega bidejki beshe odamna a i ne mi e celta nikogo direktno da ocrnam ili napadnam. Insistiraa eden od poskapite LCD monitori na vremeto da mi go prodadat so mana, mrtvi pikseli, ama ne go prifativ toa. Cekav mozebi 5-6 saati vo salonot za da najdat monitor koj e vo red. Mozebi i nemashe da napravam tolkava fama dokolku ne se osetev potceneto shto sakaat da mi gi zemat krvavo zarabotenite pari za feler roba i da se odnesuvaat kako toa da e sosema vo red bez nikakva griza na sovest.
Mislam deka voopshto firmite vo Makedonija kako da gi nemaat klientot i dolgorocniot dobar odnos so nego vo fokus. Retki se firmite koi nudat dobra usluga i obicno zad niv stoi nekoj stranec. Nekogash koga ke otidam vo nekoja prodavnica se custvuvam kako jas da sum taa shto raboti za niv a ne tie za mene. Mislam deka ova e edna od pricinite zashto sme 20 godini vo tranzicija. Nikako da istranzitirame od sopstvenite naviki i ubeduvanja. Koregirajte me ako ne sum vo pravo.
@Anoch, twitter zaednicava ve stavi na zab, vi treba dobar PR ODMA:)))
јас спротивно од двајцата муштерии, во овие 11 години како купувам од Anhoch никогаш не сум имал проблеми со вработените. Секогаш биле љубезни и коректни, па дури и повеќе од услужливи. Единствен проблем што го имав со компјутерот беше со напојувањето после 6 години користење. Тоа ми беше сменето во рок од 1 час па дури добив и попуст. Можеби тајната е во тоа што се однесував културно и смирено. И малку не ми се јасни муабети од типот купувам 10 години кај нив и сега они не сакаат да ми го решат проблемот во истата секунда. Мене тоа ми звучи арогантно. А да не зборам за “ме мрзи да отидам до сервисот на водњанска“.
Досега сум работел на секакви компјутери и единствени фирми од кои сум немал проблем со компјутер биле Anhoch i Neocom. Можеби сега имаат нови вработени во Anhoch, стварно не знам. Последен пат на Водњанска бев пред 2 години, така да можеби се сменети работите, меѓутоа јас лично досега не сум добил подобра поддршка од нив. Компјутерите на местото каде што работев пред неколку години ни беа земени од Niko и АMC. Одете таму да видите што е услужливост. Како и да е ова е сепак само мој поглед на работите и мое досегашно искуство.
@Билјана
Значи за време на 10 дневно користење се појави тој дефект. Полначот не беше изгорен, работеше но кога го приклучуваш на струја правеше звуци како чукање од рачен часовник, а доколку се поврзеше на лаптопот, реагираше исто како да го ставам и да го вадам набрзина цело време (во оперативниот систем, ми излегуваа пораки дека е вклучен на полнач, па дека е на батерија и така во круг) Во Анхоч ми рекоа дека доколку се расипел во првите 48 часа, во тој случај се зема како неисправен фабрички. Но јас не би рекол така. Поради тоа што не се работи за струен удар (се разбирам и од тие работи ;) ) полначот е неисправен (не е изгорен, туку неисправен) и ваљда затоа ми го зедоа на сервис.
За тоа со фирмите, тотално си во право :)
Поздрав
@Борко
Не реков дека ме мрзи. Работата е тоа што јас лично немам време поради тоа што сум до 18 саат на работа, а и пред сè тоа не е моја работа. Да беше компјутер, би ошол до водњанска, али стварно не ми се исплати да се траштам за еден полнач. Туку целата фрка е во следново: кога веќе знаат добро да продадат нешто (патем ми збораа дека „полнач си е полнач, што може да му биде?“), барем и добро нека се постават кога истото е неисправно и да им излезат на пресрет на клиентите. Можеби тука не се виновни вработените што ги поставиле тука, но тоа не е наш проблем.
Поздрав
Не би сакал да го оптоварувам постов со повеќе коментари меѓутоа за крај уште еднаш кратко би одговорил на некои од претходните коментари…
@Cvetan
Кај нас во евиденција не постои случај каков што наведуваш и во моментов нема ниеден полнач што се води на сервис во нашиот сервис на Водњанска. Сепак, секогаш постои можност за грешка па доколку си сигурен во она што го наведуваш, т.е. дека имаш дадено полнач на сервис кој сеуште не ти е заменет или поправен во Анхоч, те молам да ме контактираш мене лично по е-маил за да утврдиме за што точно се работи.
@Гоце
Јас се извинувам доколку јас или некој од моите колеги те навредил. Од друга страна знам дека ти со својот однос навреди некого. Иако си купувач, сепак треба да ги следиш правилата на културно однесување и почит кон останатите.
@Васко
2. Сосема си во право дека никој неможе и несмее да го убедува купувачот да доплаќа во гарантниот рок за било каква замена / поправка или слично. Во сервисот на Анхоч комплетно го почитуваме ова правило. Проблемот настанува кога одредена компонента поради застареноста мора да помине одредено време да се сервисира или да се прати назад кај добавувачот и да се добие замена. Купувачите најчесто несакаат да чекаат повеќе денови, да речеме од 10-20 дена ( законски рок е 30 дена ) и самите бараат варијантата да ја надоградат и да го добијат системот назад веднаш без да чекаат подолго време на сервис (во кој случај расипаната компонента секако им се калкулира како исправна ). Меѓутоа, тоа е избор на купувачот а не на фирмата. Како што напишав во претходниот пост, на Гоце компјутерот му беше повеќе од итен и затоа беше спомната таа варијанта !
@BK
Точно, муштеријата е секогаш во право… што од друга страна не значи дека ти секогаш можеш да му излезеш во пресрет на неговите барања. На Гоце компјутерот , колку и да е он во право, јас неможев да му го средам за пократко време од тоа што му кажав.
Јас нема повеќе да коментирам… се надевам и мислам дека Гоце со време ќе свати каде згреши и дека ќе се видиме во следна прилика…
http://www.off-grid.net/2009/10/12/magniwork-scammers-unmasked/ ? Втор резултат за Игор Добрески ако го гуглате неговото име, herp derp…
@Игор
Значи вие од ваша страна немате грешка. Доброо… Тоа за мене е доволна гаранција дека уште еднаш сигурно нема да се видиме.
> Додека да купиш нешто ќе ти се скапат лижење, а во случај на дефект те тераат ти да го носиш на сервис.
Поради сосема истава причина и јас веќе не влегувам во Анхоч и никогаш не го спомнувам во добра контација.
Пред некој месец, купив gamebird кутија за хард диск во сабота во ГТЦ. Во вторник го вратив назад пошто не ми работеше. Воопшто не инсистирав да ми дадат нов туку само да го однесат на сервис.
Продавачот дрско ми рече „Па јас ли сакаш да искочам од работа за да ти го однесам, однеси си го сам на Водно во сервис“.
Ги прежалив 1500-те денари, отидов во СЕТ си купив нова кутија. Старата му ја оставив на дрскиот продавач да праи со нејзе што сака. Од тогаш не сум влегол во Анхоч.
Додека вака на веб доаѓаат лица од компанијата да се бранат себе си, наместо да му се извинат на муштеријата, во Македонија никогаш никаде нема да стигнеме.
Eee prijatele, ako ti si nezadovolen od uslugata vo Anhoch, togas podobro nosi si pistol so sebe koga ke treba da odis vo nekoi drugi firmi sega :)))
Anhoch, Никогаш ПОВЕЌЕ!
@Metodi, @новица веќе се снашол отидол во СЕТ си купил нова кутија! @Цветан останал до ден денес без полнач од Anhoch…. Цветане можеби ќе добиеш ,,К*Р” од Anhoch… сите вработени како една мајка да ги рагала…. БОГ ДА ЛУВА!
@Игор добрески
“муштеријата е секогаш во право” a toa go znam bidejki 4 godini rabotev so musterii vo firma vo USA, i da “vistina” e deka ne mozes da mu izlezes sekogas vo presret na musterijata, megutoa jas ke ti kazam deka mozes. Mnogupati firmata vo koja sto bev rabotese so zaguba megutoa musterijata bese zadovolen, mnogu pati za toj del sto bese raqsipan mu bese davan nov, poskap i pokvlaiteten bez nikakava doplata tokmu za toa, za da se izbegnat ovakvi raboti. Veruvam deka ako nekoj kupl graficka za 1000 denari vie ste ja kupile istata za 500, i dokolku treba taa da se smeni a vie ja nemate istata a imate poskapa, pa stavi mu ja poskapata, posto on vekje platil 1000 denari a vie poskapata ako ja prodavate da receme 1500 pak ne ste vo minus 500, denari bidejki garant i taa (pokapata) ste ja kupile po poniska cena i sl. (meguta musterijata ostanuva za naredniot pat) Mislam deka mi ja svakjate poentata.
A vo najlos slucaj ste mozele na Goce dokolku mu bilo hitno da mu go smenite delot privremeno da go popravite negoviot i posle da mu go smenite pak ili bilo sto….. Abe ima 1 000 000 raboti sto ste mozele da gi napravite osven da mu kazete “toa ne e mozno za tolku kratok period” ali toa e toa…..
Апсолутно точно!
Се гледа,кој излегол од Балкончево…
@Митко
Абе секоја чест на исклучоците што се вработени во Анхоч. Ама начинот на кој функционира фирмата и + тие неколку вработени шо се од иста мајка родени е проблемот тука. Па и ми ставиле таму некој си сертификат од Мајкрософт кој го имат најдено на Google Images (апла се познава дека не е сертификат), ни потпис ни печат на него.
@Игор
Само си ја предавате топката едни на други и се праите жртви тука. Таму па ми велат дека на сервис е полначот и чекат информации од таму и дека ќе ми јават обавезно. Така ми рекоа и првиот пат кога го оставив, па ни беше отворан, ни сервисиран ни ништо.
значи, муштеријата е секогаш во право. кога ќе ти дојде муштеријата, ти продавачу треба да си ги смкнеш гаќичките и да се наместиш да ти го даат таму кај што највише ќе те заболи, а не да се вадиш на таму некои интерни правила, демек отиди у сервис или што кој п*нис не измисливте уште. сношај на тоа фирмите… само т-мобајл се поштуе, таму идеш, зимаш бројче и пред да доеш на ред, културно си ги смкнуеш гаќите и се местиш да ти го опашаат, е тоа е фирма , а не анхоч-манхоч, сет-мет и незнам што ти уште не.
Grafickata bila vo red ja “probale” na 2-3-4- kompjuteri a kako toa kajmene ja probav na dvata kompjuteri i so razlicni driveri i uste nee vo red???
cao anhoch!
pa odnesi go kompjuterot i za den dva ako vidat ne ti pasuva ke ti gi vratat parite – glupak… a odma ako si fraer pa plati be bato…
ne se glupirajte podobar servis i pokulturni luge od anhoc nema, sledno ako tolku si frik po kompjuteri pa surfni mamu mu ebam na net da vidis dali tvojata graficka se pokazala kako funkcionalna so maticnata sto ja imas, ne site delovi na planetava funkcioniraat i se kompatibilni so se.
Vo potpolnost go poddrzuvam korisnikot. Nacinot po koj se odnesuvala madamata, pa i serviserot, ne e pravilen i korekten sprema klientot. Klientot e sekogas vo pravo. A i covekot si imal brza rabota. A vo slucajov… mislam deka greskata e vo firmata, a ne vo klientot.
cao anhoch i od mene.
другарчиња, вери френдли да ве прашам, па дали сте биле вие во друг салон, скраја да е – сервис можда……………………ми се чини дека имате романтични идеи за и.т. пазарот, пупупу – сервисот……. не ги кудам сервисиве повеќе тек онака, таму е тек шлајмот на таканаречениот пазар…
Класичен контра маркетинг (платен). :)
Среќа моја што сум по хардверот, и поткован со ДЕБЕЛО знаење и искуство. Сите проблеми со компјутерот си ги решавам сам, но кога ќе дојде до признавање гаранција, принуден сум да акам до фирмата од која сум го купил делот. За среќа, тоа ми се случило само неколку пати и не сум имал проблеми. Дали е тоа поради фактот што доста луѓе ме познаваат, и од сервиси и од продажба, па знаат дека не можат многу да ме ашкаат (да не речам – воопшто), не знам, но и не е толку битно.
Единствен проблем сум имал со една наша компанија (не е битно која), кога во рамките на едно списание тестирав SAMSUNG монитор (комбинација на монитор со ТВ тјунер). Го добив и вратив исправен, но по НЕДЕЛА ДЕНА, газдата на списанието ме повика кај него и ми рече дека од ИТ КОМПАНИЈАТА стигнала поплака дека постолјето на мониторот било целото испогребано. Секако, веднаш отидов на лице место во ИТ КОМПАНИЈАТА да видам…и што да видам – постолјето одозгора беше испогребано како да било бришано не со мека крпа, туку со остра шмиргла!
Неколку работи тука „засмрдеа“:
1. Кога земам на тестирање компоненти на кои не мора да се вади фолијата од куќиштето (монитор, на пример), јас истото и не го вадам, за да не се валка или огребе. Од тоа мое правило не одстапив ни тука.
2. За наводното гребење известуваат ПО ЕДНА НЕДЕЛА. Зошто не веднаш?
3. Зошто по приемот на робата назад (дадена на реверс за тестирање) веднаш не го погледнале-отвориле?
Се се сомневам дека постолјето некој од фирмата го заменил со друго, за вината од гребењето да ја свали на друг, во случајов на мене. За тоа поразговарав со газдата на списанието, и му ги предочив сите овие факти. Разбирам една, две, па и три поситни гребки, но БРАЗДИ – hello, па не сум ДЕБИЛ, бре, ебаве! Но исто така, не сум ни „плитка материца“ – прифатив, доколку нема друго решение, да си го купам мониторот. И онака ме бендисуваше, и тоа бааги, но поради тогашната цена од близу 400 Е сепак мислев купувањето да го одложам за понатаму, иако ќе добиев дилерска цена. Но, во овој случај, со оглед дека образот не ми е ѓон и дека човечкото достоинство нема да си го нарушам за 400 Е, макар што вината не е кај мене, решив да се ставам на трошок. Во пресрет ми излезе газдата на списанието, кој нешто договорил со ИТ КОМПАНИЈАТА, па ме „осободија од обвинение“ и ме „осудија условно“ :) во иднина враќањето на робата да биде пропратено со преглед на робата како при прием, така и при враќање, при што во реверсот да биде впишана состојбата на истата.
sum kupuval razni delovi za kompjuter skoro od site poznati prodavnici vo makedonija: amc, riversoft ,niko ,set ,anhoch.vo momentov i od cenite i od uslugata sum najzadovolen od set http://set.com.mk
i drzat asus delovi so stvarno niski ceni . asus e za mene naj zakon marka za pc. ne gi reklamiram
samo si go kazuvam mote iskustvo.
Купувачот е секогаш во право! тхе енд
И јас сакам да ти направам братче во сабота’ ама мајкати вика ” неможе мора да чекаш кога ке ми бидат плодни денови”.Поука: научи да застанеше во ред.
И мене ме насанка Анхоч. Имено, пред околу 2 недели, врз основа на нивниот оглас, купив 24 инчен АКАИ телевизор. Според рекламата, тој е FULL HD телевизор. НО, кога дома го уклучив, гледам воопшто не ги прима ХД сигналите, кои што инаку лесно ги примам со мојот основен телевизор. Според тоа, се прашувам, каков ХД телевизор е тоа а не прима ХД програми, кои според телекабел, чиј што сум претплатник, има 7 програми. Пред неколку дена бев усмено да се распрашам за причините за тоа во продавницата во која што го купив, но таму нешто мумлаа и не знаеја што да речат („Ние сме продавачи . . . “). По се изгледа дека во АНХОЧ рекалмираат Фул ХД телевизори, затоа што сега тоа се бара, а ти даваат 2-3 кила пластика и железо. Анхоч треба да биде санкциониран и од инспекцијата, затоа што лажно се рекамира, на штета на купувачите.
Malku me nasmea tvojot komentar ama toa e toa koga ne si informiran, pa zatoa ke ti odgovoram vaka:
Znaci ako e FULL HD…ne znaci deka ke mozess da gledass HD kanali
HD znaci High Definition i ja prikazuva rezolucijata na ekranot vo pikseli 1920 x 1080.
Za da mozes da gledass HD/digitalni kanali ti treba TVto da ima digitalen resiver, koj povekjeto novi modeli go imaat poradi digitalizacijata na signalot, pokraj analogniot koj e standard za site TV.
I slobodno mozess da im se vratiss da ti go zamenat TVto poradi toa sso ti prodale proizvod sso ne si go barala.(otvori zakon za zastita na potrossuvaci…se ke ti stane jasno)
а кој е муабетот да рекламираш ХД ТВ , што нема ХД тјунер – кој кого е.е тука – ако нечто си декларирал и не е така – треба пари да ти вратат и крај. Исто ко СЕТ КОМПЈУТЕРИ што прави – се лажи и превари од прво до последно
drug pat da si kupis tv od poznata marka a ne nekoj marki so nema slusnato nikoj vo makedonija ta i posiroko
izvini, kolku godinki imas, pa ne si slusnal za ‘akai’?
ova so ,,shankerkite,, na Vodnjanska stvarno bog da cuva, od telefon ne se simnuvaat pa deckoto non-stop mi se izvinuva, abe nemozam da dogovorem edna obicna ponuda od prva raka se treba da se javam za 5 minuti :)), shega nastrana sakam i jas malce da prokomentiram:
1.Veke 3 godini nanazad kupuvam sluzbeno od ANHOCH, dosega nigde neprifatia da plakame so faktura tuku site ni baraa prvo da platime so profaktura pa da gi zememe naracanite komponenti, duri se slucuvalo da nemoze nikoj od nasha strana da pojde da gi zeme pa oni ni gi dostavuvale besplatno do kaj nas.
2.,,Shankerkite,, se devojcinja (pardon gospogici) koi se fakultetsko obrazovani i se odlicno spremni da gi izvrshat svoite rabotni zadaci, nevidov nigde deka ima pijalok na shankot niti da oni drzat krpa za brishenje na shank i deka tocat alkohol, shankot gospodine e raboten pult koj sekoja dobrostoecka firma koja drzi do renometo za sebe go ima na vlezot na svojte izlozno prodazni saloni.
3.Do ,,neljubeznosta,, na vrabotenite mozam da vi kazam deka mene mi se desilo sprotivno, odnosno deka koga i da dojdam kaj niv sekogash se nasmeani duri ponekogash i ke se posheguvame na necija smetka dodeka gi cekam da se donesat delovite, a mozam da kazam deka se desilo da mi zamenat i veke predhodno kupeni (neotpakuvani) delovi koi nemi odgovaraat so soodvetni koj mi trebaat. A kolku covek da ima maka (a sum imal i jas losi denovi) nikogash nesum vlegnal so cel da se karam i raspravam so nekogo, pa duri i sum se nasmevnuval pa da vidite kako sogovornikot omeknuva i ve prifaka so fino, na kraj od kraistata pa vie zasto nasednuvate i se vpustate vo rasprava koga mozevte ednostavno da pobarate da go povikaat sefot i so nego da go resite problemot vo celost (zatoa se plateni shefovite da gi resavaat problemite). Ste imale sreka sto nemaat obezbeduvanje kako na primer t-mobile ili nekoja banka pa za usi da ve isfrlat nadvor.
4.Za univerzalniot polnac nemozam da komentiram sto imate pomegu vas i ANHOCH, no vi preporacuvam da si kupite ili ako moze so doplata da zemete od niv originalen za da ne vi se desi da vi izgori i laptopot, ako odgovarale univerzalnite polnaci togash i proizvoditelite ne bi pravele soodvetni tuku bi gi koristele istite. Toa ti e isto ako sofershajbnata vi e skrshena pa poeftina e onaa od pleksiglas nego od staklo, no vidlivosta vie poslaba i pomatna pa imate pogolema moznost za soobrkajka.
Blagodaram za otstapeniot prostor, gospoda na koj ne mu se svga mojot komentar moze slobodno da me pluka :)), pozz
Не ги обвинувајте луѓето безпотребно за вашето незнаење во врска со технологијата. Сервисерите ви се најмалку криви за некоја хадрверска грешка што вие сте ја направиле или пак грешка од произведителот. Ниту вие знаете која серија е расипана се додека пазарите !!!
Имам слично негативно искуство со апсолутно дрска рецепционерка и лажов продавач во ГТЦ.
Пред неколку недели отидов во ГТЦ за да купам комплетна нова ПС машина која ми е потребна за работа, т.е. да ја апдејтувам претходната која што веќе со години ја работев а ја земав од АМЦ (и сум апсолутно задоволен, не знам што ме натера да пробам овој пат со Анхоч). Дечкото таму го прашав неколку работи и за тие неколку работи бев излажан. Првото нешто кое го прашав е дали надворешниот хард диск кој сакам да го купам е со 7200 РПМ (или повисоко), тој ми одговори “Да, да“.
Го купив и испадна дека е со 5400 а не со 7200, така што сега ми е неупотреблив за работата која што ја работам а изискува надворешен хард диск со најмалку 7200 (revolutions per minute).
Друга лага што ја искусив таму се однесува на плаќањето. Го прашав тој дечкото во ГТЦ дали можам утре кога ќе одам да го подигнам компјутерот од сервисот (каде што го монтираат секој ново нарачан компјутер) да платам со картичка или морам да извадам пари и да уплатам кеш. Тој ми рече слободно со картица можеш да си уплатиш, ќе ти ја поминат и завршена работа.
Трета лага е лагата поврзана со попустот кој требаше да го добијам. Ми кажа и ми рачунаше (дечкото од ГТЦ) дека хард-дискот ќе ми биде со попуст исто како и компјутерот.
Е сега, утрето кога отидов да го подигнам компјутерот од сервис, налетав на рецепционерката со плавите очи (ако збориме за истата?!) која што беше ладна како сибирски камен и која почна дрско да разговара со мене како со човек што лаже застанувајќи на страна на колегата нејзин од ГТЦ. Му се јавија на дечкото и тој ѝ го кажа најспротивното од она што ми го кажа мене кога бев таму. Со други зборови, испаднав лажов јас а не тие. Чувството е грдо. Па нека производите им бидат најквалитетните на свет (што најверојатно и не се), љубезноста и искреноста е нешто што и тоа како им недостасува на сите во таа фирма.
Што значи, ми рекоа дека немам попуст на хард-дискот и дека треба да тркнам до банка и да извадам пари. Тука можеше за малку да се случи проблем, бидејќи беше ден пред Велигденските празници а јас инсистирав компјутерот да ми биде готов пред празниците (тоа ми беше услов за да го купам) затоа што морам да работам и луѓе зависат од проектите кои што треба да ги завршам токму на тие празници со тој нов компјутер.
Го фатив последниот воз пред да затворат и се заврши работата. Но искрено, кога дојдов дома и почнав да го отпакувам компјутерот се осетив долно како никогаш до сега во животот. Прашањето е дали им е тоа важно? Ако не им е, тогаш ги боли јојо за моите чувства како муштерија. Ако им е важно, нека се потрудат на секој нареден муштерија да не му го направат она што ми го направија мене. Без разлика дали им е важно или не им е важно, изгубиле еден муштерија, а ќе изгубат и други на кои ќе урлам наоколу за нивната услуга. Можеби ако вработат нови лица на местото на старите, фирмата ќе го врати изгубениот кредибилитет??!!
Да ви го раскажам и моето искуство пред да се зезне и некој друг:
Точно е тоа дека Анхоч продаваат фалични производи!
Купив Микро Сд Картичка од анхоч бидејки ги сметав за најдобра компанија,уредот не функционираше со неа,после многу тестирања со друга каричка,утврдив дека картичката не е во ред,
Се фино ми испечатија гаранција па се упатив во сервисот на Водњанска беа брзи за два дена добив одговор ја проверивме со програм во ред е работи а никако не сакаат да ја провериме на мобилен телефон(па за што е произведена за мобилен или за на компјутер за на програм) но не сакав да се расправам за мали пари.
Ги замолив да ми ја заменат(законски) не сакаат да слушнат или пак имале некоја пратка со дефекти картички па сега што може да продадат!
Се прашувам каде оди оваа компанија и што сака да постигне?
Уште една причина веќе никогаш да не влезам во нивните продавници.
bla bla bla blabla blabla blabla blabla blabla blabla bla
planirav da go posetam ANHOC ama posle ovie placenja ke si odam vo
Set kompjuteri
Па ок, еве и јас да напиша нешто. Немојте цела фирма да ја омаловажувате. Можеби донекаде сте во право. Морате да знаете дека во секое претпријатие можете да се пожалите кај нивните претпоставени. Што се однесува до мене, во неколку наврати имав порачки и вработените беа коректни према мене. Дури и на маил ми одговараат доколку имам некое прашање во врска со некој дел што сакам да го нарачам. Досега јас сум презадоволен од Анхоч и мислам и натаму да соработувам со нив. Цените им се најконкурентни на пазарот а палетат на производи исто така.
Do avtorot, kaj si videl … da odneses PC so defekt i da ti go sredat odma?! I na zapad nemas toa sho si go baral
Јас од АНХОЧ купив пред десет години 2 компјутери. Ми испродадоа вакви графицки-такви графицки и што уште не – дадов тогаш 1000 евра и ситно за 2 компјутери, за да после 2 дена користење сватам дека компјутерите за ништо не ги бива. И се вратив кај нив – а они почнаа да ме убедуваат како ова со она не било компатибилно…итн….И јас им викам па што ми го продадовте ако е некомпатибилно…..нејќеа пари да ми вратат бидејќи наводно компјутерите биле за мене спремани….и на крај од два – добив еден компјутер кој работеше некоја година и на крај го продадов пошто зашто…..
А за односот во АНХОЧ – а богами и по салоните ич не се зборува , одма ќе ти се опнат, како да си направил најголем грев што си влегол кај нив…..на Водњанска тие ти се на сите на господ бељата…и на сто луге до сега сум им рекол никад да не им влезат. И СЕТ КОМПЈУТЕРИ се исти – живи преваранти внатре се стари и користени работи ставаат од увоз од Холандија . Единствено сум задоволен од АМЦ – од нивните готови системи што ги има одма да ги земеш….и стално биле коректни во сервис ….а и продавачите им се екстра за да ти објаснат . И немој некоја да ми пише дека сум присрастен или слично затоа што е ова највистина .
Поздрав до сите
Цане
Najneprofesionalna firma so najneobucen kadar za odonsoi so mu[terii. Za edna tastatura na koja posle 10 dena i se vadat oznakite me [etaat po uvoznici. Znaci tastaturata e 450 denari bez DDV 380 denari, uvoznukot dal rabat i celata [teta [to bi ja izgubil ANHO: e 200 denari. Za 200 cirkus nevide, Ni[to podobar usoglasena igra i so uvoznikot Amaconet . Ova kolku da se znae. Jas vednas si kupiv nova tastatura DELL Makpetrol Top firma. Ovaa vo kontejner. Pzete na LENOVO.
Купувам со години во Анхоч, тв,лап топ, мобилни тел. се случувало некое да биде дефект, но сето тоа било сервисирано или заменето на време, на мое и нивно задоволство!
едно големо браво за фирмата и вработените!
Цени шмени, ако си жена или пензионер не влегувај во анхоч. Со брзина на светлината ти шиткаат нешто старо, нешто што им паѓало итн. Три пати купив годинава, три пати истото ми се случи. Треба да се расправаш со продавачот да му докажеш дека веќе знаеш што сакаш, зашто по дифолт во македонија ако си жена не се разбираш од технологија… ужас однос
Анхоч се една од најдобрите ИТ фирми во Македонија. Многупати имам правено нарачки од кај нив и никогаш сум немал проблеми. Луѓето се фини и секогаш љубезни. АМЦ отидоа во стечај и се виде кој бил преварантска фирма. Сетек се ОК, ама ова со цената на испорака (500 ден) е чисто безобразие.
Поевтина е испораката од Кина, отколку од Скопје.
За вработените во Anhoch – Битола можам да зборувам само во суперлатив: професионалци, секогаш расположени да објаснат и понудат производи според нашите барања и потреби, да дадат совет и да ги решат нашите проблеми веднаш, ефикасно и стручно.
Пред недела дена направив нарачка онлајн преку веб страната на анхоч. Платив со картичка се ок. Беше петок, До вторник немаше стигнато нарачката до мене, па ај се јавив да прашам и дечкото ми вели “Денес ќе ја пратиме по брза пошта’. Океј, среда ништо, се јавувам пак, типот ми вели као до крај на недела ќе стигне. Еве денес четврток, нема ништо. Неозбилност, непрофесионалност, неодговорност. Никогаш повеќе нема да ми текне да купам од таму.
Како компанија која работи со компјутерска техника скоро 30 год ОДГОВОРНО ТВРДИМЕ ДЕКА 25 ГОДИНИ СОРАБОТУВАМЕ СО АНХОЧ независно од процедурите и барањата на клиентите СЕКОГАШ АМА БАШ СЕКОКОГАШ вработените биле коректни професионални и услужливи а фирмата секогаш била ФЛЕКСИБИЛНА за многу многу работи. НЕМАМ ЗБОРОВИ ТУКУ САМО МОЖАМ ДА КАЖАМ
БРАВО ДЕЧКИ ТОООП СТЕ И НОРМАЛНО СО ДОБАР ЗБОР И РАЗБИРАЊЕ СЕ Е ВОЗМОЖНО