Барем јас, неколку пати досега имам „роварено“ по регистарот на Firefox, барајќи траги од додатоците што повеќе не ги користам.
Додатоците за Firefox најчесто оставаат траги во регистарот и по нивното бришење. Тоа се прави, за да се запомнат корисничките прилагодувања, па во случај додатокот во иднина да е реактивиран, истите да бидат прочитани, без да има потреба да се поставуваат отпочеток.
eCleaner е релативно нов додаток за Firefox, што автоматски ги пронаоѓа сите клучеви што ги имаат запишано додатоците во Firefox. Со тоа ви дозволува, со само еден клик да ги отстраните сите траги што ги оставил одреден додаток. Многу корисно!
Единствената забелешка што ја имам е што, eCleaner сè уште не може да ги прикаже само клучевите од избришаните додатоци.