Една работа никако да им стане јасна на сите „уметници“, инволвирани во проектот Скопје 2014.
„Уметниците“ се навредени и крајно изненадени, секогаш, кога некој новинар ќе се осуди да биде доволно дрзок и да го постави прашањето за хонорарот што го зеле, за да го произведат сопственото дело, за целите на проектот Скопје 2014. Се кочат, прават неартикулирани движења, се чешаат, превртуваат очи…
Не само што нема никаква причина за изненаденост, а уште помалку за навреденост, туку ценетите „уметници“ имаат обврска да ја соопштат вредноста на хонорарот, бидејќи него го добиваат од државни пари, од парите на јавноста, која инаку и сака да ја дознае бараната информација.
Дрскоста е во случајот на страната на „уметниците“, зашто упорно го драматизираат регуларното прашање и го сведуваат на домашно невоспитување или некултура.
Кога проектите би биле нарачани од приватна фирма, тогаш „уметниците“ „можат“ да изберат да се раководат од извесна политика за необјавување на тајни информации и да осудуваат за некултура. Но, во случајот со Скопје 2014 едноставно немаат избор.
Мислам дека граѓаните од Скопје се тотално збунети од ова однесување, па на моменти дури и го оправдуваат, со образложението дека „новинарите си го пикаат носот кадешто не им е работа“. Новинарите постојат за да „си го пикаат носот кадешто не им е работа“. Во изминативе неколку години, видовме што значи кога новинарите не го прават тоа – тотален колапс на системот, самоволие, корупциски скандали, непотизам до бескрај…
Па, почитувани сограѓани, пред да почнете со поделбите и да застанете на страната на „уметниците“ сетете се дека парите коишто тие ги добиваат како хонорар, се обезбедени преку даноците што сите ние ги плаќаме. Новинарите, какви такви, се вашите пријатели, па можете само да бидете благодарни што некои од нив се доволно храбри да му пркосат на самоволието на оваа нетранспарентна власт.
Во случајот со Скопје 2014, постои само една апсолутна вистина, а тоа е: проектот е профитабилен.
Дополнување: Овој напис не можете да го пронајдете со помош на Google бидејќи е цензуриран. Им благодарам на тие што го пријавиле како проблематичен, зашто со тоа дополнително му даваат на значење. Му благодарам и на Новица, што го објави овој запис и на неговиот блог.
Дискусија
Тој што сигурно има обврска да ги сподели информациите е јавната институција која ги доделува хонорарите.
Што се однесува до уметниците, ако доволно тесно го гледаме проблемот, тие немаат никаква вина за проектот Ск2014 доколку фер победиле на јавен натпревар. Гледано тесно, неможам (и не треба) да очекувам неопходно поголема свест од уметникот за политичките консеквенци на проектот.
Затоа, враќајќи се назад на прашањето за кое ти пишуваш, тенденцијата на новинарите да ги врзуваат уметниците со целокупниот проблем на Ск2014, за финансискиот и политичкиот скандал, е повеќе стратегија на удирање по послабиот.
Не ме разбирај погрешно – не го одобрувам молчењето на уметниците за нивните хонорари, посебно затоа што знаат дека ситуацијата е исполитизирана. Доколку си го кажат хонорарот, имаат повеќе шанси да не бидат асоцирани со проблемот на Ск2014 отколку ако молчат. Тоа е барем мое мислење.
Но таа информација може да се добие на друг начин. Вака, новинарите, многу повеќе отколку самите уметници, креираат впечаток на идеолошка соработка помеѓу организаторот на Ск2014 и изведувачите, што не мора да значи дека е така. За повеќето од нив, статуата или скулптурата била работа… малкумина од нив излегоа со коментари кои може да се толкуваат како политички.
Затоа, враќајќи се назад на прашањето за кое ти пишуваш, тенденцијата на новинарите да ги врзуваат уметниците со целокупниот проблем на Ск2014, за финансискиот и политичкиот скандал, е повеќе стратегија на удирање по послабиот.
За ова потполно се согласувам. Но, од друга страна јасно е и зошто новинарите се одлучуваат на таков потег. Едноставно немаат знаење и не се моќни, не се досетливи или пак креативни за да изнајдат други (поитри) начини за добивање одговори на важните прашања.
Плус, на кое прашање оваа власт знае да одговори без да етикетира, омаловажува и без да се повикува на исклучоци од хартија, на кои има право и ги користи?
Во секој случај, намерата би беше да го потенцирам јавниот карактер на информациите за вредноста на хонорарите, без оглед на начинот што е избран, за да се дојде до нив.
…едноставно е за секого кој може малку трезвено да анализира, што незначи дека јас сум трезвен или пак најпаметен, само вака јас ја употребувам логиката…ако тие „уметници“ се најдат во небрана и лоша ситуација не се колебаат да исфрлаат бројки, од смисолот толку и толку заработуваме…како граѓани од втор ред дали можеме да преживееме со „ххх“ средства и слично, а сега нормално кога се засркнаа од сумите (бидејќи претпоставувам се енормно големи) и самите знаат дека се нелогично огромни, нормално ќе ќутат и нема да ги кажуваат, ако намерата им била чесна ќе споменеа некоја сума барем приближна колку да дадат претстава, но не тие се докопаа до дел од погачата и знаат дека е тоа среќа од тип игла во сено па не ја кажуваат сумата на хонорарот….ете затоа во тоа гледам поврзаност и секако и тие уметниците не се согласуваат со тоа, затоа што да се согласуваа, ќе беа слободни да за таа сума и се борат, а не да ја озбораат без напади од типот „немате култура“ или „си го пикате ност во туѓи работи“ и сл….а вака бараат само оправдувања од типот навреди за прашувачот или новинарот кој само си ја врши својата професионалана должност….сега за сумата, судејќи по сумата за лавовите некаде 2 пати по 1.200.000 евра (ако точно сум слушнал), некако ќе испадне дека максимум добиле до 5%, ако не претеруваме да речеме дека џза хонорар добиле 10%, значи некако испаѓа 2.400.000 евра, 10% следствено 240.000 евра а 5% 120.000 евра, од оваа сума да одделиме за оние кои им го „дадоа „бизнисот““ отприлика едно 60% од сумата и сите давачки отпишани од споменатите суми некако ќе следува…ако е првата сума од 240.000 или 10% со сите одбивања мислам дека за уметниците останале добри максимални 80.000 ако не 100.000 евра или минимум 50.000 или точно 48.000 евра, ако е втората од 5% тогаш последниве бројки само ќе ги преполовиме, а тоа е мах. 40.000 или 50.000 евра или минимум 24.000 евра….и двете суми се енермно големи!!!!!…едноставно „уметниците“ нашле па зашле вели нашиот народец….сега нека дрпаат затоа што ваква шанса на заработка неверувам дека ќе имаат шанса да ја добијат и друг пат…поззз
П.С. …сето речено не е тенденциозно кон некоја страна или пак да се имало намера да навредам, едноставно сакав само да дадам придонес во расветлувањето на оваа тема, се надевам со мојава компликација не ја искомплицирав работата…и да секако ова е само мое размислување и ниеден податок или бројка не се официјално потврдени или некако видени па под велот на незнам ти што ги објавив во овој коментар, сето погоре е само размисла која незначи дека е точна…благодарам за одделеното време додека го читате овој коментар и секако благодарам на вниманието ако сте го посветиле…поззз
ili priblizno kolku i da sum prost i da ne gi razbiram tie raboti, komsijata koj sto e umetnik i tamu rabotese na nekoj od tie umetnicki raboti za 1 godina kupi BMW dzip i ducati motor, pa sea vidi i samite kolku fakjaat.