Направив резервација и одам да ги подигнам билетите за „Огнени јазици“ во НУ Драмски Театар – Скопје. Продавачот ми вели 560 денари. Му давам пари и чекам кусур. Ми враќа кусур и не ми дава фискална сметка. Му барам фискална сметка и прво ми дава изговори од типот: сега, само да не ми се смешаат парите (?!) и потоа ми ја даде сметката како да се брза. Ја земав и си заминав.
Подоцна, ги земам билетите за да видам која е цената на билет.
Не пишуваше, па земав да ја видам фискалната сметка. Не пишуваше, ни на фискалната.
Според тоа што беше напишано на фискалната сметка, јас сум купил ПРОБА во вредност од 560 денари. А, купив, два билети, секој претпоставувам со вредност од 280 денари.
Ете ви корупција, каде што најмалку треба да ја има.