„Операторите и ЗАМП не постигнаа договор за реемитување на неколку ТВ канали“ – ова соопштение го сфаќам како бегање од одговорност на операторите и обид за префрлување на вината на ЗАМП.
Како ќе беше оправдано себеиземањето на операторите?
Почитувани корисници Ве известуваме дека операторите и ЗАМП не постигнаа договор за реемитување на …
Бидејќи нема да бидеме во можност да продолжиме со реемитување на вкупно __ канали, а со тоа и ќе нудиме услуги со послаб квалитет, Ве известуваме дека ја намалуваме претплатата за услугата ____________________, за ___ денари.
Е, тогаш ќе ја сфатев искрената загриженост на операторите за (буџетот на) корисниците.