Земав учество на конкурсот „за изработка на идејно и изведбено решение за дизајн и изработка на визуелниот изглед на фестивалскиот плакат, каталог и останати пропратни рекламни материјали поврзани со фестивалот“ Браќа Манаки.

Ова е првпат како земам учество на локален натпревар за дизајн и задоволен сум како ја завршив својата работа. Сепак, не успеав да го освојам првото место, па проектот го завршувам со овој краток запис. Подолу, можете да го видите мојот дизајн за конкурсот.

poster

Не би сакал да се впуштам во било какви бесмислени коментари за квалитетот и организацијата на конкурсот, сепак морам да напоменам дека сè во врска со овој конкурс беше релативно. Инструкциите беа непрецизни, потребните материјали јавно недостапни, роковите за објавување на победниците беа произволни, непознато беше и стручното жири, победникот не беше јавно објавен итн.

Ги поддржувам сите наредни конкурси од овој тип и искрено се надевам дека во иднина ќе стануваат сè почести и сè подобри. Организаторите, за пример, можат да се послужат и со најбаналните натпревари на deviantART, за веќе за следниот конкурс да бидат поподготвени.