Како одминува времето, така сè повеќе слушаме за нови испади на нашата несреќна владеачка гарнитура. А и сигурен сум дека, како ќе наближува крајот на нивното владеење, така и притисокот сè повеќе ќе расте.
За мене е сосема оправдана загриженоста на жителите на жителите на селото Косоврасти. Не е воопшто тешко да се претпостави дека, зад фамозните испитувања што Владата „добродушно“ и самоиницијативно ги финансира, би можело да стојат нечии бизнис интереси. Впрочем, изненадување би било, такви интереси да нема.
Би сакал да искажам јавна поддршка за жителите на селото Косоврасти и јавно да го пофалам г-динот Реџо Муслиоски за својата храброст, во интервјуто за телевизијата А1, да ѝ се обрати на власта на достоинствен и граѓански начин. Дозволете и популарно да заклучам – Реџо Муслиоски е #mkwin!
Доколку не сте запознаени со проблемот со којшто се соочуваат жителите на дебарското село Косоврасти, информирајте се преку следниве неколку врски.
- А1: Селото Косоврасти заложник на трката по профит?
- Алфа: Косоврасти не го дава ридот
- Алфа: Жителите на Косоврасти со жив штит ќе го бранат селото
- Алфа: Бесими: Огласот за Косоврасти бил само за геолошки испитувања
- Канал 5: Долно Косоврасти со крв ќе го брани селскиот рид
- Канал 5: Жителите од Долно Косоврасти во министерството за економија, последен обид да го зачуваат ридот
- Сител: Бесими: Во Косоврасти и Старо Село се спроведува тендер за испитување, а не за експлоатација
- Телма: Жителите Косоврасти ќе го бранат со жив штит
Инаку, бидејќи МТВ „е сервис на граѓаните“, а не сервис на власта, според МТВ настанот со Косоврасти не се случил и проблемот не постои.
Тешко на вас, ако единствените вести што ги гледате во текот на денот, се оние на МТВ.