Неколку пати по ред сум забележал дека, кога дополнувам гориво на бензинската пумпа на Макпетрол на улица Бутелска (бензинска пумпа бр. 64), упорно ми ставаат гориво за неколку денари помалку од тоа што го плаќам. Денес, платив и дополнителни 50 дени повеќе од вообичаено.
Дополнувам гориво за 2.000 денари, вработеното лице ми става гориво за 1.997,3 денари и ми испорачува фискална сметка од 2.000 денари и 50 дени, наплатена преку дебитна картичка.
Каде и да дополнувам гориво на друго место, секогаш ми ставаат гориво за платената сума и плус неколку денари, во зависност од тоа колку е добар рефлексот на раката на вработеното лице. Дури и на други бензински пупми на Макпетрол, но не и на онаа на Бутелска.
И, еве ја математиката. Од 30 души по 3,2 денари, имаме безмалку „стоттче“ (96 денари), од 100 души – 320 денари (ете ја дневницата), од 300 – 960 денари итн.
А ќе си речеш, било случајно…
Дискусија
Zdravo,
Neznam kolku pati po red si staval na taa benzinska ali jas redovno stavam benzin tamu za suma od 1000 den i sekogash mi stava benzin za 1000.6. Zboruvam za od prilika 10 stavanja po red vo istata benzinska.
Jas imav drug problem so pumpacite. Koga stavaat benzin brzo stiskaat na rackata i bidejkji pumpine im se stari nema shnshi da registrira deka toj go prekinal tekot na gorivoto. Taka mi stiskaa po 3-4 pati i toa vo Benzinskata vo Avtokomanda i posle po moja presmetka mi faleshe okolu 1 litro benzin. Se karav so pumpacot i negovite argumenti bea deka go isteruval vozduhot.
Pozdrav te pratam redovno i samo napred.
http://novica.softver.org.mk/node/443
http://novica.softver.org.mk/node/564
:)
Па турај си на бензиски пумпи што се автоматски,како на пример – Лукоил. Таму „пумпашот“ само ја внесува сумата, пушта пиштолот и кога сумата ќе исполни сама си запира во дел од секунда.
Ќе те прашам едно просто “прашање”:
По ставањето гориво, како и од кого ја доби фискалната смета?
Фискална сметка ми дадоа на каса (нели, ставаш гориво и потоа влегуваш во објектот, за да платиш), а ми ја издаде вработено лице што беше задолжено за наплатување.
Те прашав оти моето искуство со бензиските на Макпетрол (надвор од Скопје) е што фискална не добивам, парите ги зема лицето што ми точи бензин, а ако побарам сметка, ме упатува внатре на касата. На Лукоил ова не е пракса, додека Макпетрол си работи “на тошо” во поглед на издавање фискални… се разбира, толерирано од сите можни инспекции одкако се воведе фискализација!
lele kolku prost narod imame vo drzavava pa ne e ni cudo sto vakvi luge izbirame za vodaci
jas stavam samo na makpetrol i sum prezadovolen od gorivoto samo treba sam da si zemes fiskalna smetka na kasata a se placa nadvor