Прашањето е: Како да извадам листа од сите постоечки додатоци за мојот профил во Firefox?
Постојат два одговори на ова прашање. Едниот е едноставен за основните корисници, другиот за понапредните.
Одговор за основни корисници
1. Кликнете на копчето „Firefox“ и изберете „Troubleshooting Information“ – „Информации за проблеми“ во Firefox на македонски. Доколку немате копче „Firefox“, опцијата „Troubleshooting Information“ ќе ја најдете во менито „Help“.

Пристапување до about:support или „Troubleshooting Information“ во Firefox 9.0.1
Ќе Ви се отвори нов таб со листа на корисни информации, меѓу кои се наоѓа и табела со информации за постоечките додатоци во Вашиот кориснички профил во Firefox.

about:support во Firefox 9.0.1
2. За да ја зачувате оваа страница во некој вообичаен формат, кликнете на копчето „Firefox“ и изберете „Save Page As…“ – „Сними ја страницата како…“ во Firefox на македонски.
3. Дополнително, изберете дали ќе запишете веб-страница или текстуална датотека на Вашиот диск.

Снимање на датотека во Firefox 9.0.1
Одговор за напредни корисници
Отворете нов таб и во адресната лента внесете „about:support“.

Пристапување до about:support во Firefox 9.0.1
Потоа самите одлучете што ќе правите со овие информации или пак погледнете ги чекорите 2. и 3. во Одговор за основни корисници.