Не ги сакам ни едните ни другите, ама ова што денес ми се случи несомнено ги става МТ во поповолна позиција. Се појави проблем со телефонската линија, па на секој завртен број се активираше пораката „Немате кредит за следните повикувања!“ иако станува збор за пост-пејд претплатнички број. За среќа, бројот за грижа за корисници е достапен без оглед на проблемите со линијата, па се јавив и пријавив за проблемот. Ми се јави љубезен господин, па бев префрлен на соодветната линија (без коментар дека сум се јавил на погрешно место) и потоа ми беше назначено да се прејавам за 1 час за информации, а ми беше земен мобилен телефон за контакт. Помина еден час, се јавив и ми рекоа дека проблемот е пријавен и дека се чека на соодветната општинска служба. Веднаш потоа добив повик на мобилен, па на фиксен, по што беше допрецизиран проблемот за по неколку минути истиот да биде решен, иако ми беше потенцирано дека решението нема да биде можно до понеделник. Не знам дали е среќна околност, меѓутоа задоволен сум. Од пријавувањето до решавањето на проблемот помина час и половина, што може да се толерира! Патем денот е сабота.
Чисто за илустрација, на 12 септември, со Он.нет склучив договор за префрлање од WADSL на Solo 101. Денес е 29 септември, уште чекам опрема, никој ме нема контактирано за ништо, на секое мое јавување добивам ист идиотски одговор „Има листи, кога ќе бидете на нив ќе ве контактираат!“, сè повеќе жалам што не си најдовр р’чка за да го раскинам проклетиот 2 годишен договор. Си реков ко божем за да скратам процедура, испадна ужас! Кога би имал шанса повторно да изберам, би ги избрал MT!
Дискусија
Еве нешто слично и од мене со лошата услуга на оннет. Во СК имав купено Wifi картица со PIN пред 4-5 месеци. Откако ја активирав, на ниту еден AP не можев да се поврзам и да ја користам картицата. Досега веројатно има истечено, whatsoever, се јавив во ОнНет на бројот за пријавување проблеми (нешто со ептен деветки беше). Ми се јави Ивица, вработен на службата. Типот пушеше цигара (се слушаше цицање и испуштање чад…знаеш како е некој на телефон да ти пуши цигара се осеќа латенција додека тргне и издува нели) со што и ја загубив предноста пред неговата цигара…како и да е, во тој момент имаа изминато 2 месеци откако ја купив картицата и, повеќе од инает, решив да си побарам рефонд. Ми беше кажано да ја однесам фискалната сметка и картичката па парите ќе ми бидат вратени. Фискална сметка? После 2 месеци :) лол се обидов да му објаснам дека речиси е невозможно некој да чува фискална сметка од пред 2 месеци, арно ама бев најсрдечно одбиен. Е тогаш го прашав како се вика типот пошто делуваше крајно некултурно, а работи во еден од најголемите ISP во МКД.
Со последните понуди на мтнет, многумина се пофалија дека телекомот се исправи многу повисоко од оннет.
А зошто не им го раскинеш договорот ?
Гарант врската не им е стабилна 99% од времето. Неспособни бастертс!
Можеби е време да прекинам со хејтерсково расположење, ама не можам, посилно е од мене!!! :))))
Пари за WiFi ОнНет никогаш не би вратиле, дури и коа би имал фискална сметка.Откако им приложив фискална, ми рекоа дека мистериозен хакер ми ја потрошил, и ми се јави Љупчеее (something – дебил, арогантен, невоспитан и без основна култура)да ми каже дека “неам, бе ја за шо да се бунам више”.
Потпишав договор со МТ и сега сум среќна као никоаш до сеа, или скоро исто ко првиот пат коа се снабдував со интернет од нив :Д
Барем да ми плаќаа за оваа анти ОнНет кампања што ја спроведувам :)
дали го пречекорија времето во договорот за инсталација?
без разлика пиши им едно писмо (не телефонски) и во писмото повикај се на твојот адвокат, позитивните законски прописи и фактот дека преминат е рокот од 2 недели за кое ти рекле дека ќе го добиеш интернетот и дека еднострано и неотповикливо го сметаш договорот за неважечки, од кој не произлегуваат никакви обврски од тебе кон нив. остај им мобилен на твојот адвокат и број минути за колку време ќе ти се јават да ти речат еве преку ред ќе ти инсталираме. ако си паметен ќе ги одбиеш.
Проблемот е што новиот анекс дава рок од 30 дена за испорака на хардвер. А тој рок сè уште не е надминат.
извини но не ве разбирам
опција а) – земи си АДСЛ одма
опција б) – потпиши обврзувачки договор и ќе ти дадеме АДСЛ нас кога ќе ни текне.
зошто побогу опција б???