Bandwidth throttling е намерно намалување на брзината на Интернет од страна на Интернет-провајдерот. Torrent throttling е кога тоа се прави единствено за сообраќајот, што се пренесува преку протоколот BitTorrent.

Во светот има голем број на Интернет-провајдери што го применуваат овој метод на интернет-контрола во име на т.н. борба против пиратеријата, но и заради некои други нивни причини. Ако ве интересира, прочитајте повеќе на Википедија.

Не знам за другите провајдери во Република Македонија, но изгледа дека Македонски Телеком „преминал на темната страна“ и вовел ригорозна контрола на брзината на преземање преку BitTorrent.

Од пријатели дознав дека намалувањето на брзината е активно секој ден од 8 до 23 часот, па решив да тестирам.

Најпрво, пуштив торент со голем број на сејачи и го оставив да поработи 20-тина минути. Максималната брзина што беше постигната, беше околу +160KBps. Во нормални околности, брзината треба да биде над 800KBps – претплатен сум на 3 Max Start.

telekom-torrent-throttling-qbittorrent

Преземање преку BitTorrent со брзина од +164KBps во qBittorrent

Потоа го исклучив qBittorrent, појдов на http://www.filehippo.com и одбрав пакет по случаен избор. Овој пат брзината на преземање беше +840KBps.

telekom-torrent-throttling-mozilla

Преземање преку HTTP од http://www.filehippo.com во Mozilla Firefox

Во услови на технички проблеми или нарушувања во рамките на мрежата на Македонски Tелеком (T-home), не би требало да постои разлика помеѓу овие две брзини.

По извесно време повторно го активирав истиот торент во qBittorrent и нешто пред 24 часот, брзината на преземање драстично скокна на +550KBps и продолжи да расте.

telekom-torrent-throttling-qbittorrent-bez-namaluvanje

Преземање преку BitTorrent без Torrent throttling во qBittorrent

Решив да ја тестирам брзината со уште еден торент, различен од претходниот, но за жал по само неколку минути брзината повторно се намали на +200KBps.

telekom-torrent-throttling-qbittorrent-namaluvanje-drug-torrent

Преземање преку BitTorrent со Torrent throttling во qBittorrent

Повторно појдов во Firefox и решив да го преземам истиот пакет од претходно. И овој пат брзината на преземање од http://www.filehippo.com беше +800KBps. Што, мислам дека е доволна потврда, дека се случува нешто сомнително.

telekom-torrent-throttling-firefox-bez-namaluvanje

Преземање преку HTTP од http://www.filehippo.com/ во Mozilla Firefox

Разбирам дека е можно да не може да се постигне максималната брзина на преземање за секој торент, но добро се сеќавам дека пред да се префрлам на 3 Max Start, речиси сите торенти постигнуваа брзина од околу 1MBps. Откако се префрлив ретко сум видел некој торент да постигне брзина од +800KBps.

Glasnost вели дека Македонски Телеком не практикува torrent throttling.

glasnost-makedonski-telekom

Резултат од тестирањето за Torrent throttling со тестот Glasnost на Max Planck Institute for Software Systems

ДОПОЛНУВАЊЕ: На страницата на MaxTV на Facebook, Natasa Petrusevska Grujoska поставила прашање во врска со ова.