На македонскиот пазар има очајна потреба од конкуренција во секторот за Интернет и комуникации. Да не речам, ни треба нов Он.нет.
Она што во моментов се случува во Македонски Телеком е за секаква критика. Компанијата како да подзаспала во својата слава. Грижата за корисниците е на мизерно ниво. Да не речам, ја нема.
Розовиот свет што го гледаме во рекламите на T-home, нема многу врска со реалноста.
Да имаш проблем со некоја од услугите на T-home и да сакаш да го решиш, во денешно време е огромен предизвик. Прво, на телефонските броеви за грижа за корисници те пречекува необучен кадар. Второ, кога ќе дојдат сервисери, да поправат одреден проблем со уредите на T-home во домот, тие повторно се необучени и големи се шансите да расипат уште нешто, наместо да го поправат постоечкиот проблем.
Скоро имав проблем со чести рестартирања на рутерот. Дури четири пати доаѓаа лица од Македонски Телеком за да го решат проблемот и секогаш решенијата, ако воопшто можат така да се наречат зашто се состоеа во чекање: „да видиме како рутерот ќе реагира“, траеа ден-два. На крај, ме советуваа сам да појдам и да го заменам рутерот со нов.
Кога се јавувам да пријавам проблем, очекувам да добијам решение. Не претпоставки, не можни алтернативи, не префрлање на вината. Не знам само колку пати операторите на 0800-12345 заклучија дека имам проблеми со нискиот напон и затоа ми се рестартирал рутерот. Демек, проблемот е во ЕВН. Се разбира дека тоа не беше случај, иако неретко и ЕВН може да те извади од кожа.
Недозволиво е да отвориш бесплатен телефонски број за грижа за корисници, што ќе биде зафатен 24 часа во денот, па уште и да бараш од корисниците да имаат разбирање за тоа и да бидат упорни! Изминатава недела, како и претходната, додека чекам да ми го мигрираат корисничкиот пакет, ниеднаш не успеав да остварам повик кон 0800-12345. Постојано беше зафатено, па се јавував на 171 и барав да бидам префрлен на 0800-12345. Така можело?! Кога конечно ќе бев префрлен и ќе ми се јавеше некој оператор (Дејан, Даниел…) фрустрациите стануваа уште поголеми, откако операторите ќе заклучеа дека кај нив е сè во ред и дека НЕ БИ ТРЕБАЛО да има проблем. Да спомнувам дека, самите оператори ме советуваа да го рестартирам рутерот додека разговарам телефонски со нив (што е еднакво на прекинат телефонски повик)?
Се јавувам на 171, ми кажуваат дека имам MaxTV. Ме префрлаат на 0800-12345 ми кажуваат дека MaxTV сè уште не ми е активирана. Е ај, сега.
Ова е многу слично со она што се случуваше во Он.нет на времето. Знаете, оној муабетот: „Да, знаеме. Проблемот е од наша страна. Екипите се на терен и работат на остранување на дефектот… не можам да ви кажам кога ќе биде отстранет дефектот.“
Да се разбереме, кога плаќам речиси 3,000 денари месечно за комуникациски услуги од Македонски Телеком, сакам до денарче да го добијам она за што плаќам. Ако не го добијам, сакам државата да ме заштити и да ја примора компанијата да го обезбеди тоа, што се обврзала да го продава.
Немам разбирање за изговори од типот: „би требало да немате никаков проблем“, „проблемот е од Ваша страна“, „екипите се на терен“, „заради структурни измени во нашата компанија…“ итн, итн. Не-мам!
Јасно ми е дека, сето тоа се случува заради катастрофалниот правен, па и судски систем во државава, благодарение на кој, компаниите можат да те третираат како ѓубре, без никаква одговорност. Можеш да тужиш, но зарем Македонски Телеком нема свои судии?
Државата мора под итно да најде начин да создаде механизми за контрола на квалитетот на услугите на компаниите што продаваат Интернет и комуникациски услуги.
Не е доволно што се демонстрира јавна заложба, преку Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Зошто? За да се пожалам до АЕК, треба прво да поднесам приговор до Македонски Телеком, да чекам одговор во рок од 15, па дури потоа да поднесам приговор до АЕК и повторно да чекам, за на крајот да ме пречека, што? Губење време?!
Зошто државата да чека од граѓаните да пријават неуслуга, кога државата во континуитет треба самата да ги открива натрапниците? Државата тоа не го прави со години. Всушност, не знам дали некогаш воопшто го правела. Но, еве можност да се корегира. Не сум луд што барам од државата да ме заштити, иако тоа за некого, може и така да изгледа.
Не знам што направи Он.нет на времето кога корисниците масовно мигрираа од Македонски Телеком, но очајно има потреба тоа да го направи некој нов или можеби постоечки Интернет-провајдер. Веројатно понуди непосредност, висок квалитет на услуги, ажурност и можеби љубезност, што не се претвора во лицемерие.
Јас бев еден од корисниците што се вратија на услугите на Македонски Телеком, кога пукна работата во Он.нет и оттогаш до последнава година бев презадоволен од услугите што ги добивав. Денес, не сум задоволен и сум разочаран.
Разочаран, зашто во Република Македонија сите големи компании се како тромави дебели животни што прават штета, а државата немо ги гледа.
Незадоволен, зашто знам колку е добро кога Македонски Телеком не ги препушта работите на случајности и дава сè од себе, за повторно да ја добие довербата на корисниците што, условно речено, повеќе не се негови.
Има ли способни луѓе во Македонија што можат да создадат телекомуникациски провајдер, што „ќе го утепа“ Македонски Телеком? Ако има, ги повикувам, да почнат да го прават тоа веднаш.
Дискусија
анархо-капитализам
Istiot problem so ruterot go imav i jas.Se javuvav na toj famozen 080012345 pet pati,ednas duri mi se ispraznija i bateriite od telefonot zatoa sto cekav pola saat.Dojdoa ednas i navodno go napravija.Nisto, pak isto,poveke nemam internet odkolku sto imam.Posle dvanaest dena mi pukna filmot i im se javiv.Im kazav ako ne go sredat problemot vo rok od dva dena ke go raskinam dogovorot i ke pustam E-mailovi do site vo T-Home, i vo RM i vo Ungarija a i vo Germanija so kakvi nesposbni lugje si imam rabota.Op odma dojdoa go smenija ruterot i eve si raboti normalno, odnosno onaka kako sto sum potpisal dogovor i si plakam navremeno. Mnogu sum nezadovolen i ako iskoci priblizno ista ponuda odma ke se prefrlam na drugata.
Nesto so vremeto na objavuvanje imate problem.Sega e 12 59
Фала Мики! Сега е во ред.
Искрено, скептик сум дека ќе има некое посебно поместување во понудата на интернет… во моментов, за услугите кои би ги сакал ти, инвестииците не се исплатат за да се појави нов играч. Посебно во Р.Македонија, кај што пазарот гравитира околу 500тче.
Што се однесува до бараната регулација – не сум сигурен дека тоа многу ќе помогне, afaik ти како корисник треба да си ги бараш правата според договорот за услугата – а доколку добиеме некоја нова регулација тоа дефинитивно највеќе ќе оди на штета на посакуваниот „нов играч“.
Телеком ти е најквалитетен (т.е. најмалку ќе те изневери кога ти е потребен) интернет провајдер кај нас, под услов да не ти шитнат заебан рутер и се разбира, високата цена да ти одговара. Не си прв, ниту последен, а проблемот е стар повеќе од година дена. Затоа јас не земав MaxTV, а поради сигуроносниот проблем со првите SpeedTouch рутери што ги делеа, си останав на верниот Linksys повржан со D-link модем. Во моето соседство се нудат поевтини алтернативи (Cabletel, Neocom деривати), но моите пријатели не се задоволни и сакаат да се вратат на Телеком… патем, ниту еден што го знам не е на ONE.
А за контрола на квалитет, појди прво од основните производи:
1. Водата во домовите, нејзината чистота.
2. Лебот со количество на Е адитиви.
3. Пастеризирано-хомогенизирано млеко со додаток на згуснувачи и Е ароми
4. Рафинирано масло и вода (емулзија)
5. Број на октани и чистота во нафтените деривати (дури Лукоил го намали квалитетот во одредени постојки)
6. Средства за заштита на растенија, проверка на веродостојност.
7. Детски играчки, забранети во ЕУ, без проверка кај нас.
И така натаму, и така натаму…. СИТЕ фирми кај нас се дебели животи, поради недостаток на озбилен QS/QA државен систем… во моментот, само драстичен пад во потрошувачка ги сигнализира за преиспитување!
Инаку, чисто информативно… во договорот / анексот за MaxTV, под „Операторот се обврзува:“ стои следново:
– доколку постои техничка можност на Корисникот да му ја обезбеди услугата, предмет на овој Анекс, во рок од 30 (триесет) дена, сметано од денот на вегување на сила на овој Анекс.
Со тоа Македонски Телеком си има оставено простор за маневрирање, да не речам има изговор, во случај работите да тргнат наопаку или пак да не е во можност да ја обезбеди услугата што ја продава.
Имам проблем со интернетот не знам што се случува ама по одредено време на работа на интернет снемува интернет 2- 3 мин и после пак си има а за тоа време кога нема на ком. интернет да уклучам од телефон си има не знам до што е приблемот ако знае некој ако имал некаков сличен проблем нека кажи иди екипа ама џабе кога ке дојда тие има интернет… ве молам помош некој ако знај нешто
imam problem so internet ,ve molam proverete sto e ,blagodaram
К А Т А С Т Р О Ф А МАX TV
Еден ден имам три дена немам интернет и телевизија а домашен телефон више две години немам
Монтерите викат не ти треба домашен телефон имаш мобилен се губел сигналот од домашниот и затоа не мора да имаш (а и поскапо било да се врти од домашниот телефон)
Можам да докажам дека корисник сум на нивните услуги од нивно постоење а од нивната услуга
Н И Ш Т ОООООООО
Добааар дееен!!! повелете вие сте на линијата за тех подршка на мак телеком
кој е вашиот тел број ахааа да господине од кај нас е се во ред ајде ќе пробам да ви го рестартирам сигналот па кажете како ќе биде и така на секој втор трет ден истото
а што е најтрагично поради конторола на квалитетот разговорот ќе бил снимен
Што значи јас можам да ги тужам ама проблемот е каде да се тужи кадија те куди кадија те тужи
А најголема трагедија е малку закасни со сметки или некој пакет не го одјави на време одма те исклучуваат ти земааат камати и ти го продолжуваат договорот без прдходна твоја консултација
А за поени од твојот клуб поени да не праеме воопшто муабет
АААААА !!!!!! ГОСПОДИНЕ ВАС ВИ ИЗМИНА ВАЖНОСТА НА ПОЕНИТЕ И НЕ ВИ СЛЕДУВА НИШТО ТУКА СМЕ НЕМОЌНИ И ТАКА ТОА до недоглед со МАКТЕЛЕКОМ
поздрав Антонио Тетово
dobar den , problemot kaj mene e vo toa sto mi go prodolzija ugovorot s T.home bez da me prasat mene a jas veke godina i pol ne ziveam tuka i sega sakav da odjavim brojot tie v t,mobil Tetovo mi rekoa deka e prodolzen ugovorot na uste 2 godini bez da mene obavestat , i sega ako sakam da prekinam ugovorot ke platim penali ot okolu 500 evra , kako da se odnosim ja so ovie da ne recam nekoia prosta rec , kade da se obratim ve molam za pomoc
eve vekje 1 cas go vrtim brojot 080012345 i nikoij ne se javuva , pa sto mislat ovie sega koga e takva kriza a oni nas zezaju , da ne dojde do nekoj pogolem problem ve molam za pomos
Telekom mk e kradliva kompanija nikogaš so kradlivci ne saKAM da imam rabota soEVN I TLEKOM MK BLAGO VAMA ŠTO KRADETE I NA VAS QE DOJDE KRAJ!