Модернизацијата на системот на услуги на компанијата EVN Македонија е последната голема глупост што помина премолчена од заспаните македонски новинари. Досега не сретнав некои посериозни реакции на оваа тема на блогосферава, па во продолжение ќе се обидам да објаснам зошто модернизацијата на EVN Македонија е државно одобрен грабеж.
Да почнам од најочигледните работи.
EVN Македонија:
- бара наплата за потрошена електрична енергија за месец што сè уште не се случил;
- ги пресметува крајните вредности на сметките за месец април врз основа на прогнози што никому не му се познати;
- бара разбирање од корисниците без нудење на некакви придобивки за нив;
- очекува корисниците да имаат разбирање за промените, зашто тие наводно ќе донесат подобра иднина, но никој не може со сигурност да каже дека подобрата иднина навистина ќе се случи.
Почнувајќи од тоа дека се бара наплата за непонудена и неискористена услуга, па сè до ветувањата за подобрувања на жими мајка, ова однесување на EVN Македонија како никогаш досега требаше да ја возбуди Владата на Република Македонија и да го радикализира нејзиното однесување кон оваа странска компанија. Барем уште еднаш да го слушневме Премиерот да нѝ каже дека „ЕВН е еден од најлошите странски инвеститори во Република Македонија“. Но, ништо од тоа не се случи. Нормално, нема ни во иднина да се случи.
Владата на Република Македонија преку државните компании ЕЛЕМ (Електрани на Македонија) и МЕПСО (Македонски електро-преносен систем оператор), остварува заработувачка од продажбата на електричната енергија која до крајните корисници ја дистрибуира EVN Македонија. И еве го штосот. Зошто Владата би се откажала од заработувачката, кога може истата да ја зголеми. Еве како тоа се прави.
Лани во месец април нашата сметка за електрична енергија изнесуваше 2,244 ден. На 7 април 2010 година, врз основа на прогнозите на EVN Македонија, добивме сметка за електрична енергија од 5,458.50 ден. Значи, за месец април, 2010, ние плаќаме 3,214.50 ден. повеќе. Во овој случај не ги земам во предвид поскапувањата на електричната енергија од (ми се чини) 11%.
Од само 50,000 семејства што условно би се нашле во слична позиција како нашето, од априлските сметки за електрична енергија, EVN Македонија заедно со ЕЛЕМ и МЕПСО, ќе заработи дополнителни 160,725,000 ден. или тоа се приближно 2,613,414€. Ако знаеме дека речиси 56% од заработувачката оди во ЕЛЕМ, тогаш слободно можеме да заклучиме дека ЕЛЕМ, а со тоа и државата, од разбирањето на нашиве 50,000 граѓани дополнително заработува речиси 1,463,511€. Од 500,000 вакви граѓани државата може да заработи 14,635,121€.
Државата како никогаш досега нема пари и како никогаш досега бескомпромисно и континуирано го намалува животниот стандард на граѓаните. Го сецира и онака скромниот месечен семеен буџет. Ако Владата на Република Македонија преку ЕЛЕМ го полни празниот буџет, тогаш дава школски пример на корупција и организиран криминал.
И така странува сосема јасно зошто треба и ние да покажеме разбирање за испадите на EVN Македонија. За неписмените кадри на Владата да можат да возат побесни џипови, да лудуваат со нив по распуканите улици, па потоа да ги напуштат родните грутки, да се стекнат со поголеми имоти во Скопје и на крајот да пукнат од храната што нема да можат да ја дојадат, а ќе имаат прилика како никогаш дотогаш. Тогаш ни крстот, ни знамето, ни верата, ни МПЦ нема да може да ги спаси.
Дискусија
Имате сметки за плаќање за струја која не сте ја потрошиле. Кој печали на Вашата мака. Welcome to EU. Оваа чувство на немоќност го имаат сите кои плаќаат сметки за струја и гас во Белгија, меѓу нив и јас. Добро е да знае населението што добива, а што губи со влез во ЕУ и НАТО. Electrabel во Белгија е држава во држава и врти милијарди а не милиони евра. Поздрав и благодарност што многу јасно ни ја изнесуваш ситуацијата.
“Пресметките ќе се однесуваат на отчитаните вредности за месец март и прогнозирани вредности за месец април. Фактурата за месец април, иако доставена однапред ќе биде со вообичаениот рок за плаќање до 15-ти мај 2010” (http://www.evn.com.mk/mk/presse/index90.asp)
Како и да се гледа работата, сепак на крај струјата што ќе ја платиш (т.е. претплатиш), ќе ја потрошиш.
Повеќе инфо за новата наплата имаш овдека http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=D3FF42F877014343863C4E0D9BCC3408&arc=1
Има уште еден текст во Дневник за новиот начин на наплата на ЕВН. Ќе проверам дали има и други случаи со повисоки сметки во април годинава во споредба со април минатата година. Па ако навистина има нешто ќе пишам текст. Позз
Штом видам текст во Дневник потпишан од Горан Ризаов, веднаш влегувам во мод на резервираност и будно критично размислување, затоа и не го постирав линкот до тој текст. Во него, пресот на ЕВН го користи за беспотребно плукање по државната компанија Македонски Пошти, тема што нема врска со новите измени на ЕВН. Сигурно Ризаов сметките во маркетите од над 1000 денари ги плаќа на цртка, по 3-4 месеци доцнење, што за него од овој текст е најнормално.
Во врска со ЕВН, неквалификувани работници им се сезонци примени по разни основи кои вршеа читање пред масовно да се воведат дигитално-оптички читачи на струјомерите. Се разбира, претходно вработените инкасатори (што ги наследија со купувањето, а посебно откако ВМРО дојде на власт 2006-та) беа отпуштени или пререспределени на други позиции во мини-минимален број. Затоа и тврдат дека бројот на вработените ќе им остане ист!
Епа длабоко грешиш. Ако си го читал доволно внимателно текстот ќе си видел дека Ризаов воопшто не плука по Македонски пошти туку тоа го прават ЕВН, Ризаов само пренесува. Се разбира, ако си читал внимателно ќе си видел дека има тоа многу врска затоа што Македонски пошти ќе ги доставуваат сметките во иднина. А, за плаќање сметки на цртка можеш да сонуваш ти, а Ризаов секогаш си плаќал и секогаш ќе плаќа колку што ќе му стигне есапот, без разлика дали во маркети или по пошта! Да беше барем малку непристрасен и ќе внимаваше што пишуваш како што внимава Ризаов. Значи, за Ризаов немаш право да кажеш ништо затоа што нит го знаеш нит го познаваш, а уште помалку внимаваш што пишува и покрај тоа што, нели наводно, ‘си ставен во мод на будно критичко размислување’. Тоа всушност ти е партиски мод на етикетирање без потреба. Затоа, ниту внимаваш што читаш, ниту што пишуваш. Башка, и текстот што си го постирал во линкот е на Горан Ризаов, само не е потпишан.
Голем поздрав пријателе,
Ризаов
Пиониру Ризаов, воопшто не помислив дека ќе ми реплицираш со ваков тап и егоистичен стил на изразување. Јас го изразувам мојот поглед кон твоите новинарски текстови, за разлика од тебе кој се брани со аргумент дека твоите текстови заслужуваат коментар од истомисленици или познаници. Ако имаш контра аргументи во врска со мојот коментар, напиши ги, не дозволувај да паднеш ниско со користење на провидна реверзибилна психологија!
Каде тоа, во твојот текст и во самиот прес, ЕВН плука по Македонски Пошти?
Штом не користиш цртка по маркетите, зошто си зачуден дека ЕВН ќе исклучува по една неплатена сметка?
И да, чудно за екоистичен човек како тебе да не се потпише под новинарски текст.