Прегледувајќи некои стари книги низ дома, случајно забележав дека имам еден македонски водич за акваристика. Го скенирав и решив да го споделам со сите на Интернет.
„Мојот прв аквариум“ е книжуле од 40 страници, со бројни совети за уредување на аквариуми, одгледување и размножување на аквариумски риби, нивна исхрана и можни заболувања. Било испечатено во само 100 примероци, веројатно како промотивно издание, што, претпоставувам, никогаш не стигнало да се печати во поголем тираж за продажба. Како и да било, благодарение на Интернет сега може да биде достапно за сите.
На книгата не е наведено на кој датум била објавена, но претпоставувам дека е од доцните деведесетти години.
Би сакал јавно да им се заблагодарам на Сашо Перчинков и Небојша Живковиќ, што своевремено дале придонес за популаризирање на акваристиката во Република Македонија.
ПРЕЗЕМАЊЕ: „Мојот прв аквариум“ – Сашо Перчинков, Небојша Живковиќ