Вечерва во 18 часот и 42 минути на домашниот телефонски број, татко ми, примил повик од бројот 02 3095-948 и бил директно и недвосмислено прашуван за кој градоначалник во општина Бутел би гласал – претпоставувам на локалните избори догодина.
После првото следувало и второ прашање, кое татко ми побарал да му го повторат, по што младиот човек од другата страна почнал да се извинува и брзо го прекинал повикот.
Според белите страници на Македонски Телеком, бројот е во сопственост на М-Проспект ДОО од Скопје. Па ако во иднина добиете повик од овој број – 02 3095-948 – знајте што ве чека.
Повеќе информации за ова друштво на Интернет, јас, не можев да најдам.
Дискусија
Тоа е фирмата во сопственост на партиските меурчиња Сашо Клековски и Владимир Мисев. Анкетата е правена по нарачка на ВМРО. Управител на М-Проспект е Марко Трошановски, скриен полтрон и послушник на ВМРО.