написи : аудио : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


FL Studio 8 воведе Ogg

Интересен податок. Со осмата верзија на популарниот аудио секвенцер (и многу повеќе од тоа) FL Studio, доаѓа можноста за директно извезување на сработените песни во отворениот Ogg аудио формат. Ова не е којзнае колку голем чекор, но сепак е за поздравување, иако лично сметам дека ќе имаше многу поголема смисла Image-Line да си го фатеа […]

Сподели бесплатни сервиси

Долго време се подготвувам да пишам за новите бесплатни сервиси со кои сум преокупиран периодов, ама што знам, сè некако на друго си ја трошам енергијата… не дека за ова треба да си билдер :) и не дека зборев за физичка сила ама ај… Периодов сум активен на Soundsnap – бесплатен сервис за споделување оригинални […]

"Amarok" за Windows

Всушност не буквално, ама ова е најблиску што може да се дојде под Windows, со оглед на тоа што Amarok не е достапен за него. Кога првпат се сретнав со Amarok паднав на сè што тој носи со себе и посакав барем во периодот додека ја правам миграцијата Windows-Linux, да има начин под Windows да […]

Mixxx 1.5

Open source одговорот на екстра комерцијалните софтверски апликации за DJ-и се вика Mixxx. Mixxx е првиот повеќе платформски open source миксер, наменет за аматерите, но исто така и за професионалните DJ-и. Располага со најголем дел од функциите на комерцијалните апликации така што нема многу пречки тој да стане достојна замена за скапите виртуелни DJ студија. […]

Ubuntu Studio

Во април, годинава нè чека уште едно иновативно издание од Ubuntu, за кое особено сум запален, зашто ме гаѓа во срце. Пред некое време реков како единствената причина зашто не сум на Линукс се апликациите за правење музика… епа Ubuntu Studio ќе биде одлична основа за да почнам со миграцијата. Ќе изобилува со корисни аудио/видео […]