написи : дизајн : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Моментот кога ќе најдеш свој дизајн на постер, на сајтот на Игор Иванов – Изи

Вчера, случајно го фатив режисерот Игор Иванов – Изи на Канал 103, како зборува за некои од неговите филмови. Ми текна да побарам некои информации за еден негов филм, па го посетив неговиот веб сајт. Разгледав наоколу и стигнав до секцијата за ТВ-реклами. Таму, за некоја реклама што Изи ја работел за фестивалот Браќа Манаки, […]

“OBEY”, на македонски “ПОКОРИ СЕ”

Направив адаптација на популарниот знак „OBEY“ на македонски. За преземање на дизајнот, повелете на Behance. Ок, архивата е всушност хостирана на Dropbox… Tие што не знаат што е финтата со „OBEY“, имаат филм за гледање: „They Live“ – John Carpenter.

Зошто кодирањето и дизајнирањето не (треба да) се работа на еден ист човек?

Се прашувате зошто кодирањето и дизајнирањето не (треба да) се работа на еден ист човек? Соодветно објаснување има во „Universal Principles of Design“ од William Lidwell, Kritina Holden и Jill Butler. Flexibility-Usability Tradeoff As the flexibility of a system increases, the usability of the system decreases. The flexibility-usability tradeoff is related to the well-known maxim, […]

Слободен софтвер Македонија на тапет

По неколку-неделно експериментирање, со задоволство ви го претставувам мојот најнов проект, поврзан со одбележувањето на десетгодишнината од основањето на Слободен софтвер Македонија. Откако успешно ја завршивме работата со логото за хаклабот КИКА, време е за освежување на нашите работни површини! :) Ви ја претставувам „Слободен софтвер Македонија на тапет“ – позадина за Слободен софтвер Македонија, […]

Официјално лого на скопскиот хаклаб КИКА

После многубројните предлог-дизајни и консултации, најголем дел од членовите на хаклабот КИКА одлучија предлогот 3-2, да биде официјално лого на хаклабот. Па, еве го официјалното лого на КИКА – во SVG-формат – достапно под лиценцата Creative Commons НаведиИзвор-СподелиПодИстиУслови 3.0 Unported (CC BY-SA 3.0). Преземањето е достапно преку мојот профил на Dropbox, но добро би било, […]

Предлог-симбол за скопскиот хаклаб КИКА

Првин твитнав, па подоцна се сетив дека можеби посоодветно ќе беше да пишам напис… Денес во „Песната стопан нема“, Игор и Арангел спомнаа дека ќе правеле некои стикери за КИКА и дека е потребно да се изработи официјално лого за хаклабот. Подолу е симболот што го предлагам јас, инаку инспириран од симболот на Helsinki Hacklab. […]

Гласам за балонче: постер за конкурсот „Зошто гласам?“

„Гласам за балонче“ е мојот постер за конкурсот „Зошто гласам?“. Ако ви се допаѓа, би ви бил многу благодарен доколку гласате за него со „лајк“ на Facebook. Задолжително погледнете ги и другите дизајни, зашто има навистина интересни идеи. Но, има и такви што се заникаде. Вообичаено за гласање спроведено преку Facebook, некои од тие дизајни […]