написи : игри : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Diablo 3

Ај лав Blizzard! На големо, го најавија третото продолжение од култната PC игра Diablo. Како и за Starcraft II, така и за Diablo 3 сè уште нема предодреден датум за официјална промоција, но ќе бидам слободен да кажам дека лично јас очекувам тоа да се случи некаде пред самиот крај на 2008, да не речам […]

Crysis

Не можам да останам рамнодушен на еуфоријата Crysis, иако е веќе ужасно доцна повторно да се крева прашина за нешто од кое сите се загушиле. Во продолжение нема да зборувам како за софтвер со отворен или со затворен код, за неговата цена, за неговата комерцијалност итн… Сакам на Crysis да гледам како на нова реалност […]

Unreal Tournament 3 е ИГРИШТЕ!

Сè некако си мислев дека играва ќе разочара, ама грешка сум бил. Игрива е до бесконечност, убава е за гледање, беспрекорно е стабилна и што е најинтересно во иднина ќе има клиент и за ГНУ/Линукс. Едвај чекам да видам какво искуство ќе биде тоа. Извадив некое сликче колку да не биде штуро. Сликите се извадени […]

Се подготвува Starcraft 2

Велат направиле подобар енџин, за спектакурана графика и масивни армии… нудат вчудоневидувачка single player кампања… ќе ја вратат магијата на оригиналната игра… Официјалниот веб сајт е функционален, полн е со скриншотови и со два официјални промотивни видео материјали. Апдејт: Еве ги видеата што Blizzard сè уште не ги хостираат на официјалниот веб сајт. А еве […]

Battlefield: Bad Company

Не знам дали е до текстурите, ама ова е ептен реалистично. Се работи за игра во изработка, најавена како акција од прво лице. Повеќе информации на Википедија. Скриншотовиве се земени на PlayStation 3, a има и трејлер (од Xbox 360). Уште подобро е што тој е навистина забавен. Не треба да се напоменува дека ова […]