написи : книги : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Книги со поими – Миланка и Лазо Средановиќ, 1983 г.

Расчистувајќи низ подрум, најдов две интересни илустрирани детски сликовници од 1983 година, од првото издание „Книги со поими“ на Душанка Кољевиќ, Славојка Блечиќ и Томислав Ракочевиќ, а илустрирано од Миланка и Лазо Средановиќ. Уредник и стручно мислење: Војин Анчиќ. Заедничко издание: ИРО „Вук Караџиќ“ – Белград, НИШРО „Дневник“ – Нови Сад и НИШРО Вараждин. За […]

Џиновска сликовница „АБВ“ – Дарко Марковиќ, Оливера Николова, Скопје 1987

Кога јас бев дете, многу популарна беше „Бушава Азбука“ и сѐ што доаѓаше со неа. Дарко Марковиќ и Оливера Николова своевремено имаат изработено фантастична илустрирана џиновска сликовница „АБВ“, којашто се плашам дека речиси сигурно оди во заборав. За тоа да не се случи набрзо, еве ја во прилог на овој напис за слободно прегледување, а […]

The Macedonian Economy – NIP Nova Makedonija, 1970

Средувајќи стари работи низ дома, случајно најдов една книга за македонската економија во 70-тите години од минатиот век — The Macedonian Economy. Книгата е издание на НИП Нова Македонија од повеќе автори. Oбјавена e со содржина на англиски и на руски јазик. Во краткиот вовед стои: This publication provides information about the Macedonian economy as […]

Зошто кодирањето и дизајнирањето не (треба да) се работа на еден ист човек?

Се прашувате зошто кодирањето и дизајнирањето не (треба да) се работа на еден ист човек? Соодветно објаснување има во „Universal Principles of Design“ од William Lidwell, Kritina Holden и Jill Butler. Flexibility-Usability Tradeoff As the flexibility of a system increases, the usability of the system decreases. The flexibility-usability tradeoff is related to the well-known maxim, […]

Книги за Illustrator и WordPress со текстови од Гоце Митевски

„Mastering Illustrator“ и „Useful Tricks and Techniques for WordPress“ се книги од Smashing Magazine во кои можете да најдете мои текстови. Книгите станале достапни за читање преку Google Books, па поводот за овој краток напис е токму тоа. Во „Mastering Illustrator“ имам пишувано за изработка на графикони со Adobe Illustrator – „Creating Graphs With Adobe […]

Мојот прв аквариум – Сашо Перчинков и Небојша Живковиќ

Прегледувајќи некои стари книги низ дома, случајно забележав дека имам еден македонски водич за акваристика. Го скенирав и решив да го споделам со сите на Интернет. „Мојот прв аквариум“ е книжуле од 40 страници, со бројни совети за уредување на аквариуми, одгледување и размножување на аквариумски риби, нивна исхрана и можни заболувања. Било испечатено во […]

Не постои добро влијание

„Зашто да влијаеш врз човек значи да му ја дадеш својата душа. Тој не ги мисли своите природни мисли, ниту гори со своите природни страсти. Неговите доблести за него не се вистински. Неговите гревови, ако постои такво нешто како грев, се позајмени. Тој станува ехо на нечија туѓа музика, актер во улога која не е […]